Манчестер немаа појма денеска. Најреално зборувам. Голот на 0-1 го дадоа после единствениот напад во цело полувреме. Тешки дупки се и шала на страна, Сандерленд многу повеќе заслужи на овој натпревар.
Очајно излгеда оваа 3-4-1-2 формација на Ван Гал. Има еден куп несоодветни играчи, на несоодветни позиции со погрешна задача на теренот. Сепак меѓу најпромашените е Јанг, кој нема најосновна идеја од одбрана. Флечер мислев дека е пензиониран, додека позитивни беа Блекет и Џонс.
Сандерленд игра добро, многу подобро од минатата сезона. Треба само да се избегнат наивните грешки како онаа при примениот гол, каде што од ништо одбраната дозволи да се затресе мрежата. Џакерини само да се врати и се ќе биде комплетно