Значи не можеме да се разбереме. Ако не е можно надвор до црквата контакт што тоа значи? Дека само внатре во самата црква, свештениците, владиците и други можат да контактираат со Господ, да го разбираат светото писмо итн. а сите што се надвор од тоа уредување тоа не можат да го прават.
Па ако ова не значи (еве не си рекол ти) дека само црквата има контакт, автоматск исака да каже дека само таа е посредник помеѓу господ и човекот. Јас така го разбирам ова.
Ај пак...
Црквата не е посредник меѓу човекот и Христа Бога.
Црквата е неразделна заедница меѓу Христа и човекот, односно поединците/личностите, кои бараат спасение.
Сите членови во Црквата (свештеници, свештено-монаси, мирјани...) можат да контактираат и веќе контактираат со Бога, преку службите/молитвите и преку Светите тајни.
Сите членови во Црквата се еднакви пред Бога: во својата одговорност и во својата огревовеност.
Само преку членувањето во Црквата, која „...е тело Христово...„ а чија глава Е Христос, личностите можат да се надеваат на спасение. Христос, со содејство со Духот Свет, не ја основа Црквата „онака„,колку да ја има, туку како единствен начин и пат кон Небесата.
Да имаше друг начин на спасение и контакт со Бога, освен преку членувањео во Црквата, сам Бог тоа до сега ќе ни го објавеше...[DOUBLEPOST=1410037725][/DOUBLEPOST]
Мики иако малку време сум на форумот закучив дека тебе и тоа ти е целта, да одговориш на секое прашање без разлика дали го знаеш одговорот или не. Се надевам ова "на троа поинаков начин" ти се однесува на тресењето глупости.
beachfossils,
најди си по забавна тема на форумов: далеку си ти од духовноста...разбираш.
Еве еден мој предлог до тебе, за да се забављаш:
http://forum.kajgana.com/forums/Чек-дис-аут.4/[DOUBLEPOST=1410038469][/DOUBLEPOST]
Dobro,no sto stanalo so tie hristijani pred 9 vek?Na ovie prostori imalo hristijani i pred toa,komu pripagjale tie.Tie ne se del od Ohridskata arhiepiskopija,makedoncite pred doagjanjeto na Slovenite,pred Kliment i Naum,nekolku veka porano.
Самата охрдиска архиепископија има апостолско преемство од Св. Ап. Павле, кој го проповедал евангелието Христово на југот од Балканов: Солун, Атина, Филипи...
Ако ги погледнеш остатоците од Стоби и Хераклеа, ќе видиш дека во тие градови имало и црковни храмови, што значи дека и пред наводното доаѓање на словените „...од зад Карпатите...„ (?), на земјава македонска веќе имало Црква, каде членувало тогашното население.
Св. Климент за основа охридската Архиепископија како помесна Црква на овој дел од Балканов, (не само за македонците, оти во тие времиња националната припадност била споредна работа...), која имала своја надлежност по цел јужен Балкан. Пеќката патријаршија, денес СПЦ, е Црква-ќерка на охридската Архиепископија.
Ако ги прочиташ писмата од митрополитот Теодосиј Гологанов од првите децении од 20-от век, ќе видиш дека сеќавањето на охридската архиепископија, како и желбата за незјиното возобновнување, е константна идеја кај македонското свештенство низ вековите, во кои некој си од турските султани ја има „укинато„ архиепископијата со световен закон, некаде 1776 г. (или така некако).
Тоа што не знаеме што точно се случувало од 6-от до 9-от век, тоа не е голем проблем кога е во прашање духовноста. Црквата има свој континуитиет, а помесни/национални Цркви се формираат и ден-денес, како што се Црквите кај африканските народи, на пр. во Конго.