@goodlife_filipsis
Добро јас и ти знаеме повеќе од селекторот на Чиле, Сампаоли?
Како што кажав Јунајтед да плати 40 - 45 милиони фунти што е реална цена и Јувентус толку бара во секое време ќе ја прифати понудата
Добро сега, ти знаеш повеќе од Марота и Ањели?
И гледам пак не си ме сватил за овој дел...
Не е таква трансфер политиката на клубот Шаќири има фиксна цена од Баерн и кој и да ја плати ќе го добие не збориме за играчи од типот на Исла, Азамоа, Ромуло, Переира збориме за играчи од повисока класа ко Шаќири, Подолски и Чичарито овие играчи Јувентус да сака и може веднаш ќе ги купи нема потреба од позајмици кога сите се докажани играчи и нема што да се експериментира.
Како што кажав, Јувентус си игра на сигурна карта, позајмица па ако се докажи играчот во текот на сезоната си го откупуваат. Порано кога бевме во криза, фрлавме по 25 милиони за играчи од типот на Поулсен, Мело, Красиќ и останата барга која не направи ништо освен тоа што ни донесе 2 последователни седми места.
Сега друга е трансфер политиката, прво нека се докаже играчот, па потоа парите.... Јебига така работи сега Јувентус, можеби ти е чудно на тебе како фан на Јунајтед што во билокое време може да фрлите огромна сума на пари за некој играч, ама тоа е.
Пример можевме Итурбе да го земеме за 27 милиони, без рати и слични глупости (според тебе), но нивниот претседател стануваше се поалчен, и фала богу дека не го земавме играчот. Тоа е или го даваш, или не, друго чаре нема. Глупо е да помислиш дека тимот кој еве веќе трета година е шампион на Италија, постојано игра во ЛШ, и има сопствен стадион да нема пари да плати еден Подолски (цена околу 10 до 15 милиони евра), Шаќири (до 25 милиони евра), или Чикарито (цена до 20 милиони евра).
Челниците несакаат да ризикуваат со билокој фудбалер, па макар тоа било и Роналдо и Меси. Затоа се позајмиците... докажи се во тимот, и ќе те откупиме. Фала, чао, пријатно
Така да твојата логика за 45 милиони за Видал и неговото продавање не ти држи вода. Да сакаа Јувентус да го продадат одма, ќе го продадеа, не се интересираат само Манчестер за Видал, туку и Реал се интересираше, и Барса, и Сити и сите други, само што Марота категорично ги одби. Не им се потребни пари, нема потреба да го даваат играчот