- Член од
- 18 февруари 2014
- Мислења
- 13
- Поени од реакции
- 5
фала ти вивакастро на предлозите!Стварно имаш знаење за овие работи.Се јавив денес на огласот за фокусот и се јави веројатно сестра или некоја друга жена на човекот.Ми кажа да се јавам покасно,бидејќи на работа бил човекот.Па половен е подобриот избор во случајов.Всушност и секојпат е подобар се разбира ако цената е реална.
Бидејќи напомена од 250-300 евра верувам дека овие 300 ги немаш до крај собрано,туку си поблиску повеќе до 250 нели.
Инаку ова е моментално што го има на огласи за таа цена
1.Ова е некој си Скот,иако и не ми изгледа баш за скот или пак е премногу стар.
Како и да е реално е пред умирање.Од слики делува многу лошо
http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=1340802
2.Cross веројатно се мисли на бугарскиве
http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=1346457
Овде уште без да го видам ти кажувам дека кочниците се за менување(плукни ме ако не е така)Хајес и саглам кочници не одат во едно.
Кире не ги прави,така да никогаш нема да се вратат во живот.Друг некој ретко и да знае да средува кај нас хидраулика,а хајес особено па ич
Веројатно и при повик човекот ќе ти го каже делумно истото.Сепак вреди за парите ако е друго се во ред.Ќе му се стави авид бб5 или бб7 и ќе биде ок.
3.Schwinn Убав велосипед,но напред немаш за заклучување и немаш дискови.Инаку велосипедот е стварно убав
http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=1354997
4.Gary Fischer.Убав велосипед но повторно без дискови.Добро и малку старички делови,али култ модел.
http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=1353427
5.Focus LTD Ако е амортизерот напред добар,ова е убедливо најдобра понуда на пазарот.Тешко дека и во сред зима ќе се најде нешто вакво.
Aморитезерот е со lockout,всушност од сите тука наведени ако не се лажам само овој е таков.Oценка на мтбр.цом аxel имаше 8.5 од 10.Највисоки оценки доби за издржливост и одржување.
На слики пак ми изгледа доста сочувано.Гледам тркалата и гумите се исти што значи дека не е склапано од повеќе велосипеди.
Она што не ми се допаѓа е делумно слабиот пренос напред,но во иднина ќе си подсобереш 30-50 евра и ќе му се стави деоре пренос со што точакот ќе биде авион.Јави си се и прашај си за цена.Ако оди и надоле од 16000 ден.уште сега може да си ставиш пренос и да ти биде со врвни делови за џабе цена.Што би рекол пријателот.Ќе возиш голф 6 ка по цена на голф 3ка
Кочниците се механика,не можам да видам која марка,но која и да се точакот е без пари.Механиката и е полесна за поправање па за почетници е подобар избор.Всушност за сите кои незнаеме да сервисираме е подобро.
Сепак амортизерот е она на што треба највеќе да внимаваш.Ако е тој добар и 16000 денари е џабе понуда,а се што оди надоле ти е веќе лотарија
http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=1346171
6.GT Aggresor. ako e тој што го знам,утепан е од возење.Незнам за амортизерот,но мислам дека нема lockout.Град Битола.рачунај 700-800 пат. и ако нечини отидоа парите во бунар.
http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=1355012
Гледам дека вака е најдобар од сите кои ги има на оглас.Само ме буни она амортизерот напред зашто е ставен наопаку?Бидејќи гледам него највеќе го истакнуваш,и ми велиш на него највеќе да внимавам,а она што прво ми приметив е дека наопаку наместен.Дали би можел некако да го преместам или ќе мора да го менувам?