Прашање за Христијанството III

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
А да заебанцијата биде поголема, никако да ми даде конкретен одговор на прашањето, на кое дури и му дадов мое толкување на неговите одговори и каде требаше да одговори со просто ДА или НЕ. :pos:
Малечок некултурен, па се фали имал антиципација на сопствените прашања, туку не кисни тука по цел ден, прибери се, мајкати те бара, ќе ти ги скине ушињата.:гик:
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.203
Еве јас немам таква способност, а ти имаш ли способност да дадеш конкретен одговор на конкретно прашање?
Да, како што пишав така и ќе постапам во дадена ситуација,(зошто би пишувал нешто а би постапил различно).[DOUBLEPOST=1409845838][/DOUBLEPOST]
Еве јас немам таква способност, а ти имаш ли способност да дадеш конкретен одговор на конкретно прашање?
Да, како што пишав така и ќе постапам во дадена ситуација,(зошто би пишувал нешто а би постапил различно).
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Православната Црква познава 7 вселенски Собори (Никеја, Цариград, Халкидон...) и неколку помесни собори, на кои се донесени црковните одлуки и догми.

По „нетов„ можеш да ги најдеш сите нивни/соборни одлуки.

Поимот „концил„ е спојствен за римските еретици, односно римо-католичката Црква и не се користи од православната Црква.
ОК. Но прашањето е “какво е твоето мислење во врска со одлуките“?
И уште едно, извадено од првото. Дали е нормален начинот (или таа постапка) преку гласање да се донесуваат (или носат) такви одлуки? :)
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.607
Поени од реакции
9.239
ОК. Но прашањето е “какво е твоето мислење во врска со одлуките“?
И уште едно, извадено од првото. Дали е нормален начинот (или таа постапка) преку гласање да се донесуваат (или носат) такви одлуки? :)
Секој Вселенски собор е свикуван со причина зашто се јавувале многу искривени учења во раното христијанство.

Еве ти некои од првите ереси:

Евионитите се првата христијанска секта, т.е. јудео-христијанска секта настаната во 1. век.
Бидејќи Христијанската Црква настанала помеѓу Јудејците, најпрвин дошла во додир со Евреите.
Тоа за последица го имало решавањето на односот помеѓу Христијанството и Јудаизмот и до укинување на старозаветниот обреден закон во 51.г, бидејќи Исус Христос со своето доаѓање го исполнил. Ова не го подржале некои христијани кои сакале да останат верни на Мојсеевиот обреден закон и основале своја група "јудејски христијани", т.е. евионити.

За нив Исус бил смртен човек, месија и пророк, но не и Богочовек.
Не го прифаќале предвечнотo постоење на Исус, божественоста, раѓањето од девица и физичкото воскреснување. Ја нагласувале единственоста на Бог и човечноста на Исус
Инсистирале да се следат јудејските религиозни обреди и јудејските закони. За нив св. Апостол Павле од Тарс бил отстапник од Законот.

Симон Маг 1в.- зачетник на гностицизмот, таткото на сите еретици. настојувал да ги спои јудаистичкото учење, христијанството и вавилонското халдејско учење во кое главна улога имaла магијата.

Никола 1в, бил негов следбеник, основач на николaитите - гностичка секта која промовирала морален разврат.

Maркионство 2. век. (Гностичко учење дека материјата е зла)Учи дека постојат два бога, еден понизок старозаветен кој го створил светот, го дал Законот и ги инспирирал пророците и кој се лути и осветува и Отецот на Исус Христос - бог на љубовта, милоста и простувањето.

Монтанизам - ерес во 2. век, од Монтан кој тврдел дека примил серија објави од Светиот Дух.

Адопционизам (динамички монархизам), се појавил во 2. век, според кој Исус бил човек кој водел безгрешен живот и како награда Бог го посинил при крштевањето во Јордан

Адамитите (2-4в.)- настојувале да ја обноват првобитната невиност на Адам и Ева пред нивното протерување од Рајот. Тие оделе голи и практикувале свет нудизам при нивните обреди.

Манихејство (гностицизам, дуалистичка ерес 3.век), од Мани, кој се сметал за последен пратеник или физичка реинкарнација на Утешителот (Параклит). Настојувал учењата на Заратустра, Буда и Христос да ги вклучи во единствен филозофски систем.

Поради сите овие ереси неопходен бил да се свика Вселенскиот Собор и јасно да се каже кои се учењата на Соборната Апостолска Црква, а кои не се.

На Првиот Вселенски Собор во Никеја (325), покрај горенаведените ереси осудена е и аријанската ерес.

Аријанство:
Постоело време кога постоел само Бог-Отецот, нероден, прапричина на сѐ што постои. Посакувајќи да го создаде светот и знаејќи дека светот бидејќи бесконечно оддалечен од Бог, не може да го поднесе непосредното дејствување на Неговата творечка сила, Бог-Отецот од небитието создава Битие кое посредува помеѓу Него и светот на Божјиот Син, за да преку Него го создаде светот. Бидејќи е створен од небитието Синот е со поинаква природа, како и целата творевина.
Аријанците тврделе дека Синот е најсовршена божја креација, но е само креација и ништо повеќе.

Поради тоа, утврден е Симболот на верата, т.е. Никејскиот симбол во кој јасно се вели дека Синот е едносуштен со Отецот.

Првобитниот Симбол на Верата (никејски) гласел вака:

Никејски симбол 325:
  • Верувам во Единиот Бог Отец, Седржител, Творец на сè видливо и невидливо;
  • И во Единиот Господ Исус Христос, Син Божји, Кој е роден од Отецот: Светлина од Светлината, вистински Бог од Бога вистински; роден, нестворен, едносуштен на Отецот, преку Кого сè станало;
  • Кој, заради нас луѓето и заради нашето спасение, слезе и се вплоти и стана човек;
  • Страдаше и воскресна во третиот ден, вознесувајќи се на небото
  • И пак ќе дојде да им суди на живите и мртвите
  • И во Светиот Дух
[DOUBLEPOST=1409849780][/DOUBLEPOST]На Вториот Вселенски сабор во 381 г. во Цариград,

покрај осудата на аријанската ерес, како еретички учења се прогласени и македонијанизмот и аполинаријанизмот, како и савелијанството, евномијанците, фотинците, маркелијанците.

Македонијанизам (духоборци, пневматомахи):
Светиот Дух е сoздаден од Бог и е сличен на ангелите и не е достоен за човечко почитување и поклонување

Аполинаријанизам:
Ja негирале човечката душа на Исус. По ова учење бидејќи телото не може да постои само од себе, потребна му е животворна сила. Во човекот таа улога ја има душата, но во Христос душата е заменета со Божествениот Логос.

Савелијанска ерес:
Учи дека во Светата Троица, Бог е еден, а Отецот, Синот и Духот само различни лица на Бога. Отец-создавање, Син-спасување, Дух-посветување. Бог понекогаш се објавува како Отец, некогаш како Син, а некогаш како Дух. Божјото лице на Отецот се губи кога се појавува како Син, а престанува да биде Син, кога се појавува како Дух. Нема три личности, туку една, која се објавува во три облика.
савелијанците говореле дека е еден исти Бог-Отец, Син и Светиот Дух, како што се во човекот - телото, душата и духот.

Фотиновска ерес:
Исус не бил божествен и Логосот не постоел пред зачнувањето Христово. Го негираaт и постоењето на Христос пред неговото зачнување.
Maркелијанска ерес:
Бог во почетокот бил само Едно Битие, но при создавањето на светот, Речта или Логосот излегла од Таткото и ја претствувала Божјата Активност во светот. Овој Логос се отелотворил во Христос и така ја заокружил Сликата Божја. Светиот Дух истотака какко трета Божја Личност излегол од Отецот и од Христос.

Евномијанска ерес;
Бог Отецот и Бог Синот се неедносуштествени, одвоени не само по својата суштина, туку и по желба.
Говореле "Го знаеме Бога како што тој се знае себе си. За својата суштина Бог не знае ништо повеќе отколку ние. Не може да се каже дека таа нему му е позната повеќе, а нам помалку". Tврдењето дека Бог е невозможно да се спознае го сметале како увод во безбожност.

Најважно догматско дело на овој Собор е учењето за Бога Светиот Дух, содржано во осмиот член на Симболот. Покрај овој член, биле дефинирани уште три други со кои се исповеда верата во црквата, Крштението, Воскресението на мртвите и вечниот живот.
Светите Отци на Вториот вселенски собор, без употреба на зборот „единосуштен“, потврдиле дека Светиот Дух е „'сопоклонуван и сославуван заедно со Отецот и Синот.“ Аполинаријанството е отфрлено со додавањето на: „'од Светиот Дух и Марија Дева'“ во членот за раѓањето на Синот Божји.

Симбол на верата (никео-цариградски)(измените во однос на никејскиот се со црвено)

  • Верувам во Единиот Бог Отец, Седржител, Творец на Небото и на земјата, на сè видливо и невидливо;
  • И во Единиот Господ Исус Христос, Син Божји, Единороден, Кој е роден од Отецот пред сите векови: Светлина од Светлината, вистински Бог од Бога вистински; роден, нестворен, едносуштен на Отецот, преку Кого сè станало;
  • Кој, заради нас луѓето и заради нашето спасение, слезе од Небото и се вплоти од Светиот Дух и Марија Дева и стана човек;
  • И беше распнат заради нас во времето на Понтиј Пилат, и страдаше, и беше погребен;
  • И воскресна во третиот ден, според Писмото;
  • И се вознесе на Небото и седи оддесно на Отецот;
  • И пак ќе дојде со слава, да им суди на живите и мртвите, и Неговото Царство ќе нема крај;
  • И во Светиот Дух, Господ, кој живот твори, Кој исходи од Отецот, на Кого се поклонуваме и Го славиме заедно со Отецот и Синот, и Кој говорел преку пророците;
  • Во едната, света, соборна и апостолска Црква;
  • Исповедувам едно крштение, за простување на гревовите;
  • Го чекам воскресението на мртвите;
  • И животот во идниот век. А М И Н
[DOUBLEPOST=1409850143][/DOUBLEPOST]На Третиот вселенски собор во Ефес 431,

осудена е Несторијанската ерес и пелагијанското учење.

Пелагијанско учење:
Човекот може да се спаси само со сопствените дела и дека немал потреба за друга милост Божја освен создавањето слободна волја. Сметале дека првобитниот грев на Адам и Ева не ја помрачува човековата природа и дека нивната постапка нема последици по човештвото

Несторијанска ерес:
Tврделе дека Дева Марија не го родила Исус, туку дека го родила човекот Исус, и не го прифаќале името Богородица, туку ја наречувале човекородица или Христородица. Според нив, во Исус Христос постојат две личности (ипостаси):човекот Исус и божјиот Син Божји или Логос.

Последица: Се одделува Асирската Источна Црква од Православната Црква.
На овој собор било потврдено дека Исус Христос е една Личност со две природи: со божествена природа- од вечноста, од Отецот и со човечка - која ја примил во времето, од Пресвета Богородица.[DOUBLEPOST=1409850259][/DOUBLEPOST]На Четвртиот вселенски собор во Халкидон 451,

е осудена монофизитската ерес и еретичките учења на Диоскор и Евтихиј.

Ересот на Диоскор и Ефтихиј:
проповеделе дека Исус Христос бил единосуштен на Отецот, но во сфаќањето на неговата човечка природа ги проповедале двете природи - божествената и човечката и признавале дека по нивното соединување постанала една природа, така што и на Божеството му ги припишувале и страданијата, маките и тагите

Монофизитска ерес:
Tврделе дека во Исус Христос е присутна само божјата природа, додека ја отфрлале неговата човечка природа. Учеле дека Исус Христос е само Бог, а не и вистински Бог и вистински човек. Тврделе дека Исус не примил плот (тело) од девствената крв, туку бил вплотен на божествен и неискажан начин.

Било потврдено дека Исус од Назарет е една Личност со две природи: човечка и божја. Тој е потполн човек и Тој е потполн Бог.Исусовата човечка природа не е помешана со божјата природа, туку се соединети без да го изгубат својот различен идентитет. Како Бог, Исус Христос е едносуштен со Отецот и Светиот Дух. Како човек Исус Христос е едносуштен со сите човечки битија.

Последица: Се одделуваат монофизитите Ерменската Апостолска Црква, Коптската Црква и Сириската Црква. Под заедничко име познати се како ориентални православни цркви или дохалкидонски цркви.[DOUBLEPOST=1409850308][/DOUBLEPOST]На Петтиот вселенски собор, во Цариград 553, осудено е Оригеновото учење.

Оригенова ерес:
Учел за претпостоење на душите. Претходно душите биле умови кои се насладувале во полнотијата на божјето созерцавање. Потоа се обратиле кон лошо и така им се оладила љубовта кон Бог и по казна биле пратени во тело.

Мислел дека душата Господова постоела порано и дека се соединила со Бог-Логос пред вплотувањето и раѓањето Негово од Богородица.

Учел дека Логосот Божји бил како и сите небесни чинови, за херувимите -херувим, за серафимите -серафим.
Учел дека човечките тела ќе воскреснат во облик на топка, а не во својот прав(вистински) облик.
Учел дека небесните тела се битија кои имаат душа и некаква разумна материјална сила.
Учел дека во Идниот век, Исус Христос ќе биде распнат и за демоните, како што бил распнат за луѓето.
Учел дека Божјата моќ е ограничена и дека створил само толку колку што можел да опфати.
Учел дека казнувањето на демоните и злите луѓе било временски ограничено[DOUBLEPOST=1409850368][/DOUBLEPOST]На Шестиот вселенски собор во Цариград 680-681,

осудена е монотелитската ерес.

Монотелитска ерес
Учат дека Господ Исус Христос има две природи, а по вплотувањето има само една волја (монотелитизам) или едно делување (моноенергизам).

Востановено е дека:
Во Исуса Христа има две природи – Божествена и човечка, а исто така и две волји – Божествена и човечка и две делувања - Божествено и човечко
И двете природни волји и двете делувања се неразделни, неизменливи, неодвоиви и неслеани.
И двете природни волји се неспротивставени, туку Неговата човечка волја се потчинува на Неговата божја семоќна волја.[DOUBLEPOST=1409851193][/DOUBLEPOST]На Седмиот вселенски собор во Никеја, 787 г.,

е свикан заради изјаснувањето околу култот на почитување на иконите. Востановено е дека предмет на почитување е личноста претставена на иконата и дека треба да се прави разлика помеѓу обожување (λατρεια), кое доликува на Бог и почитување (προσκυνησις) кое доликува на светците.

Na početku sledećeg zasedanja po savetu patrijarha Tarasija bilo je odlučeno da se ispitaju sva mesta iz Svetog Pisma, iz svetootačkih dela i iz žitija svetih koja mogu da posluže kao osnov za utvrđivanje dogmata ikonopoštovanja. Među ovim poslednjim, bilo je mnogo povesti o čudesima koja su proizašla od svetih ikona i moštiju. Evo nekih od njih:

U opisu mučeništva sv. Anastasija Persijanca kaže se da je prilikom prenosa njegovih moštiju u Kesariju Palestinsku, kada je narod sa svih strana pohrlio da ga sretne, jedna žena, po imenu Areta, pala u sumnju i rekla:

"Ja se ne poklanjam moštima koje su donete iz Persije".

Kroz nekoliko dana sv. mučenik se javio Areti u snu i upitao je:

"Ti stradaš od bolesti u bedrima?"

Areta nije ni stigla da mu odgovori da je zdrava, kad je odjednom osetila da se zаista razbolela. Dugo se ona mučila u svojoj bolesti, da bi potom, osetivši kratkotrajno olakšanje, počela da razmišlja o tome zbog čega je nju postigla takva bolest. U razmišljanju je provela četiri dana. Ujutro petoga dana ponovo joj se javi sveti mučenik i kaže:

"Idi u Tetrapil. Pomoli se svetom Anastasiju i bićeš zdrava".

Kada su je doneli na ukazano mesto i kada je videla ikonu sv. mučenika, glasno je objavila:

"To je uistinu onaj koga sam videla u snu". Bacivši se na pod dugo je plakala suzama pokajanja i ustala potpuno zdrava.

Pošto je na saboru pročitana povest o ovom čudu, papini izaslanici su izjavili da se pomenuta ikona sv. Anastasija s časnom glavom njegovom nalazi u jednom manastiru u Rimu, a episkop Tavromenijski Jovan dodao je njihovoj izjavi da on zna jednu ženu sa Sicilije, koja je došavši u Rim dobila iscelenje od ikone ovog sv. mučenika.

Zatim je Petar, episkop Nikomidijski, saopštio o čudu koje ce u Beritu95 dogodilo od ikone Gospodnje, dok je iz Evagrija navedena povest o čudu koje je proizašlo od Nerukotvorenog Obraza Spasiteljevog u Edesi. Čudo se satojalo u sledećem:

Jednom je Edesu opsedao Hozroje, persijski car. Sa ogromnih nasipa koji su po njegovoj naredbi podignuti, vojnici su preko zidina strelama gađali žitelje grada. Edešani su odlučili da potkopaju nasipe i da ih spale. Ali vatra koju su palili u potkopima svaki put se gasila usled nedostatka vazduha. Tad su oni uzeli Nerukotvoreni Obraz, doneli ga u potkop, okropili vodom, i kapima koje su ce po njemu uhvatile poprskali slabi oganj, tako da su naslagana drva buknula neobičnim plamenom. Pretvorivši ih u ugalj, plamen je prešao na gornja drva i brzo uništio sve građevine Hozrojeve.

Dogmat ikonopoklonjenja:

"Mi određujemo da se svete i časne ikone postavljaju radi poklonjenja baš onako kako se postavljaju izobraženja Časnog i Životvornog Krsta, bile one načinjene od boja, ili od kockica mozaika, ili od kakvog drugog materijala, samo ako su napravljene na odgovarajući način, bile one u sv. crkvama Božijim, na sveštenim sasudima ili odeždama, na zidovima ili na daščicama, ili u domovima ili pored puteva, bile to ikone Gospoda Boga i Spasitelja našeg Isusa Hrista, ili Neporočne Vladičice naše Svete Bogorodice, ili časnih Anđela i svih svetih i pravednih ljudi. Što češće uz pomoć ikona oni postaju predmet našeg sozercanja, to će se oni koji gledaju na te ikone više pokretati na podražavanje samih Originala, zadobijaće više ljubavi prema njima i dobijati veći podsticaj da ih celivaju, da im odaju poštovanje i poklonjenje, no nikako ne i istinsko služenje, koje po veri našoj priliči jedino Božanskoj prirodi. Oni koji gledaju na ove ikone bivaju podstaknuti da im prinose tamjan i da pale sveće u njihovu čast, kako se to činilo i u starini, jer čast koja se odaje ikoni (liku) odnosi se na njen Original (prvolik), i ko se poklanja ikoni, poklanja se ipostasi onoga ko je na njoj izobražen". "Oni koji se osmele da misle ili uče drugačije", "ako su episkopi ili klirici" treba da budu "svrgnuti", a "ako su monasi ili svetovnjaci", treba da budu odlučeni.
 
Последно уредено:

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
ОК. Но прашањето е “какво е твоето мислење во врска со одлуките“?
И уште едно, извадено од првото. Дали е нормален начинот (или таа постапка) преку гласање да се донесуваат (или носат) такви одлуки? :)
На 7-те вселенски Собори, биле пристуни околу 2 000 (!!!) Свети умови од тие времиња, во чија светост и во чие правилно одлучување воопшто не се сомневам, туку имам полна доверба.

Начинот на одлучување во Црквата се состои во соборното/заедничкото прифаќање на одлуките од соборот, а начинот на одлучување со гласање е неспорен, затоа што на тој начин доаѓаат до израз расколниците и еретиците, кои не сакаат да се потчинат на соборните одлуки, туку тргнуваат од личното високоумие, сметајќи се себе си за поедници кои се поспособни од заедницата/Црквата.
 
Последно уредено:
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
На 7-те вселенски Собори, биле пристуни околу 2 000 (!!!) Свети умови од тие времиња, во чија светост и во чие правилно одлучување воопшто не се сомневам, туку имам полна доверба.

Начинот на одлучување во Црквата се состои во соборното/заедничкото прифаќање на одлуките од соборот, а начинот на одлучување со гласање е неспорен, затоа што на тој начин доаѓаат до израз расколниите и еретиците, кои не сакаат да се потчинат на соборните одлуки, туку тргнуваат од личното високоумие, сметајќи се себе си за поедници кои се поспособни од заедницата/Црквата.
Ок, нешто ко денес конклабата.
Но ме интересира твоето мислење. Дали ти се согласуваш со истото и дали излегува од нормите истакнати во Библијата?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Поштеди ме од лекции и реферати за тоа што била духовноста!
Веќе те штедам: претешко е тоа за тебе...[DOUBLEPOST=1409852654][/DOUBLEPOST]
Како ти дојде до заклучок дека еволуцијата била лага? Преку духовноста која нема допирни точки со рационалноста?
Дијадох вели дека човекот, после падот, има двојна способност: да прима знаења од Небесата и да осознава знаење од Светов.

По Црквата, знаењата кои ни се објавени од Небесата, се знаења од повисока (духовна) и неменлива природа, додека знаењата од Светов (рационално осознаените занеења) се знаења од пониска придоа и се последица од човековото двоумење, ради кое ниту една наука не може да ни даде барем една конечна вистина.

Така, знаењата од повисока природа се рефереренти во осознавање на вистината, а знаењатоа од Светов се менливо-минливи па затоа секоја генрација луѓе си има некоја своја вистина, која не кореспондира со нечија претходо прифатена и надмината „вистина„од Светов.

Према томе, ако Бог ни објави дека Светот и животот се сторени, имаат своја смисла и цел и имаат свој беспочетен Создател, секое човеково мудрување, кое вели дека Светот и животот настанале туку-така, дека се случаен и бесцелен „производ„ од некоја си ќорава еволуција, се обична лага-лага која трае...
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949

Ако луѓето поседуваат знаења што се исклучиво од "пониска природа", како некој како тебе ќе кажува на други што се знаења од повисока природа?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ок, нешто ко денес конклабата.
Но ме интересира твоето мислење. Дали ти се согласуваш со истото и дали излегува од нормите истакнати во Библијата?
Очигледно дека си т‘нок со Светото Писмо.

Имено, Светото Писмо, во делот од Новиот Завет, според кој живее Црквата, нема никаква нормативна одредба! Плус, Новиот Завет не дава никаков конечен одговор на ниту едно битно прашање, што значи дека одговорите треба да ги бараме на некое друго место. Плус, Светото Писмо не е паднато од Небесата па да биде референтно за Црквата, туку токму Црвата е факторот кој го оформи Светото Писмо.

Би било глупо, ако Црквата коленичи пред она кое самата го створила, небаре Писмото е над Црквата.
Вистината не е во Писмото, туку во Црквата.[DOUBLEPOST=1409853219][/DOUBLEPOST]
Ако луѓето поседуваат знаења што се исклучиво од "пониска природа", како некој како тебе ќе кажува на други што се знаења од повисока природа?
Може да се обиде, но не да им го наметне тоа откриено знаење на оние кои поседуват само овосветовно знаење.
Муабетот меѓу верните и неверните секогаш значи опстојување на своите неменливи ставови и позиции.

Знаењето од повисока/откриена природа, секогаш го насочува умот човеков од Светов кон Небесата и кон бесконечноста, а знаењето од Светов го закопува човековиот ум во материјализам и натурализам.
 
Последно уредено:
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Очигледно дека си т‘нок со Светото Писмо.

Имено, Светото Писмо, во делот од Новиот Завет, според кој живее Црквата, нема никаква нормативна одредба! Плус, Новиот Завет не дава никаков конечен одговор на ниту едно битно прашање, што значи дека одговорите треба да ги бараме на некое друго место. Плус, Светото Писмо не е паднато од Небесата па да биде референтно за Црквата, туку токму Црвата е факторот кој го оформи Светото Писмо.

Би било глупо, ако Црквата коленичи пред она кое самата го сторила, небаре Писмото е над Црквата.
Вистината не е во Писмото, туку во Црквата.
Зависи во која смисла тенок. :sneaky:

Јас не се сложувам со тебе. Тоа за вас е света книга и нормално е ти одговорите да ги бараш и да ги даваш од таму, колку и да не се логични за нас или логични за вас.
Затоа ако крштевката е замислена на еден начин, истата треба да се изведува на истиот, а не на различен друг) начин, покрај тоа и има и една “новација“- да се крштева бебе, а не возрасна и свесна особа (намерно пишав новација). Или пак свадбениот ритуал. Секоја црква си има свој замисли. Дали истите се во ред? Ако мнозинството мисли така (Да) затоа што народот на секоја одлука или закон по одреден период се приспособува на истата т.е. истиот. Повторно примерот со крштевката.

Затоа по трет пат. Дали ти гледаш нешто спорно во сето тоа или не? Нема подпрашања, или нешто слично. Ме интересира мислење, став, колку и да е очигледен.:)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Зависи во која смисла тенок. :sneaky:

Јас не се сложувам со тебе. Тоа за вас е света книга и нормално е ти одговорите да ги бараш и да ги даваш од таму, колку и да не се логични за нас или логични за вас.
Затоа ако крштевката е замислена на еден начин, истата треба да се изведува на истиот, а не на различен друг) начин, покрај тоа и има и една “новација“- да се крштева бебе, а не возрасна и свесна особа (намерно пишав новација). Или пак свадбениот ритуал. Секоја црква си има свој замисли. Дали истите се во ред? Ако мнозинството мисли така (Да) затоа што народот на секоја одлука или закон по одреден период се приспособува на истата т.е. истиот. Повторно примерот со крштевката.

Затоа по трет пат. Дали ти гледаш нешто спорно во сето тоа или не? Нема подпрашања, или нешто слично. Ме интересира мислење, став, колку и да е очигледен.:)
- Не, не гледам ништо спорно во учењето од Црквата, оти кога таква „спорност„ би се воочила во Црквата, тогаш „спорноста„ би била и црковно разрешена.
- Како мислиш дека „секоја црква„ има свои замисли. Колку цркви постојат? Колку Христоси постојат? Колку крштевки постојат?
- Свадбата си е свадба, тоа е овосветовна лумперајка, не ја мешај со Светата Тајна брак.
- Крштевањето бебиња е пожелно, оти само со крштевањето се миеме од наследениот грев и само со кртшевањето стануваме Христови, не ѓаволови.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Може да се обиде, но не да им го наметне тоа откриено знаење на оние кои поседуват само овосветовно знаење.
Муабетот меѓу верните и неверните секогаш значи опстојување на своите неменливи ставови и позиции.

Знаењето од повисока/откриена природа, секогаш го насочува умот човеков од Светов кон Небесата и кон бесконечноста, а знаењето од Светов го закопува човековиот ум во материјализам и натурализам.
Единствено што е насочено надвор од светов, е твојот ум очигледно.....
Терај си со тролањето.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Единствено што е насочено надвор од светов, е твојот ум очигледно.....
Терај си со тролањето.
Видиш, ти до мене упатуваш навреди, а јас до тебе одговори на твоите прашања...
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Очигледно дека си т‘нок со Светото Писмо.

Имено, Светото Писмо, во делот од Новиот Завет, според кој живее Црквата, нема никаква нормативна одредба! Плус, Новиот Завет не дава никаков конечен одговор на ниту едно битно прашање, што значи дека одговорите треба да ги бараме на некое друго место. Плус, Светото Писмо не е паднато од Небесата па да биде референтно за Црквата, туку токму Црвата е факторот кој го оформи Светото Писмо.

Би било глупо, ако Црквата коленичи пред она кое самата го створила, небаре Писмото е над Црквата.
Вистината не е во Писмото, туку во Црквата.[DOUBLEPOST=1409853219][/DOUBLEPOST]

Може да се обиде, но не да им го наметне тоа откриено знаење на оние кои поседуват само овосветовно знаење.
Муабетот меѓу верните и неверните секогаш значи опстојување на своите неменливи ставови и позиции.

Знаењето од повисока/откриена природа, секогаш го насочува умот човеков од Светов кон Небесата и кон бесконечноста, а знаењето од Светов го закопува човековиот ум во материјализам и натурализам.
Е тука си во право,бидејќи Светото Писмо не дава одговор ниту со докази го поткрепува своето толкување на светот,тогаш Црквата нема никакво право да се меша во научните дисциплини.Неможе кога сега во 21 век е потполно потврдено дека земјата има форма на топка,да се верува дека е рамна.Не може да се прифати за вистина дека на Исус Навин кога ја освојувале Евреите Светата земја,дека Сонцето му запрело,за време на битка(Сонцето и така не се движи околу Земјата,па да запре).Дека сите небесни тела се створени после стварањето на Земјата,тоа е само мит во верувањето на номадските пастири.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom