Дали некој има слушано Мултимедиски системи или Визуелизација?
Ме интересира како се организирани предметите, дали се полага практично на компјутер или теоретски на хартија.
Мултимедиски системи а.к.а Мултимедија го држеа Марија Михова и Миле Јованов лани. Ова во зависност од смерот, може други луѓе да ти го држат.... Лани имаше два лесни теоретски колоквиуми во тетратка и незадолжителни лабораториски вежби во кои се учат некои алатки за едитирање видео,звук, слики и сл.... Не се задолжителни за правење или присуство.
Предметот исто има главен групен проект кој се работи цел семестар по делчиња. Проектот е снимање на веб спот на некоја народна песна.
. Снимано или анимирано... Ако е снимано мора да вклучува некое мало анимирано делче.....Ќе имаш домашни секоја недела (или на две недели) во кои треба да направиш делче од проектот.... пример сценарио да смислите за спотот, па story board да направите, па нешто друго поврзано. И на крај се оценува цело....
Ако ти е изборен, а не те интересираат вакви работи, не го запишувај џабе замарање е.