Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Па тие цени од 18-20000 се веќе до плафон и преку. На кој полар мислеше, не гледам таков на сајтот?

Сега му се јавив и сум направил превид, велосипедот е 26-ка всушност, но тој таму му ставил потенки гуми 1.5 или 1.25 плус калници и ми остави впечаток дека е 28ца.
Инаку се работи за моделот Polar Mirage Pro кој на сајтот чини скоро 23.000 денари, ама тој ми кажа дека успеал да го земи за 18.000 ден. со тоа што се бил пријател со сопственикот и продавачот таму.

Инаку истиот модел го имаш во Вело Спринт за 20.000 ден. ако случајно се одлучиш за 26-ка, каде што имало и ефтинки калници и багажник.
 
отидоа парите cube aim sl 29 / 19-ка модел 2015 :D

благодарност до zocc за издвоеното време објаснувањата и целата помош околу финалниот избор.
сликава не е од мојот бајк зашто истиот треба да стигне во ноември :D
 
Attachments

  • cube_aim_sl_disc_29er_2015_01.jpg
    cube_aim_sl_disc_29er_2015_01.jpg
    1,4 MB · Прегледи: 74
@moongoses

Провери да не има нешто како што бараш и во оваа продавница. https://www.facebook.com/Sportbike.mk

Слично како и Вучко не апдејтираат ништо на сајтот, ниту пак на фејсбук за понуди.
 
Вредат овие за 1500 денари? Зборувам за нови, мислам дека точниот модел е Shimano ST-EF51 (7x3).
$_12.JPG
 
Oд вивакастро нема ни трага ни глас!Ми вети дека ќе одиме денес да ги гледаме велосипедите и денес на повик не одговара!Му sвонев трипати но ниту се јави,а ниту ми одговори на пораките.
Многу неубаво од негова страна:confused:

Барем да одговореше и да каже неможам,нема да се лутам.
 
човекот си е на пат, ти кажа штом се врати во Скопје ќе те бара. така да покажи малу трпение. ние тука чекаме со месеци да го видиме неговиот точак, да ни покаже реална слика од ХТ преносот кој го купил за 350мкд а не слика од google, итн итн итн.
 
А бе пиша тој, дека на комшијата му го дал. :D Што да се прави, човек од збор е, се гледа. Прав теоретичар, без навреда. :ROFLMAO:
 
Чекам да ми пристигнат некои работи од и беј и во зависност како ќе ја угодам работата дома да ме пуштат ќе заминам на 12-15 дневна тура низ Македонија.

Еве ја мојата рута
  • Прилеп - Отешево
  • Отешево - Охрид преку Галичица
  • Охрид - Дебар
  • Дебар-Маврови Анови
  • Маврови Анови - Скопје
  • Скопје - Куманово
  • Куманово - Пробиштип
  • Пробиштип - Македонска Каменица
  • Македонска Каменица - Берово
  • Берово - Струмица
  • Струмица - Гевгелија
  • Гевгелија - Кавадарци
  • Кавадарци - Прилеп
Значи ова се местата на преспивање и тргнување. како што се забележува нема некоја голема километража од причина што попатно ќе застанувам и свртувам на одредени места кои сакам да ги видам.
--- надополнето: 10 јуни 2013 во 08:42 ---

Кога размислував за торбици какви да земам во просек се движеа добрите торбици од по 25 литри по 80 евра пар. Заклучив дека многу ретко ќе ги користам и не вреди да инвестирам во такво нешто, ако вие планирате редовно да правите тури тогаш во ред е да се вложи во дисаѓи.
--- надополнето: 10 јуни 2013 во 08:47 ---

Петар вози го големиот ако ти е добар велосипедот од причина што ќе ти биде мака ако го извозиш само малиот.
Ништо посебно не е ќе ја ставиш прва и тие 7.5 километри ќе ги извозиш за час и половина или два во зависност каков е теренот и после не е ништо страшно.
Отешево е прекрасно место за возење

човекот си е на пат, ти кажа штом се врати во Скопје ќе те бара. така да покажи малу трпение. ние тука чекаме со месеци да го видиме неговиот точак, да ни покаже реална слика од ХТ преносот кој го купил за 350мкд а не слика од google, итн итн итн.
А бе пиша тој, дека на комшијата му го дал. :D Што да се прави, човек од збор е, се гледа. Прав теоретичар, без навреда. :ROFLMAO:

Го повлекувам зборот погоре и многу се кајам за претходното мислење!
Дури денес видов колку сме ние безобразни македонците и кои луѓе ги осудуваме
Верувам дека и вие зоцц и оги би се засрамиле кога би го запознале кастро,ако воопшто имате срам.Денес сметам дека и јас бев безобразен кон вивакастро читајќи ги вашите мислења.Али арно рекле србите.Со ским си,таков си.

Вива не бил достапен поради обврски.Конечно денес имав можност да го запознаам по толку договарања
Човекот ми се јави и вчера и ми предложи да земе со кола.Сепак фати невреме па се преслушнавме и договоривме за денес.Ми вети дека денес ќе ми се јави и дека ќе одиме да ги видиме

Како и што си вети,тоа и си го исполни.Ме побара денес на телефон,ме зема со кола од пред зграда,и покрај тоа што вчера во меѓувреме шофершајбната му пукнала од градот.Му одговорив дека не требало да се мачи,но вели дека денес бил слободен,но и веќе ми ветил па несакал да ги менува плановите.
На крај бевме и го видовме фокусот.Одма увидовме дека ми е мал,всушност вивакастро го виде
и рече дека ми е мал рамот.Наша грешка беше што не го прашавме човекот.Велосипедот бил Л големина,а мене ми требало XL односно 21-22 инќи.

Сепак Вивакастро имаше желба да го проба велосипедот кога веќе беше таму

На професионалец како него не му требаше многу време.Веднаш виде за што се работи.
Оставам на него да објасни што како е со велосипедот иако мислам дека и нема потреба на луѓе како нас да се исповедува.

На огласот за Canondale се јавивме по телефон за да не одиме безпотребно.Испадна и дека тој ми е мал па не отидовме.Сега знам што ми е потребно.па ќе ве молам доколку некој има 21 или 22 инчи велосипед слободно да ми го понуди тука или на порака.Високм сум 188цм

За членот вивакастро ќе кажам повторно дека имам само пофални зборови.Кој го запознал,знае за каков човек се работи/Навистина незнам како да му се заблагодарам за времето и помошта!Се понудив на крај да му дадам пари за бензин,но несакаше ни да слушне.Му понудив и пиво кое го бараше,на тоа одговори дека ќе сум дал,но прво да земам велосипед и да извозам некоја тура.На крај се понуди и пак да дојде,доколку видам други велосипеди

Забавен тип во живо,и покрај тоа што на форумов изгледа поинаку.Всушност сите ние изгледаме многу поинаку.Едно сме на форум,мрчатори,фраери но друго во вистинскиот живот.

на крај ќе кажам само дека Задоволство и чест ми е што запознав некој од кајгана.
Се надевам дека нема да остане само на еден член.
 
Ниту ти реплицирав, ниту барав, а најмалку да ме споменеш. Со Вива и Оги имавме една друга расправија која тебе директно не те засега. Не знам зошто толку фрустрации.
Вива мораше да те бара зошто ти јавно пиша тука дека те игнорирал по телефон. А нели, човечки и фер е да одговориш. Затоа, мораше некако да се искупи.

Многу ме интересира, од каде знаеш дека некој е профи, кога и ти самиот се окарктеризира дека си лаик за велосипеди ?? Може секој да ти зборува што сака и ти силно да веруваш во тоа.
Пак ќе речам, едно е да читаш теорија, друго е лично искуство. Со среќа во потрагата.
 
Дечки ми треба совет. Имам Полар Матрикс, многу основен бицикл. Е сеа, сакам да купам нов класа city bike. Значи НЕ возам никаде освен на асвалт. Повеќе ми е ко превозно средство. Не се брзам, скенирам опции. Не сакам амортизер. Сакам тенки гуми, лесен рам и квалитетни шалтери,мењачи и сл. Толку. Предлог?

sent from my Nokia 8210
 
Дај некоја прилична цена за да знам на што точно мислиш и што да ти нудат луѓето.
 
300 до 400 еу макс

sent from my Nokia 8210
Нови, за парите ова добиваш :

Specialized Expedition
Trek Verve 2
Viking - скролај најдоле, има повеќе модели.

Најубаво да свртиш еден круг по продавнициве низ Ск, има моделчиња кои не се изложени на нивните веб сајтови, плус може да добиеш и добар попуст, при крај е сезонава за велосипеди. Исто така во Бајкмаркет, од пред брзо време, донесоа Scott велосипеди.

На старо :

Merida Crossway 40 ако не го продал веќе.
Scott - не пишува модел.
Trek FX 7.1
Merida Spresso 500D
Scott Sportster

Пиша дека сакаш city bike, за буџетот, горе-доле тоа се моделите, не се најсјајни - поосновни. Според мене, поисплатлива варијанта е да размислиш за МТ бајк. Ќе му смениш мазни гуми (за асфалт) и flat волан и си завршил работа. Највеќе ќе добиеш за парите. :)
 
Дечки, каде можам да најдам long range caliper brakes у Скопјево? Должина од 60-75мм
 
Kajgana Shop

Back
На врв