Да, затоа што Ливерпул нема инвестирано повеќе од 50 милиони во последниве 3 години, беа приморани да го продадат најдобриот играч, купуваа млади фудбалери кои се ризик.
Кај Јунајтед ситуацијата е друга. Веројатно до крај на преодниов рок трошењето ќе биде над 200 милиони евра, а ако ги ставиш последниве 3 години во равенката ќе стигнеш над 300 милиони фунти. Тоа е сума на пари еквивалентна на таа што ја вложува Реал, Барса, Баерн, Сити, Челзи. Нормално е дека очекувањата за успех да бидат исти. Веројатноста Ван Гал да преживее без пласман во топ 4 е минимална. Единствено оправдување би било ако цела сезона има по над 5 повредени фудбалери, а тоа е малку веројатно.