Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.157
Поени од реакции
1.127
Некој покнкретно ако може да ми каже за предметот Формални јазици и Автомати,тежок или лесен?
Предметот е релативно лесен и интересен. Има малце досадна теорија, во стилот на забегани докази кои никој не ги разбира, ама нема ни да ги бараат. Задачите се интересни, те тераат да размислуваш. Се положува лесно, само труди се да бидеш присутен на вежбите, таму ќе ви ги кажат сите "финти" за разлинчите типови на задачи. Материјалот е доста едноставен, јас лично само по ден два пред колоквиум учев а го положив со солидни резултати.
 

Falcao

rossonero per sempre
Член од
28 мај 2008
Мислења
1.986
Поени од реакции
561
Има некој тука што полагаше Кал.3 минатата недела поточно на 25.08?
 
M

Mr.InF3ction

Гостин
Ако може некој шо има работено Windows Phone да дај некој туториали за некој најосновни работи.. Ми треба за Кориснички интерфејси па незнам од кај да почнам имам цели книги спуштено ама треба за 5-6 дена да напрам проектна.. Ај ако можи помош.. :D
http://www.microsoftvirtualacademy.com/product-training/windows-phone
http://pluralsight.com/training/Courses#windows-phone

Исто така на страната на Microsoft имаш многу примери, можеш да искиристиш готови работи за да не смислуваш топла вода :)
 
Член од
1 мај 2014
Мислења
112
Поени од реакции
170
Ако може збор-два за следните предмети:
*Моделирање и симулација (Дали е повеќе математика зошто гледам дека предуслов е веројатност?)
*Вовед во препознавање облици
*Пресметување со високи перформанси
Фала однапред :)
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
2.680
Поени од реакции
1.805
Интерактивни апликации или веројатност и статистика?
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.613
Поени од реакции
52.464
Интерактивни апликации или веројатност и статистика?
Интерактивни го паднаа пола од тие што го имаат запишано, ама сепак не е нешто ептен тежок.

За веројатност еве коментар
Кој у здрав мозок би зел веројатност за изборен кај Бакева?
 
Член од
5 декември 2009
Мислења
439
Поени од реакции
66
многу поделени мислења добив, може нешто поопширно?
Другар од правен да дојди на факултет и да му речам избери меѓу Веројатнос и статистика и Интерактивни апликации че избери Интерактивни апликации. Пошто сите зна дека кога е во прашање избор меѓу 'нешто' и Веројатнос и статистика, секош е то 'нешто'. А башка Интерактивни е еден од полесните предмети.
 
Член од
13 мај 2012
Мислења
55
Поени од реакции
21
Дали некој има слушано Мултимедиски системи или Визуелизација?
Ме интересира како се организирани предметите, дали се полага практично на компјутер или теоретски на хартија.
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
4.251
Поени од реакции
909
Дали некој има слушано Мултимедиски системи или Визуелизација?
Ме интересира како се организирани предметите, дали се полага практично на компјутер или теоретски на хартија.
Мултимедиски системи а.к.а Мултимедија го држеа Марија Михова и Миле Јованов лани. Ова во зависност од смерот, може други луѓе да ти го држат.... Лани имаше два лесни теоретски колоквиуми во тетратка и незадолжителни лабораториски вежби во кои се учат некои алатки за едитирање видео,звук, слики и сл.... Не се задолжителни за правење или присуство.
Предметот исто има главен групен проект кој се работи цел семестар по делчиња. Проектот е снимање на веб спот на некоја народна песна. :facepalm:. Снимано или анимирано... Ако е снимано мора да вклучува некое мало анимирано делче.....Ќе имаш домашни секоја недела (или на две недели) во кои треба да направиш делче од проектот.... пример сценарио да смислите за спотот, па story board да направите, па нешто друго поврзано. И на крај се оценува цело....

Ако ти е изборен, а не те интересираат вакви работи, не го запишувај џабе замарање е.
 
П

Паган-др

Гостин
Збор-два за логичко и функционално програмирање, интерактивни апликации, интернет програмирање? Што се учи, лесен-тежок? Еден изборен ќе земам напредно програмирање, за другиот не знам.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
843
Поени од реакции
444
Има некој слушано некој од овие предмети, треба да изберам три предмети за 5-ти семестар

Посебно ме интересира дали се повеќе со програмирање овие предмети или со теорија? Може препорака и за други предмети за 5-ти семестар[DOUBLEPOST=1409772287][/DOUBLEPOST]
Збор-два за логичко и функционално програмирање, интерактивни апликации, интернет програмирање? Што се учи, лесен-тежок? Еден изборен ќе земам напредно програмирање, за другиот не знам.
Интерактивни апликации го имам слушано, прв колоквиум се учи jSwing(GUI во јава), а втор колоквиум се учи jQuery и AJAX. Мене ми беше интересен предмет, после jQuery го користев и на проекти по некои друг предмети. А за тежок зависи колку ти иде програмирање, ама од моја генерација многу го избрааа затоа што мислеа дека ке биде лесен и сега после третата сесија има ~240 паднати од ~440 што го слушааа предметот што за изборен е многу. Најлесен би требало да е интернет програмирање.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom