Дали се уште има чесни луѓе? (Случки и искуства)

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.811
Поени од реакции
21.401
Овој е нешто као часна исповедаоница? Епа иде и мој иповед

Ја Драа да ти кажу прао наискрено нашја сам до ск преко 10 телефона и сфи сам ги вратија. Кои на работу што ги забрављасфа кд работеше у кафиќ, кои на журку у гужву, а и некои на улицу.
Увек су ми благодарни онија фаце кои им ги врату телефони.
Нофчаник не сам нашја никад. Али на едну србинку у Туш макет ву испаднасфа 10 евра и ја ву ги врати. Часан сам часна реч пионирска. Па што кур ке ме збогатиф тија мочани шесто денара, ускур ми е друг телефон кд си иам сфој.

Сфое си га сакам, туѓо га нејќу
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Да бидам искрен, ако оди некој човек пред мене, околу мене и нешто му падне/го изгуби, а јас тоа го видам, ќе викнам по човекот и ќе му го дадам тоа што му паднало или пак едноставно ќе му речам да си го земе (што до сега и многу пати се случило нешто вакво).
Но на улица (надвор негде) ако видам пари, новчаник, документи, клучеви, телефони така како стојат изгубени, не би ги ни допрел, едноставно би сум се оддалечил од нив.

Дојдоа такви времиња каде сакајќи да помогнеш, ти ќе бидеш крив, па можеш и да надрљаш. Затоа седи си на мадро да не ти биде модро:)
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Воспитан сум да не земам тоа што не е мое. И на пат да ги видам, не ги зимам, не е мое. Илјадарка подминав, другар ми си ја собра, ама јас така нејќам. Не е мое, нема што да питам. Доколку најдам нечиј предмет, а можам да го лоцирам неговиот сопственик, тоа со сигурност ќе го направам, затоа што ако не вратете тоа што не е ваше, правете кд затајување. Инаку, паметно би било да не отварате туѓ најден паричник без да има некој сведок со вас, пошто има па и чурук луѓе, ќе речат, ааааа имаше пари во новчаникот, си ги украл итн.
Една анегдота што ми се случи кога бев поштен еднаш: Одам во Кисела Вода кај тутунски и како на 1 метро пред да се разминам со еден чичко кој нешто си претура со парите, на него му падна купче кое тој не го ни примети. Го зедов, имаше околу 40-50 денари во десетденарки, и одам по него 20 метра, го стигнав кај една трафика, и му ги давам, а тој гледајќи ме мене со испружена рака со пари, ми дава 10 денари, мислејќи дека сум просјак. Го гледам дека му е нејасно и му викам твои се бе паднаа ти кај оградата, а тој аааа фала фала. После цел ден се мислев, еба му мамата јес да сум студент ама па не изгледам како просјак... :)
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.874
Телефони до сега сум нашла 3-4 пати и секогаш сум вртела на бројот што бил последно свртен и сум ги враќала. Мене два пати ми вратиле телефон што сум го заборавила во кафич еден изгубив одма приметив и свртев ми исклучија и не го видов веќе. Пари сум наоѓала на улица не сум знаела чии се и сум си ги земала, новчаник еднаш најдовме со другарките, беше преполн со пари и искрено се мислевме дали да го вратиме кога се врати човекот да си го побара. На крај победи чесноста го вративме, не добивме ни 100 ден за фала а најтрагично беше што типот набрзо го видов на ТВ како тогашен министер за образование. Е тек тогаш ми падна мака.

А еднаш си заборавив новчаник во такси кое го стопирав по пат. Внатре имав се од документи и плус пари за партиципација на факултет. Кога сфатив дека ми го нема се простив од парите и од све зашто немав идеја со која компанија сум се возела. За едно половина час таксистот што ме возеше ми се појави на врата со новчаникот и ми го врати. Одел од стан на стан и прашувал каде живеам со личната карта моја во рака (со различна адреса од таа каде што моментално живеев).
Не ми се веруваше дури.
 

Dr. Wish

Outstanding Сasual Dating Authentic Maidens
Член од
23 септември 2013
Мислења
2.393
Поени од реакции
2.794
Do sea imam najdeno 15-16 telefona i sum gi vrakal.
Isto i novcanici i niv sum gi vrakal.
Edna slucka mi se desi odejki onaka vidov BMW i kaj nego padnati 200€ i si gi zedov. I cekav edno 15 minuta tuka do BMW-to i dojde covekot bese taka nekako cudno kako da mu falese nesto. Otvori kolata vleze ja pretresuese i togas svativ deka se negovi i otidov do nego i mu rekov cicko dan ste izgubile nesto on vika da i ja go prasuev dal e nesto vazno on mi kazuese se rasprasav detalno da se.osiguram dal se negovi i togas mu gi dadov :) mi rece fala i mi davase 10€ a ja ne gi zedov i otide u prodavnica i mi kupi Milka od 200gr. :) i podocna razbrav od drugi deka tie pari mu trebale za lekovi.
Isto ednas naidov na 5000 denari i cekav nekoj da se pojavi, ne se pojavi otidov doma i si se pocastiv so nov komplet trenerki,patiki,ranec i sto ti ja znam uste sto kupuev. :)
 

nilla-vanilla

#kingliam
Член од
17 јуни 2010
Мислења
2.041
Поени од реакции
1.748
Ако видам да му паднат така пред мене некому пари или нешто слично, ќе му ги вратам секако, а ако најдам паричник така случајно паднат ќе се помислам дали да го вратам. Ако има документи најверојатно би го вратила.
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.781
Поени од реакции
30.641
Досега имам вратено 3 мобилни, уште не ми е јасно како бе на клупа забораваат мобилни :pos:
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
Три пати имам најдено новчаници досега, еднаш илјадарка и многу пати стотка, педесетка итн.

Првиот новчаник што го најдов имаше некои си 800 денари во него, без лични документи, само со нечија слика од матура. Не го познавав типот на сликата, ниту пак некој од фамилијата го знаеше, па си ги задржав парите.

Вториот новчаник го најдов за Пивофест, без пари, со расфрлени картички и документи околу него. Беше од човек од странство, така да тој што го нашол, сигурно добро се омрсил. Го однесов во полиција, среќа што човекот имаше картички со секоја можна информација за него, па ми рекоа дека веднаш ќе го најдат за да му го вратат.

Третиот новчаник не го најдов јас, туку другарче што ме чекаше за на тренинг кај мене пред куќа, исто така без пари. Човекот живееше на улица паралелна со мојата, па одма го најдов кој е, му го вратив со сите документи, ми рече некој му го украл пошто имал 2000 евра во него и почна да ме распрашува кој сум и од која фамилија сум и некако сумливо ме гледаше, небаре јас сум му ги украл тие 2000 евра што наводно ги имал.
 

Lil Lamb

Сакам да се родам одново.
Член од
7 април 2014
Мислења
258
Поени од реакции
282
Јас еднаш со едно другарче се шетам, така помали бевме и на една жена што се разминавме и падна телефонот. Паметам Сони Ериксон к750 беше, во тоа време добар и скап телефон. Го зедов од земја и и викнав еднаш ништо, и се приближив и и викнав погласно и се заврте и и го дадов, таман за едно ,,фала''.
И паметам до 6то одд, ја најдов најголемата сума што ја имам најдено 3000д. на нашиот панаѓур на еден нигга ну паднаа од џебот, полека одев најак нив околу 20м. а и до ден денес се чудам како никој не ги зема иако многу луѓе беа многу поблиску до нив, отколку што сум јас. И така смирено побрзав и си ги земав од земјата, нигерот (ромот бре луѓе, ромот) беше далеку заминат и не му ги вратив. Со тие пари (и со исто толку додадени) си го купив првиот телефон на ново и беше Нокиа 6020.
Е ова веќе не е у реду. Бидејќи си го видел човекот, а сепак само си побрзал си ги земал и толку. Си ги ставил во џеб. А што ако е ром?! Сите сме луѓе, створени од крв и месо. Си размислил дека за тие пари може инфаркт да добие, можеби месецот да го помине?
Јас инаку имам случка на моите 17 години, вујко ми ме пратил во менувачница да му раситнам чисти 100 евра... Јас наместо да му раситнам коа влегов у менувачница не ми ги имаше во новчаникот.
Уште не можам да сфатам како сум ги изгубила:confused: И колку размислување сторив, каде и како се случило тоа. Потоа мораше татко ми да му ги даде од неговиот џеб. :place: и до сеа се што сум изгубила вклучувајќи ја и личната карта. Нишо не ми било вратено. А имам враќано...
 
Член од
20 април 2014
Мислења
247
Поени од реакции
136
Дур чекав пред пред трафика му падна новчаникот на тој пред мене но ја го забележав дури после 30-40 сек, видов внатре германска лична карта на некој што се викаше Kurt :D. Видов каде отиде иако беше празно таму и претрчав да му го дадам ми даде 20 евра :)

Друг случај исто така во едно мало во Бутел што има 5-6 кукарќи видов клуч од VW и видов само еден пасат со косовски таблици таму во една куќа паркиран. Се израдува го утепал од барање и ми даде 200 денари :D
 

4NHK0

Јас сум ти батка у суштина многу флексибилен шизик
Член од
9 април 2014
Мислења
1.153
Поени од реакции
846
Е ова веќе не е у реду. Бидејќи си го видел човекот, а сепак само си побрзал си ги земал и толку. Си ги ставил во џеб. А што ако е ром?! Сите сме луѓе, створени од крв и месо. Си размислил дека за тие пари може инфаркт да добие, можеби месецот да го помине?
Јас инаку имам случка на моите 17 години, вујко ми ме пратил во менувачница да му раситнам чисти 100 евра... Јас наместо да му раситнам коа влегов у менувачница не ми ги имаше во новчаникот.
Уште не можам да сфатам како сум ги изгубила:confused: И колку размислување сторив, каде и како се случило тоа. Потоа мораше татко ми да му ги даде од неговиот џеб. :place: и до сеа се што сум изгубила вклучувајќи ја и личната карта. Нишо не ми било вратено. А имам враќано...
Тогаш бев 6то одд... Не сум размислувал како што сега размислувам.
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Уште два позитивни примери, и еден негативен:
- како студент, негде 2005та одам на автобуска. Пет минути после симнувањето од такси се враќа таксистот и ме прашува случајно да не ми испаднал мобилниот в такси (легендарниот Ериксон Т20), јас сигурен: „не бе, в џеб ми е“, „ај провери“, бркам џебови, топук... му викам, „изгледа ќе да е така“, ме прашува „шо телефон, опиши го“, му кажувам, ми вика „пази другпат“, бркнав в џеб и му ги дадов сите пари шо ми беа останале, човекот се вратил од Собрание да ми го врати телефонот.
- 2006 зимата, мајка ми сета отсутна си заборавила паричник со сите пари и документи во локална продавница во Црниче. Луѓето свртиле неколку телефони и и` го вратија паричникот со се` уште пред таа да забележи дека и` го нема. Одбија да бидат почестени.

- познаник, на Градиште, негде 2007ма веројатно, си нашол телефон во ташничката кој некој на грешка го оставил. Решил да си го задржи, ама кога му се јавиле од полиција, малку се преплашил, очекувајќи да го обвинат за кражба. Го врати и се научи на памет (можел да го врати и претходно, според контактите, ама нејсе).
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.097
Поени од реакции
25.113
Како бе сте наоѓале по 10 телефони и 15 новчаници? :D
До сеа немам ништо најдено, имав една случка каде што изгубив телефон, после третото вртење станад недостапен, ваљда се мислел тој/таа дали да ми го врати и на крај одлучил да си го задржи. :)
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.519
Поени од реакции
29.003
Ко копиљ ептен губев лични ствари. Памтам 3-4то одделение бев уште ни мобилен немав јас прва смена моите до 4 на работа. Школото ми беше на 5 минути од дома и некако сум го изгубил клучот па седев на скали 3 саати дур да дојдат.
Друга многу стресна случка ми беше кога го изгубив у 6то или 7мо блокот по ликовно :( Ми го вратија едни од друг клас ама педерите ми ги земале цртежите, а немав навика да ги потпишувам и си извадија оценки, а јас добив 3ка пошто ги немав сите. Многу голем стрес.

Инаку имав случка пред 2-3 години со девојка седевме на една клупа (добри пола саат може) и дури на станување приметив дека на клупата има мобилен телефон. Телефонот беше бааги стар и беше некој модел на алкател, али добро сочуван. Во контакти од блиски имаше само дедо па се јавив разменивме детали каде е рече ќе дојде за 10 минути. И дојде му го дадов. Многу жална ситуација ми беше што дедото со солзи ме прашуваше како да ми се оддолжи затоа што телефонот е на внук му кој живее со него бидејќи нема родители, а и очигледно биле во лоша финансиска ситуација, па така убаво ми дојде после дека сум направил некое добро дело. Иначе до сега друго немам најдено. А, имам многу изгубено.

Пред 1 година можеби во такси се возев до дома а имав 2 телефони за различен број. И искачам од такси глеам ми го нема едниот телефон, ѕвонам у такси компанијата и се објаснувам што како и трчам по таксито добри 500 метри ако не и повеќе. Таксито застанува врти полукружно ми го дава телефонот и ми вика влези ќе те однесам пак до дома ионака идам натака накај такси станица. Се симнувам по 2 пат, сега другиот телефон ми го нема. И пак се јавував со смеење дури и таксито љубезно испадна ми го врати пак.

Да не глумам поштен ама да најдам телефон или паричник каде што има документи и може да се најде сопственикот би ги вратил одма без размислување, од причина што не би ми било убаво да поседувам нешто што не е мое. А, доколку најдам пара на улица секако ја зимам, на кој да ја вратам? На ветерот?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom