Колку време му е потребно на просечниот човек да заработи $1M

  • Креатор на темата Креатор на темата Bora Bora
  • Време на започнување Време на започнување
Читам милион постови од милион немилионери, кои поима немаат што пишуваат пошто никад не ни биле милионери, за да солат памет на темава.
 
Читам милион постови од милион немилионери, кои поима немаат што пишуваат пошто никад не ни биле милионери, за да солат памет на темава.
Таков го сакаме, повкусен е со зачини.
 
Просечниот човек никогаш неможе да заработи милион $....дури ни во САД.
Читам милион постови од милион немилионери, кои поима немаат што пишуваат пошто никад не ни биле милионери, за да солат памет на темава.
Ако чекаш милионер да одговори на темава тогаш имаш проблем.
 
Е тоа е... таксист дојде да соли памет како тоа немилионери солеле памет на темава.
 
Ако мислиш за во земјава, одговоров би бил ваков........... ако крадеш или работиш на црно - за неколку години, ако работиш напорно во странство, па ги носиш парите тука - 50-100 години, а можеби и повеќе, ако си обичен човек со мала плата - незнам дали 500 години ќе бидат доволни за да стигнеш до таа сума на пари.

Но ако работиш и живееш во странство, можеби нема баш таа сума на пари, ама сепак доста пари би имал:)
 
Во Р.М. просечните луѓе имаат просечни примања, нивните работни навики се просечни, просечни се и нивните очекувања. Просечна е нивната општа имотна состојба (заедно со примањата и наследениот или стекнат недвижен и подвижен имот). Таквите просечни луѓе, имаат и просечна интелигенција, која е доволна да се дојде до заклучокот дека на овие простори, во овие општествено-економски услови, заработувањето милион долари или евра воопшто не е просечен предизвик.

Тоа значи дека тие исправно оцениле дека се просечни и дека во тој случај ризикот при правењето пари е преголем и ги надминува нивните можности.

Е сега, ретките снаодливи, генијални луѓе талентирани за правење пари, добитниците на лотарија (ако воопшто се игра за таков износ кај нас), транзиционите предатори и натпросечните криминални умови (и дел од оние што се плеткаат околу нив) со малку среќа стануваат милионери и преку ноќ.

Во некоја друга држава милионот можеби е достижен и за просечниот смртник. Ние сме шампиони во некои други категории.
 
Креативноста , идејата и среќата нормално може да ти донесат милионче.

Човек што мисли дека ќе стане милионер со штедење од плата , е просечен човек без креативност. Со работа на плата не се станува милионер, освен ако не си некој светски познат пластичен хирург во Калифорнија и да заработуваш 500К $ годишно.

Без идеја пред се , ризик и посветеност таа идеја да се претвори во капитал , многу тешко се стекнува милион. А примери за вакви случаеви еден куп.

Џоана Роулинг 96та живее во стан доделен од државата и на социјална помош од 70 фунти неделно. Во 97ма ја издава првата книга за Хари Потер , а во 2001 година веќе тежи 50 милиони фунти. Денес во 2014 ја проценуват на околу 650 милиони фунти.

Овој нашиот милијардер Илич започнал со миење чинии , за нешто покасно со жена му да отворат ресторант. Денес е еден од најбогатите луѓе во Детроит. Го проценуват на 2.4 милијарди долари.

И уште еден куп вакви луѓе кои имаат 3 заеднички особини: желба, амбиција и посветеност. Без тоа остануваш просечен.
 
Е тоа е... таксист дојде да соли памет како тоа немилионери солеле памет на темава.
О извини, не мислев на тебе, ти си од милионерите, имаш право да солиш памет.
Прашањето е колку време му треба на просечниот човек да заработи милион?
Прашањево го поставува дечко што нема милион ама сака да има.
Одговорот кој друг може да го знае освен некој што реално направил милион, па да пренесе искуство, а реално тешко дека ке се најде таков на форумот и уште потешко да каже како го заработил.
Има некои работи кои што се универзални за тоа како да се заработи 1 милион или било која друга сума на пари и сите ние генерално ги знаеме, а тие се:
- идеја, замисла како некоја твоја вештина ке ја претвориш во пари
- труд, работа и само работа
- цел, што сакаш да постигнеш, некоја желба, сон, врв.
- истрајност, што и да се случи не се откажувај.
Кога веќе сакаме да дознаеме што е потребно за да се заработат многу пари зошто да не послушаме некој кој успеал тоа да го направи како за пример го земам Шварценегер:
 
Последно уредено:

- истрајност, што и да се случи не се откажувај.[DOUBLEPOST=1410299608][/DOUBLEPOST]
Кога веќе сакаме да дознаеме што е потребно за да се заработат многу пари зошто да не послушаме некој кој успеал тоа да го направи како за пример го земам Шварценегер:
Форумов е наменет за дискусија, да се разменат мислења од различни членови на одредена тема. Ако темава беше стрикно за разменување мислења помеѓу милионери, кој како станал милионер и сл., тогаш поинаку ќе гласеше насловот.

Ти слетуваш како падобранец на темава и постираш ептен глуп пост (тој првиот), без никаква поента, со навреда за останатите членови кои претходно се изјасниле. И како капак на се', за иронијата да биде уште поголема, и ти самиот постираш на темава свое мислење (овој цитираниов пост) т.е солиш памет. Поарно ич да не постираше... попаметен ќе испаднеше.

Значи, темава е секој од нас да сподели свое гледиште и мислење, а не само милионери да дискутираат на неа.
 
ама и ти си ја бркаш муавата од капата...
Е тоа е тоа што просечните луѓе го прават, уште не почнат бизнисот, го осудуваат на пропаст. Бараат изговор за да не почнат, секогаш друг им е крив.
сеа бараш да се праиме глупи и да заборавиме у која земја живееме и притоа да забораиме кој го собира медот?
значи не збориме да почнеш бизнис од кој добро ке живееш него бизнис кој ке те направи милионер..
таков бизнис плус чесен тешко дека кај нас ке ти пројде, да бидеме реални!
 
ама и ти си ја бркаш муавата од капата...
А зошто мислиш дека ја бркам мувата? Иначе, капа не носам јас, да не си се препознал?

сеа бараш да се праиме глупи и да заборавиме у која земја живееме и притоа да забораиме кој го собира медот?
значи не збориме да почнеш бизнис од кој добро ке живееш него бизнис кој ке те направи милионер..
таков бизнис плус чесен тешко дека кај нас ке ти пројде, да бидеме реални!
Тешко, но сепак може да ти пројде, така? Ако успееш да креираш успешен бизнис, и притоа имаш добар cash flow, многу лесно може да стигнеш до милионот. Размисли само како почнале тие што имаат ланец супер маркети на пр.
 
Кај нас и да знаеш правилно да го искористиш паметот и да имаш мадина да ризикуваш со голем кеш(да речеме во некој јак бизнис ) одкако ќе видат дека ќе ти тргни ќе се најде некој од власта и ќе го отвори истиот твој бизнис(значи твојата идеа) и ќе те турни со инспекции и сл срања се додека не те затвори.
Да не ме сватиш погрешно ама ти не си материјал за милионер од многу проста причина. Начинот на размислување ти е ограничен и во старт погрешен. Велиш дека кај нас и да имаш памет и мадиња да отвориш бизнис некој ке ти го затвори. Ако си паметен ти ке бидиш од оние што ке затвораат бизнис а не тие тебе. Ова генерално важи за секаде а не само за тука. Дали си ја увиде сега грешката во начинот на размислување или сакаш уште подетално да ти објаснам.
 
Сите љуѓе сме различни така да на секој му треба различно се зависи од тоа како и колку ќе вложи труд :)
 
Да не ме сватиш погрешно ама ти не си материјал за милионер од многу проста причина. Начинот на размислување ти е ограничен и во старт погрешен. Велиш дека кај нас и да имаш памет и мадиња да отвориш бизнис некој ке ти го затвори. Ако си паметен ти ке бидиш од оние што ке затвораат бизнис а не тие тебе. Ова генерално важи за секаде а не само за тука. Дали си ја увиде сега грешката во начинот на размислување или сакаш уште подетално да ти објаснам.

Начинот не е воопшто погрешен,верувај.Паметен сум,имам мадина и сум правел пари од работи што неможеш ни да ги замислиш, значи мн лесни пари(не се црни или од такви некој матни бизниси).Имам 139 IQ(направено тестирање,не од оние на нет) ,можеби има и мн мн попаметни во државава но и моево ниво е задоволително.Што значи памет имам,мадина имам ама како да стигнам до оние од болдираната реченица??? Да сум волшебник па да претворам некој од моите блиски во грамада човек кој неможе да го помрдне власта или е еден од нив ?Значи правиме муабет за големи бизниси а не за локално продавниче.Реалноста кај нас е таа.Иначе верувај, секогаш сум мислел баш од вистинската страна,и полесен начин па макар и со поголем ризик
 
Во Македонија со 300 евра месечен просек околу 300 години до првото заработено милионче :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom