Добро бре луѓе, он ако не пишал ние можеме да пишеме бар нешто......... бре
Пирава е село во Општина Валандово, во околината на градот
Валандово.
Во селото се наоѓа и Црквата „Св. вмч. Георгиј” е изградена е по земјотресот од 1931 година, во времето од 1932 до 1934 година. Храмот има убав надворешен изглед, со оградено дворно место и со два влеза - од северната и од јужната страна, од двете улици. Според архитектурниот изглед, црквата има крстобразна форма со купола, која се потпира на четири пиластри, поврзани со лакови. Тамбурот на куполата е осмостранен. Нартексот е засведен со попречен свод на две води. Меѓу првата припрата и куполата се издига камбанарија, во западна насока, која има мошне елегантна форма и е опремена со голема камбана, а на источната страна храмот завршува со олтарна апсида, која, според архитектонскиот изглед, е потешко приемлива. Иконографскиот репертоар го сочинуваат стари и нови икони, што потекнуваат од почетокот на XX век. Иконостасот е изработен во времето кога се подигала црквата, а иконите ги насликал познатиот зограф Димитриј Андонов - Папрадишки Црквата е реновирана 1994 година, и осветена е од поглаварот на МПЦ, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Михаил. Црквата потпаѓа под Пиравската парохија.
Крстот е археолошки локалитет во валандовското село Пирава. Локалитетот претставува некропола од доцноантичко време. Се наоѓа на северозападниот раб на селото, каде се констатирани гробови од камени плочи - тип циста. Откриена е и гробница со свод од тули, без гробни прилози.
Исто така од ова село е и ФК Ударник (Пирава), неколку сезони има играно во 2 МФЛ (Втора Македонска Фудбалска Лига).
Извор: Википедија