Црвениот болд: Апсолутно си во право. Живееш во паралелен универзум. Не те прави лицемерен или дрзок, али затоа колку и да си квалитетен ....... квалитетите ќе бидат со сомнителен квалитет. Секогаш ќе постои она, “дали се фолира овој?“
Хахаха, ДА, за таков закон сум. Почнувајќи од турбо, па труско/шпанско/индиски серии, па религија, ......... СЕ' што придонесува за заглупување на луѓето.
Аха. Значи ќе донесат таков закон да речеме, под изговор дека ја заглупува нацијата. Ја ќе си пуштам дома нешто од Аца у позадина дур спремам дипломска. Ќе ми влезе полиција и ќе ме уапси под разлог "придонесуваш кон оглупување на општеството", занемарувајќи го тоа што придонесувам кон научниот свет со дипломската, и стоејќи на тоа дека јас ја заглупувам нацијата преку тоа што го слушам тоа што ми се свиѓа и сум искрен према себе и другите, наместо да се кријам. Ми фали нешто тука... мислам дека е... логика!
Ако е твоево логика, тогаш треба да биде забрането:
- Турбофолк;
- Jersey Shore и сите такви MTV срања;
- Кафани;
- Трансови;
- Death Metal;
- Серии кои не се турски, индиски, шпански или американски со типичен американски хумор;
Доаѓаме до свет каде што преовладуваат само работи кои постојат само пошто надвладеало општото мислење (процентуално, не тотално) дека тоа е квалитетот. Евентуално, година по година се елиминира од све по нешто, се додека не остане закон дека се слуша само еден тип на музика, се практикува една филозофија, еден вид книги, една политичка партија, луѓето живеат по строг кодекс на нешта, при што секој станува сличен со другиот, се додека луѓето не се изедначат и не можеш да направиш разлика помеѓу мене и тебе. Тоа е убаво?
Убавината е во разликата. Убавината е во доброто и лошото. Како што one man's trash is another man's treasure, така one man's срање музика, is another man's радост и среќа. Во тоа е убавината на човековиот живот. Сонцето не би било посебно доколку би немало врнежливи денови. Радоста не би била посебна доколку нема болка. Она кон кое ти целиш е истребување на се она што мнозинството одлучило дека е срање (и покрај тоа што реално нема никаква штета од истото, наспроти глупиве и лесно побивливи тврдења дека ради оваа музика не доаѓале познати артисти во државата), при што го доведуваш човештвото кон намалување на убавината во уникатноста на секој човек. Олабави. Не ја барај убавината во музиката што не ти се свиѓа, нема да ја најдеш. Пробај да ја најдеш убавината во спротивностите на секоја индивидуа, во тоа што тој поседува завидувачки и незавидувачки карактеристики во себе, наместо да веруваш дека чим некој поседува една незавидувачка особина - не може да поседува и многу други завидувачки. Не суди од прва, не генерализирај и дај им шанса на луѓето, да ги запознаеш сите нивни доблести и (за тебе) негативни работи. Ако ги ограничиш да не прават нешто што не ти се свиѓа, тоа ќе се одрази и на правењето работи што ти се свиѓаат кај нив, контра-ефект од тоа што ти сакаш да го постигнеш.
Ако не ти се свиѓа теоријава која ја поставувам и сметаш дека во пракса јас не би бил во право, земи го за пример случајот со прохибицијата на алкохол во САД, дваесетите и триесетите. Сосема различен случај и навидум неповрзано, али преку искуството стекнато од истото, методот и таквото размислување (и од историски аспект, грешка која уназад се повторува и човештвото никако да ја научи) можеш да го потврдиш последниот дел од претпоследново параграфче што го напишав. Па на тебе, и на сите останати што читаат, ви оставам сами да пресудите, подобро не можам да ви ја објаснам грешката во вашето размислување.