- Член од
- 17 јануари 2009
- Мислења
- 2.814
- Поени од реакции
- 4.667
Не знам колку од гадотииве што се случуваат во државава можеме да ги припишеме на глупоста.
Всушност, глупоста, кога станува збор за широки популации воопшто не е ретка, напротив. Уште повеќе, најбројниот дел од човештвото се вбројува во она што го нарекуваме просечно интелигентна раја, што најчесто подразбира луѓе со интелигенција која е само чекор пред потпросечната (невработен турбофолк фанатик кој не пропуштил ниедна епизода од индиските или турските серии, кој едвај завршил средно, но кој се смета себеси за повеќе од компетентен за се што може да ви текне во моментов - од нуклеарна физика и хирургија, преку спорт и политика до уметност и архитектура). Со оваа категорија луѓе неверојатно лесно може да се манипулира, посебно поради тоа што таа се однесува како стадо овци со колективна меморија на златна рипка која ќе го следи секој што ќе се нафати да води, па нека е и глувонем слепец со пречки во психичкиот развој.
Нејзиниот начин на живеење, вредностите, вкусот, навиките можат да бидат радикално (ре)формирани во текот на долгогодишните општествени, економски, политички, криминални (кој како сака си ги нарекува
) промени и процеси. Можат да бидат и намерно пре/насочувани и пре/создавани, што неретко и не толку замаскирано се прави.
Мислам дека ние си имаме, покрај глупоста (која на Балканов е, горе-долу иста) други, исто толку сериозни проблеми.
Луѓето се обесхрабрени, апатични, разочарани. Заложници се на начинот на живот во „стадото“, во кое се принудени да функционираат и да се прилагодуваат. Критичната маса е или недоволно заинтересирана или е премалубројна да преземе нешто, па си оди од државата, или се претопува во мизеријата на стадото. Имам впечаток дека и тие што не се глупи, мора да се однесуваат како глупаци, за да поминат неказнето и да не бидат отфрлени како црни овци. Но, долготрајното глупирање си има трајни последици.