Колку сме глупи како народ?

  • Креатор на темата Креатор на темата DBack
  • Време на започнување Време на започнување
Жив и здрав биди ми чичко Анчо уште 100 години да живејш.
 
Не знам дали терминот глупав народ е оној правилниот кој би го искористила за да го опишам овој народ. Ама еве ќе одам со поблагата варијанта- неинформиран, незаинтересиран, лесен за манипулирање. Огрооомеен дел од населението не ги знае своите обврски а уште помалце своите права. Еве баш денес ја читав онаа тема за законот за потрошувачи. Една анкета да се спроведе гарант преку 90% ќе одговорат дека не знаеле дека можат да вратат некој производ и истиот да им се замени или вратат парите. Ова само како пример. Да не збориме колку работниците не го знаат законот за работни односи. Колку само права им се ускратени на недоволно информираните и како фино некој профитира од тоа. Народот мисли дека е кул да не се занимава со политика и закони и се додека владее такво размислување државата ќе ни ја водат хоштаплери и нема да им се плашат на овчичките во нивното стадо. Се додека овој народ не научи да размислува со своја глава и да не купува се што му се сервира по квази-медиумите ние нема да мрднеме од мртва точка. Ќе си останеме со мисла "Ќути има и полошо" и "Подобро да си ќутиме да не останеме и без ова" и све така среќно до крајот на животот. И после некој друг ни е крив. Страдалници за навек.:facepalm:
 
Не мислам дека „ сме глупи како народ “. Зошто би биле глупи?
Се вели: Господ бил праведен само кога делел памет. На некој дал премалку пари.... Други се жалат дека дека немаат здравје... Трети дека немаат среќа.... Четврти.....
Но никој не се жали дека нема памет!
Ова важи и за народ
 
@Смрт за зони и пајак воз. има и една друга; Господ ко давал некаде давал, а ко некаде ко земал...[DOUBLEPOST=1410653049][/DOUBLEPOST]
Ама еве ќе одам со поблагата варијанта- неинформиран, незаинтересиран, лесен за манипулирање. Огрооомеен дел од населението не ги знае своите обврски а уште помалце своите права.

Ова треба да е како key words, главни особни.
 
Недоволно. Може и повеќе. Имаме потенцијал за уште повеќе. Треба само да помине уште малку време. Кој сватил дека треба да си најде резервна држава, сватил. Кој не, јака му душа.
Изгледаш како човек кој со свои очи го видел тоа ,,повеќе,,. :icon_lol: Можам само да си замислам како било.[DOUBLEPOST=1410678644][/DOUBLEPOST]Бај д веј прочитав бајаги од мислењата во темава и ми се чини како барање изговор. Она во што сме најдобри нели, човечки е да заебеш работа, а уште почовечки е крив да ти е друг. Во случајов некој рандом сограѓанин или група сограѓани кои ги нарекуваш глуп.
Се нешто некој им е крив на дечињава, де народот, де политичарите, де постарите генерации што не се кренале против некого. А да ги прашаш што тие направиле да им биде подобро во животот креваат раменици. Нели не можеле да претнат, не им давале политичарите, не им давале глупите во нивното опкружување. Ма немој мољим ти се. Најлесно е да се бараат изговори.
 
Последно уредено:
Glupi sigurno ne, mrzlivi pa 100%. Socijalizmot ostavi trajni posledici sto ke traat so godini. Narodot e naucen deka ne treba nisto da raboti i deka drzavata treba sve da mu dade na tacna. Ovaa maka si ja imaat site bivsi komunisticki drzavi.
 
Побарај фотографии на Македонија од 1930 сетите и после гледај на пример 30-40 години подоцна, се изградија патишта, пруги, фабрики, мостови тунели, системи на канали за наводнување термоцентрали хидроцентрали, згради, населби... Од александар до 1945 не е градено колку од 1945 до 1990. Во 60 сети, 70 десети, 80 десети, беше популарно да одиш на работничка акција. Замисли млади деца кои се пријавуваат да одат на лето и работаат негде да градат пат, насип, пробиваат тунел.... и тоа беслатно. Сега прашај некој млад да ти помогне дрва да прибериш во визба ќе ти побара пари. Не е мрзливост во прашање, повеќе мава на рамнодушност, безнадежност и разочарување
 
ВМРО-ДПМНЕ: Намалениот број ученици е директна последица од погрешните политики на СДСМ во минатото
http://aktuelno24.mk/vmro-dpmne-nam...a-od-pogreshnite-politiki-na-sdsm-vo-minatoto
Ова е како пример, инаку има многу други ситуации како оваа каде се оди на девизата "Дрште лопова"
Не сме глупи како народ, егоистични сме секој гледа за себе, битно мене и мојата фамилија да и е арно, за другите нека му ја мислат они. Ваквото размислување што е најлошо, најмногу го практикуваат тие што треба да мислат за сите т.е политичарите и скоро секогаш наместо да ги решаваат постоечките проблеми тие гледаат кој ги предизвикал и тој и тој бил крив (како во горе наведениот текст) и си играат пинг понг со народот, кој ги гледа нив како спасители, не затоа што се спасители туку затоа што самите се претставуваат како спасители, бидејќи таква е колективната свест уште од комунистичкото. Сум слушнал мислење од постари луѓе, Заводот за вработување на времето бил институција, одма ти наоѓале работа.
Скоро сите паметни си заминуваат или ќе заминат т.е луѓето што може утре да сменат нешто и остануваат неуките и мал број на паметни луѓе. Ако најдете статистика за плата ќе видете плата над 500Е земаат околку 9-10.000 луѓе, не дека овие луѓе се паметни, ама само на тие им е троа поубаво и може да гласаат спротивно.
 
Како глупави бе нај паметен народ сме во вселенава а може и пошироко.Сите сме селектори, доктори, мајстори, молери.....хејтери, мејтери, скејтери, педери, ропаци...-надополни по желба...
 
Како глупави бе нај паметен народ сме во вселенава а може и пошироко.Сите сме селектори, доктори, мајстори, молери.....хејтери, мејтери, скејтери, педери, ропаци...-надополни по желба...
Ама само на муабет сме останати
 
Побарај фотографии на Македонија од 1930 сетите и после гледај на пример 30-40 години подоцна, се изградија патишта, пруги, фабрики, мостови тунели, системи на канали за наводнување термоцентрали хидроцентрали, згради, населби... Од александар до 1945 не е градено колку од 1945 до 1990. Во 60 сети, 70 десети, 80 десети, беше популарно да одиш на работничка акција. Замисли млади деца кои се пријавуваат да одат на лето и работаат негде да градат пат, насип, пробиваат тунел.... и тоа беслатно. Сега прашај некој млад да ти помогне дрва да прибериш во визба ќе ти побара пари. Не е мрзливост во прашање, повеќе мава на рамнодушност, безнадежност и разочарување
Не баш. Денес е срамота да работиш. Да си млад и да те видат денес како растовараш дрва стави му крст на социјалниот живот. Подобро затвор да одиш него да те разберат дека работиш. 90% од луѓето утре на улица ни здраво нема да ти велат, ќе нема со кого на кафе да излезиш.
Такви авантури затоа е најбезбедно надвор некаде каде никој не те познава, растоварај колку ти душа сака, само да не се замарашш со снобизмот на врскаџиите.
 
Во македонија повеќе од 30% се сиромашни, можеби уште 50 посто живеат на раб на сиромаштија, тие на кој ќе му се урне социјалниот статус ако го видат како цепи дрва се мал процент кои и не живее во улици каде има комшии кои цепат или редат дрва, си се угнездени тие во елитни населби.
 
Едно е статистика. Кога ќе видиш сите на кафе излезени, сите со патики од 100 евра, сите возат коли кои коштаат барем 3000 евра, а литро бензин кошта колку 4 леба.
Сепак темава е за глупавост. Денес за глуапав те рачунаат ако работиш. На моите другари кога ќе се најдеме и понекогаш кога ќе ми се испушти да кажам што и колку сум работел и учел сите ми викаат ти си будала или глуп. А другариве т.е. познанициве воопшто не живеат во елитни населби ниту пак се некакви богаташи. Обични луѓе се, на повеќето мајка им рмба за 8000, битно тие на кафе редовни сеир да фаќаат за секого. И чекаат место во општина, ама сите од прв до последен, се надеваат дека ќе влезат во општина еден ден, а дотогаш истата песна.
Елитните воопшто не се мешаат со обична багра, тие си се дружат меѓу себе, одат во Грција, Дубаи или која и да е дестинација, најчесто се сместени во станови во Скопје иако често не се по потекло до Скопје. Битно во Скопје се бидејчи исто како што е срамота да работиш, срамота е да си во Пецчево, Струга, Ресен...
 
Не баш. Денес е срамота да работиш. Да си млад и да те видат денес како растовараш дрва стави му крст на социјалниот живот. Подобро затвор да одиш него да те разберат дека работиш. 90% од луѓето утре на улица ни здраво нема да ти велат, ќе нема со кого на кафе да излезиш.
Такви авантури затоа е најбезбедно надвор некаде каде никој не те познава, растоварај колку ти душа сака, само да не се замарашш со снобизмот на врскаџиите.
Haha, ne daj boze da te vidat so rabotna obleka ili uste poloso vo nekoe gradiliste. Pravo metak u glava ke treba da si stavis.
:pos::icon_mrgr:[DOUBLEPOST=1410682545][/DOUBLEPOST]
Едно е статистика. Кога ќе видиш сите на кафе излезени, сите со патики од 100 евра, сите возат коли кои коштаат барем 3000 евра, а литро бензин кошта колку 4 леба.
Сепак темава е за глупавост. Денес за глуапав те рачунаат ако работиш. На моите другари кога ќе се најдеме и понекогаш кога ќе ми се испушти да кажам што и колку сум работел и учел сите ми викаат ти си будала или глуп. А другариве т.е. познанициве воопшто не живеат во елитни населби ниту пак се некакви богаташи. Обични луѓе се, на повеќето мајка им рмба за 8000, битно тие на кафе редовни сеир да фаќаат за секого. И чекаат место во општина, ама сите од прв до последен, се надеваат дека ќе влезат во општина еден ден, а дотогаш истата песна.
Елитните воопшто не се мешаат со обична багра, тие си се дружат меѓу себе, одат во Грција, Дубаи или која и да е дестинација, најчесто се сместени во станови во Скопје иако често не се по потекло до Скопје. Битно во Скопје се бидејчи исто како што е срамота да работиш, срамота е да си во Пецчево, Струга, Ресен...
Bogami definicija za glup covek kaj nas e: Toj sto raboti. Ama stvarno sto raboti, a ne takov so ima samo rabotno mesto. Rabota i rabotno mesto ne e isto.
:icon_mrgr:
 
Во денешно време тешко е да бидеш глуп. Има голема конкуренција. :icon_mrgr:
Така да, ич не се замарајте колку сме глупи.
Штом уште не’ крепи земјава, добри сме. Кога ќе не голтне тогаш ќе знаеме дека сме отишле јабана. :icon_mrgr:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom