Шо и Eрера беа веќе договорени само Гал даде одобрение. Рохо е донесен на барање од Гал пошо му се свидел на натпреварот против Аргентина, исто кога стариот го пикираше Џонс кога игравме против Блекбурн(7:1). На Ди Марија му бевме единствена шанса да замине од Реал, а Мендес само ја убрза работата. За Фалкако не ме чуди да се деси пошто Перси е веќе 31 години, ќе оди на операција и не се знае за колку месеци и во каква форма ќе се врати.
Рохо изигра многу јако светско, ама немој така да се лажеш дека на ван Гаал му се свиѓало како играл за Аргентина и да темели мислење на 6 утакмици од СП.
Кога цела претходна сезона беше просек за Спортинг и играше како халф.
ако ван Гаал го донесува во Манчестер да игра лев-бек (она што го играше за Аргентина) тогаш океј! ќе го прифатам ова ти што го рече и дека го воодушевил како играл за Аргентина. АМА ако Рохо игра како халф која е целта? на ван Гаал му се допаднал Рохо како игра на позиција
лев бек и рекол да му го донесат за да му игра халф? ова ми изгледа на аматеризам и затоа не верувам дека е точно.
Не знам ова како да го сфатам. Како позитивна или негативна работа...
има и позитивни работи има и негативни работи, така да неможам да ти дадам точен одговор
Ерера и Шо беа на шортлистот на нашиот скаутинг тим како веќе идентификувани цели, Ван Гал само ги одобри. На Ди Марија и кој сака да му е агент сигурно нема не да каже... Во него го препозна Робен што го имаше во Баерн и Холандија
знам Ерера требаше уште пред една година да се реализира, а за Шо незнам што да кажам го имам гледано во Саутемптон и не ми има паднато во очи.
секако за Ди Марија не постои тренер што ќе стави вето за неговиот трансфер, Јунајтед е во лоша ситуација не игра ЛШ и со самото тоа стануваат помалце привелчен за некои играчи.
Можеше ЛВГ да си донесе колонија од Холандија, ама тие не се толку атрактивни за во клуб како Манчестер кој бара топ играчи и тука секако на сцена стапува Мендес и неговите клиенти. Не паѓајте на тие фори дека Ди Марија сонувал да работи со ЛВГ или па да игра за Манчестер, тоа сите го изјавуваат еве и Фалкао ќе има слична/иста изјава.
Фалкао е жртва на модерниот фудбал и човекот тешко дека ќе остави “печат“ во фудбалов и неможе да се пофали со играње во ЛШ ова ќе му биде 4 сезона по ред без ЛШ, згора на се несреќно пропушти СП. Мендес си го шетка по негови клубови и си прави пари додека и на Фалкао не му е лошо уште и во Атлетико зимаше јака пара.
Иначе да се наврзам на муабетов, дека да не беше Мендес тешко дека во Манчестер ќе ги видевме Ди Марија и Фалкао.. да беше така лесно за Манчестер ќе потпишеше Видал, ама да он не е клиент на Мендес. Или пак Бенатиа. ЛВГ може да дава зелено светло за трансфери колку сака и да бара време да го уигра тимот, ама седна на клупа и влезе во опасна машинерија, каде што се потрошија многу пари на трансфери и нормално е да бараат успех.
Манчестер моментално наликува на Реал од пред неколку години, им требаат дефанзивци, а они купуваат скапи напаѓачи. Рохо е може подобар од Еванс али далеку од класа дефанзивец, кој може/треба да биде лидер или слично, Рохо е играч што прави глупости и глупи црвени картони како и шутеви од 40-50 метра. Убаво викаат јужно американците - “со добри напаѓачи победуваш утакмици, со добри дефанзифци освојуваш првенства.“