Ах таа моја чудесна земја......
Кога ќе научиме да почитуваме правила и прописи? И не само што не ги почитуваме туки и се курчиме кога сме виновни.
Проблемот е што законите се нејасни и секогаш постои сива зона, па така понекогаш професорите ни криви ни должни го јадат стапот за ќефови на разгалени деца.
Пред неколку години имаш ситуација..... Двајца ученици малтретираат трет, односно го префрлаат преку оградата од првиот спрат и го држат за нозе, а ученикот виси со главата надолу. Еден професор го забележал тоа, успеал да дојде од зад грб на ученициве и да го фати и извлече ученикот што виси. Во наплив на бес им врзал по два шамари на мелтретирачите. Завршницата ја знаете, професорот беше суспендиран за насилство.
Што треба да направи, да се направи наудрен како многу негови колеги и да остави децата да се испоубијат меѓу себе?
Вадењето мобилен не е сериозен прекршок, но ако почнеме да ги кршиме правилата и заобиколуваме законите утре некој ќе направи нешто посериозно, па посериозно, за на крај некој ученик да извади пиштол на час и доколку професорот му го одземе ученикот да се буни за нарушување на приватноста и сопственоста.
Некои професори практикуваат пред почетокот на часот, учениците да ги остават телефоните на катедра, а по завршувањето на часот да си ги земат назад.
Што е проблемот да се почитуваат правилата. Што е проблемот кога ќе се влезе во кино да се исклучи телефонот и да не им се преќи на останатите.
Во многу фирми и установи забрането е носење на телефон со вградена камера или употреба на средства за фотографирање, за прекршок на ова правило следи казна. Што е поразлично правилото за неупотреба на мобилен телефон во училница.
Заради вакви толеранции на шерифување уште од мали нозе имаме појава на индивидуи кои и како возрасни прават што сакаат и ги малтретираат останатите.
За да може опшеството правилно да функционира ПРАВИЛАТА И ПРОПИСИТЕ МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ. Ако некое правило или пропис не ни се допаѓа може да покренеме иницијатива за негова промена, но неможе како поединци да се ставаме над законот и да ги малтретираме останатите за личен ќеф.