Не бе чедо, тоа Маркс те лаже дека во почетокот, луѓето биле анимисти, тотемисти, бла-бла „...исти„ и томе слично, а тој историски редослед никој жив не го видел.
За разлика од таа невиденост, Постанокот и сведичи дека Бог непрекидно комуницира со своите угодници, а народите кои Го заборавија Бога, после раздвојувањето на луѓето по кулатата Вавилонска, истите тие народи се впуштија во измислување на своите богови-идоли, зад кои (идоли) редовно се крие лукавиот, кој самиот сакаше да биде бог.[DOUBLEPOST=1409955330][/DOUBLEPOST]
Може: еве како.
Во Стариот Завет, само Израилот, како компактен народ од 12 племиња, створени од Авраамовите наследници, т.е. синовите на Јакова, наречен „Израил„, беа одбраниот народ Божји. Сите други народи беа на страна од тој народ, оти беа западнати во идолопклонство.
Во новозаветниве времиња, Црквата е избраниот народ Божји, односно не се работи за точно одреден етникум, туку за поедидинци од различни народи, кои слободно волно Го прифаќаат Христа Бога за свој Спасител и кои решиле да се спасуваат преку Црквата Христова.
Преку Апостолите и преку Цркввата, Христос ги повикува сите луѓе, од сите народи, од сите времиња.
Сите се поканети на спасение, а малкумина се одбрани и спасени.