@Nostalgia
Самата веридба, со стројници, дарови, со сите адети е настан за паметење, за свадбата да не зборам: барањето венчаница у пет града, па бирањето дарови за кумот, па играњето пет ора пред зградата наместо три, затоа што невестата не е вратена од фризер, додека циганот ти свири на увото со труба, или пак екстазата кога ќе клекнеш меѓу два тапани!!
Бирократската процедура на средување документи пак е авантура како слегување во центарот на Земјата.
Заебанција на страна: те разбирам зошто сакаш да земеш Македонка, особено ако живееш во Австрија (Австријките се многу разуздани, дури и за моите либерални сфаќања). Љубовта не познава бариери. Со мајка и татко до море, со момче преку море! Најважно е да се сакате, ти неа, таа тебе. Тогаш се’ е можно.
Најлесно е да бидеш искрен, без заткулисни игри демек да видиш дали е со тебе заради тебе или заради нешто друго. Ако некоја е зацепана у тебе, се гледа, ебаго.
Три месеци не се малку. Ден што носи, година не носи.
Јас уште на првата средба со домаќинот знаев дека ќе се земеме, ама пошто живеевме у различни држави мораше да се убрза работата, одма си кажавме се’ што има да си кажеме (т.е. сите срања што не’ имаа заедесено у минатото), имавме секс, готвевме заедно и му реков дека најдобро ќе биде да се земеме, оти таква невеста како мене нема да најде. И толку!
И си живееме среќно и весело
пс: на свадбата кога ќе одиш по невестата да ги земеш
Агушеви.