Кошаркарска репрезентација на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Христов
  • Време на започнување Време на започнување
Btw Магдевски нити е,нити ке биди добар во иднина,врска си нема појма си нема,Хендрикс најдобар иако сеуште ми е криво што Мекелеб си замина за него,Соколов Гјуровски се надежни играчи,Трајковски исто така дрво но има тронка надеж и во него,за браќата се знае добри се и двајцата...Каков Магдевски тој ако не се откаже од кошарка за некоја год јас глава сечам.

I must have known some other Соколов
 
Nikoj im go spori uspehot na reprezentativcit, tuku diskutirame za poedini igraci koi se forsiraat co nasata javnost.
Kako za sporedba: Jusuf Nurkisc Dario Saric pa i Cedi Osman(Roden vo Mk) se po 18g, i se svetlosni godini pred Nikolovski.
Timot e taj igracite se tie, najbitno e so ima zelba ima timski duh ima dobar trener i so toa dobar tim, talenti vo repkata nema ;)
 
А што се однесува до Ѓуровски тој е најпреценетиот играч за кој се зборува кај нас изминативе години, колеџ колеџ, кој кур е колеџот ја стварно не знам, не му ја знам ни позицијата која ја игра, нема височина и снага за у рекет против посилни противници, нема ни ш од шут да игра 3ка на пример, дечкото е само еден истрениран просечен играч снаодлив под рекет и добар скокач за НАШИ услови.
Се сложувам дека се претерува со Ѓуроски, вистина го дава максимумот, но во NCAA во три сезони изигра вкупно 193 минути, што стручњаците многу лесно може да го проверат. Штом во колеџ лига имаше толкава минутажа, се гледа колку му е квалитетот. Што се однесува до позицијата, од она малку што го пратев, мислам дека играше на ниско крило. Од Тони Кукоч е далеку со галаксии, да биде пола од Дејан Јовановски би било супер. Не сакам да го деградирам дечкото, тоа ни е квалитетот, се труди, изгледа за овој циклус тоа е доволно.
 
Каде е Ѓуроски преценет, освен летото кога дојде во репрезентација заедно со телено Зафировски и уште некои дијаспорци, тогаш медиумите ја створија целата фама, засилувања од колеџ бла бла бла, без уопште да ги видат играчите.
После тоа јас немам ништо слично видено, нит па слушнато. Ако вие ги рачунате муабетите на другарите и маалските експерти...

Реално е солиден играч за наши услови. Се гледа дека има тренирано во странство зошто е многу побрз, поскочен, поагилен од сите наши домашни репрезентативци. И сигурен сум дека и ради тоа игра пред играчи како Брчков на пример.
Тоа што има 0 кошаркарска интелегенција е друга работа...Тоа тешко дека може нешто да се поправи. Можеби може малку на шутот да поработи.
А најмногу ќе придобие ако стави некое кило плус и да може да чува легитимни 4ки со 205-210 цм и барем да има некоја шанса против нив.
 
Добри си се децата, гарант никој не го очекуваше овој исход. Целта беше само пласман, тоа е скоро остварено и се над тоа може да биде плус. Здравје нека продолжат вака и нека напредуваат па можеби во блиска иднина и да изненадат, зашто да не.
 
абе сега само да ги тепаме Белорусија и сто посто сме пласирани дури и како втори ... Затоа што ние како 2 место (без дуелите со Данска) ќе имаме 7 бода, а на пр Русија, Грузија или Германија ќе имаат 6 бода .. Така да само треба да победиме без да бркаме разлика за прво место ..
 
Ау! Идиотизам и критикување за кошарка од СИГУРЕН СУМ, стручњаци што имаат гледано кошарка од Македонија кога ја победи Литванија. Па дали сте вие нормални? Дали знаете дека ние со многу подобар ростер, неколку пати не се пласиравме на европско? Дали знаете, во какви услови, најпрво од топли (во зима), ладни (во лето) работат сите млади играчи во Европа и Светот, освен ние и уште 10тина утепани земји. Дали знаете дека прва лига кај нас се игра на -20 во зима? Дали знаете дека Перо, Тоше, Станко, Бо, Владо, Пеџа не играат? Значи тоа се 6 играчи, со плус Војдан и Дамјан ја делеа цела минутажа, ДАЛИ ЗНАЕТЕ!? Имаме играчи, кој се тие, ШТО СЕ! Играат, се борат, имаат 4-1, ало ЧЕТИРИ-ЕДЕН, што сакате ВИЕ?

Да и не сте вие виновни, што никогаш и не сте биле во сала на прволигашка утакмица и сигурно не ги ни знаете Дарко Соколов, Марко Симоновски, Бојан Трајковски, за Андреј сте разбрале вчера па сега го критикувате, Александар Костовски, за Хендрикс да не зборам, тој игра игра Евро Лига, на СпортКлуб го даваат ова натпреварување, некогаш ако сте во можност пуштете, ќе го видите. За Марјан Јанески, Стојан Ѓуровски да не зборам, за нив сигурно и прв пат сега слушнавте.

Овие ДЕЧКИ, толку можат. Не се Бо и Перо, ама ете играат одбрана, го слушаат тренерот и се пласиравме на Европско. Да се пласиравме на Европско, чудно ви е!? АЛО РУСИЈА И ГЕРМАНИЈА НЕ СЕ СИГУРНИ ДАЛИ ЌЕ ИГРААТ НА ЕВРОПСКО, Р-У-С-И-Ј-А и Г-Е-Р-М-А-Н-И-Ј-А. Ру-си-ја, Гер-ма-ни-ја ако сакате и на слогови, да можете поубаво да прочитате. И Италија со нив со 5 НБА играчи, Црна Гора исто.

Сега да ви објаснам и за Андреј, за вие кој прв пат го гледате. Андреј е еден од најтелнтираните играчи во Европа, на деца родени 1996 год. Играше неколку години во Партизан, каде што немаше право да игра домашно првенство, заради правилото што го имаат во Србија дека странци неможе да играат младинска лига. Оваа година играше за РЕАЛ МАДРИД, ФАКИНГ РЕАЛ МАДРИД. Знаете како изгледа тоа? На подготовките тренираше со Миротич, играш кој потпиша договор вреден 10тици МИЛИОНИ ЕВРА за една година во Чикаго. Тренираше со Тремел Дарден, Џеј Си Керол и да не ви ги набројувам веројатно, прв пат читате за нив, а камоли да ги имате гледано. Одигра неколку пријателски натпревари за првиот тим на Реал Мадрид.
Реал него го доведе пред се, за да игра во младинскиот тим каде што Реал го освои првенсвото, а Андреј беше еден од најзаслужните за тоа, има и клипови, ако сакате реплицирајте ми, ќе ви пратам.

И уште нешто за него, Андреј со неговиот тим РЕАЛ МАДРИД играше финале на Ф8 турниот во Милано. Турнир кој се игра секоја година, каде што најдобрите млади тимови од Европа играат истите денови со Ф4 турнирот во сениорска конкуренција. Андреј играше по 30 минути, играше прва петорка. Изгубија од Звезда во финале.

Уште ова, лани летово учествуваше на Џордан кампот, а за да знаете тоа е камп каде што прво се селектираат најдобрите 30-40 деца на иста возраст. Тренираат сите заедно, а после тоа остануват 10 или 12, не сум сигурен. Тој остана со најдобрите. Толку за него и за нашата репрезентација. Уште сега да ви кажам, прво да победиме задутре, па после да видиме во каква група ќе бидеме, но не очекувајте кој знае што на Европското, за да не ги плукате дечките што направија се за да бидеме таму, спорски поздрав.
 
Се убаво си напишал, и јас сум дека Магдевски ни е иднината, не го пљувам, но не ми е јасно зошто не го задржаа во Реал ако е меѓу најталентираните ?
 
Се убаво си напишал, и јас сум дека Магдевски ни е иднината, не го пљувам, но не ми е јасно зошто не го задржаа во Реал ако е меѓу најталентираните ?
Ама и сега е во јака екипа... вториот тим на Уникаха Малага, што е напредок споредено со Реал, каде играше за јуниорите.
 
Магдевски е голем потенцијал на македонската кошарка,и е екстра квалитет за наши услови,али играчиште за европски рамки,па ударен плеј во иднина на реал и остали европски великани-мало сутра
 
христов бате
Ќе излезе се на виделина за 3-4 години.Македонскиот џордан ќе неможе во мзт место да фати а не во реал мадрид како што си правиш бајрам со умот.
Никој не ги критикуваше играчите, си даваа свое мислење дали ќе го биде некој , дали нема и каде сме најслаби.Што има ти дасе докажуваш дека си кошаркарски експерт и да го потиш?секој си има право да се искажи.
Тоа што се пласираа на еворопско и е успех- сите знаеме ама што треба да правиме сеа ??? Сите да пишуваме лелеллеелле магдевски зверррр , лелеле костовски машиноооооооооооооо ???
 
христов бате
Ќе излезе се на виделина за 3-4 години.Македонскиот џордан ќе неможе во мзт место да фати а не во реал мадрид како што си правиш бајрам со умот.
Никој не ги критикуваше играчите, си даваа свое мислење дали ќе го биде некој , дали нема и каде сме најслаби.Што има ти дасе докажувам дека си кошаркарски експерт ?секој си има право да се искажи.
Тоа што се пласираа на еворопско и е успех- сите знаеме ама што треба да правиме сеа ??? Сите да пишуваме лелеллеелле магдевски зверррр , лелеле костовски машиноооооооооооооо ???
Шо не си станал ти еден кошаркар па да си јак на терен како што си јак со тастатурата?
 
Кристијан Николов можеби ќе беше подобар од Магдевски, али штета стана Турчин заради инвалидиве од федерација.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom