VoniVaraS
Искусен :)
- Член од
- 20 април 2009
- Мислења
- 543
- Поени од реакции
- 328
Поддржувам идеја за малку посериозен натпревар.Следната недела е време и на распуст да одиме м?
А може време е и да напрајме маааалку посериозен фото натпревар, јас разбирам дека нема награди, ама ако има слики со чкртки во пеинт и гласања за пријателите (иако очигледно е лоша фотката), а нема нит конструктивни критики...не викам дека знам да фотографирам, ама вака не учам ништо и досадно станува
Се обраќам до сите што поставуваат слики за натпревар.
Гледам дека се загреавте за натпреварување ама некако ми се чини ко да немате секогаш испирација кога сте ги правеле фотографиите а исто така и малку “досадни“ теми почнавте да бирате.
Пример минатата тема со планина беше апсолутно не инспиративна па така и не гласав. Јас сакам планина ама моментот кога си на врвот и тоа како се чувствуваш, мирот, тишината или песната на птиците, ветрот што дува... или што и да ти причинило задовослтво и сатисфакција го чувствуваш САМО ТИ. И само ти и можеш повторно да си ја доживееш фотографијата гледајќи ја и потсетувајки се на тие моменти. Вашите слики на мене ми беа сите “исти“ (зелени ритчиња ).
Фотографијата за да е добра треба да има “приказна“.
Еве на пример последниве фотографии од контраст натпреварот.
Зебрите - Дали се тоа семејство на зебри или се рандом? Од фотографијата не се гледа ништо (блискост, топлина, поврзаност... помеѓу зебрите) . Истото тоа го гледаш било кој ден ако отидеш во зоолошка.
Зајдисонцето - по досадно здравје башка мислам и дека е надвор од темата.
Цвеќињата, кучето, шкорчињата, шишарката... не се воопшто за коментар. Нека ми каже некој дали гледа некаква “приказна“ тука. Може сум грешка може не гледам ко што треба.
Коњите - Дали се пар? Дали кобилта му се наљутила нешто на коњот па е овој малку тажен? Имало можност за приказна ама слабо доловен момент и според мене не квалитетна фотографија.
Окото - Убаво зелено око со кармин ставен на погрешно место . Фотографија со која евентуално проверуваш моментална состојба на шминка. Не е ни да ја меморираш на компјутер туку веднаш после гледање се брише.
Рибата - Ми личи на гладна.
Џусот - е доволно ладен за освежување од топлово време.
Девојката - Јас го “видов“ само манијакалниот пофтеж на Лет 3. Односно како предатор што го набљудува својот плен од повисоко. (има приказна ама не ми се допаѓа приказната )
И ми остана сликата на Ацид. Морам да признам дека ми е малку нејасна (дедото дали вика „еве види ме каков бев строен како млад“ или „Види ја баба ти каква беше...“) ама што и да е приказната сепак некако највеќе ми се допадна. Ќе гласам за него.
Се извинувам ако бев малку груб во коментарите ама мислам дека е конструктивна критика без намера да навредам.
Понудете приказна, човек кога ќе ја погледне сликата да расмисли за неа.