Не знам дали би било добро да се проба Вилшир да игра поповлечено сега веќе кога не земавме ДМ, играше он и порано на таа позиција, само прашање колку е физички спремен за тоа. А во таква ситуација ем нема да го гуши напред нап-адот, ем на Озил ќе му ја остави неговата позиција и нема да мора овој да оди на крило, Казорла ќе биде лево, дур не се врати Тео, па после ќе биде тројца брзи и итри играчи Санчез-Велбек-Тео.
Иако со сите повреди не верувам дека некогаш ќе дојде до тоа, треба Венгер да не ја жртвува играта и формацијата само за сите да играат во прв тим, значи понекогаш еден од Озил и Казорла, или еден од Ремзи и Вилшир треба да бидат на клупа оти не оди кога играат заедно.
И каде е Диаби, он кога би бил здрав би можел да има битна улога во средината, но наводно требаше да биде спремен за сезноава а го нема никаде во тимот.