Пирава

Можеби не е град,но е непознато и интересно селце...

tumblr_me6lgbvEMI1rg1i0co1_500.gif
 
Сакаше еден стер тип да ми шитне ѓубе од тапани и други ударни инструменти (да си го исчисти ѓубрето од подрум со што ќе ги земе моите пари) ама јас го одбив... Само за тоа имам одено таму и толку...
 
Добро бре луѓе, он ако не пишал ние можеме да пишеме бар нешто......... бре:)

Пирава е село во Општина Валандово, во околината на градот Валандово.
Во селото се наоѓа и Црквата „Св. вмч. Георгиј” е изградена е по земјотресот од 1931 година, во времето од 1932 до 1934 година. Храмот има убав надворешен изглед, со оградено дворно место и со два влеза - од северната и од јужната страна, од двете улици. Според архитектурниот изглед, црквата има крстобразна форма со купола, која се потпира на четири пиластри, поврзани со лакови. Тамбурот на куполата е осмостранен. Нартексот е засведен со попречен свод на две води. Меѓу првата припрата и куполата се издига камбанарија, во западна насока, која има мошне елегантна форма и е опремена со голема камбана, а на источната страна храмот завршува со олтарна апсида, која, според архитектонскиот изглед, е потешко приемлива. Иконографскиот репертоар го сочинуваат стари и нови икони, што потекнуваат од почетокот на XX век. Иконостасот е изработен во времето кога се подигала црквата, а иконите ги насликал познатиот зограф Димитриј Андонов - Папрадишки Црквата е реновирана 1994 година, и осветена е од поглаварот на МПЦ, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Михаил. Црквата потпаѓа под Пиравската парохија.

Крстот е археолошки локалитет во валандовското село Пирава. Локалитетот претставува некропола од доцноантичко време. Се наоѓа на северозападниот раб на селото, каде се констатирани гробови од камени плочи - тип циста. Откриена е и гробница со свод од тули, без гробни прилози.

Исто така од ова село е и ФК Ударник (Пирава), неколку сезони има играно во 2 МФЛ (Втора Македонска Фудбалска Лига).

Извор: Википедија

19665994.jpg

pirava.jpg
 
Пиравчани се познати по тоа што кога ќе влезат во некоја соба со повеќе луѓе обавезно мора да се поздрават со секој човек, место едноставно да кажат Добар Ден. :D

Низ Валандово се зборува дека ради тоа Пиравчанец не се вози во воз. :D
 
Сум чул,и за Прдејци,Мрзенци, иако сеуште не сум бил таму.Интересни места со уште поинтересни имиња.
 
Пиравчани се познати по тоа што кога ќе влезат во некоја соба со повеќе луѓе обавезно мора да се поздрават со секој човек, место едноставно да кажат Добар Ден. :D

Низ Валандово се зборува дека ради тоа Пиравчанец не се вози во воз. :D
ovaa navika ja imaat povike lugje na povike mesta,ne e samo vo pirava
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom