Идиотизмот кој се појави со ALS Ice Bucket Challenge

  • Креатор на темата Креатор на темата Цепелин
  • Време на започнување Време на започнување
Без предизвиков, голем број на луѓе не ни знаеа што е ALS а не па да донираат. Со самава игра, ако можам така да ја наречам, се прошири знаењето и луѓето почнаа да донираат. Дури и да не донираш помагаш на некој начин пораката да стигне до некој што навистина има пари и ќе донира.

Granted, повеќе од македонциве а и идиотскиов народ низ светов не ни размислиле на ова, туку несвесно помогнале.

Сепак, не ги оправдувам оние што имаат можност($$$$) и го прават предизвикот а не донираат.
Голем број од овие што се објавуваат по фејсбук како го прават предизвикот уште не знаат што е ALS
 
Без предизвиков, голем број на луѓе не ни знаеа што е ALS а не па да донираат. Со самава игра, ако можам така да ја наречам, се прошири знаењето и луѓето почнаа да донираат. Дури и да не донираш помагаш на некој начин пораката да стигне до некој што навистина има пари и ќе донира.

Granted, повеќе од македонциве а и идиотскиов народ низ светов не ни размислиле на ова, туку несвесно помогнале.

Сепак, не ги оправдувам оние што имаат можност($$$$) и го прават предизвикот а не донираат.
Друже, моите се лекари цела фамилија и од бројките на заболени случаи што ги имам дознаено, карциномот поготово оној на белите дробови, на матката и зголемената неплодност кај машките се триото врвни проблеми во Македонија. АЛС во Македонија е како да бараш црнец во Македонија. Пак ќе кажам, оставете ги овие работи во државите што имаат висок квалитет на живот (квалитетна храна, контрола на производи, чист воздух, мањак на загаден воздух..) Ние не треба да се поливаме со мразови, ние треба да излеземе и да искршиме се од министерства за здравства, животна средина за магливе што се јавуваат на зима, за смогот што се гледа од Водно, за ова што јадеме буквално срање од храна, да ми простите и такви работи. Со тоа се почнува.

Смешно е баш ние една шака народ на Балканов да шириме познатства, искуства, не знам што.
 
Во САД, со многумилионско население има само 30,000 болни од ALS и тоа е главна причина зошто бараат донации - зошто големите фармацевтски компании не прават истражување за креирање на лек за оваа болест, бидејќи не им се исплати на толку мала бројка на заболени.
 
Друже, моите се лекари цела фамилија и од бројките на заболени случаи што ги имам дознаено, карциномот поготово оној на белите дробови, на матката и зголемената неплодност кај машките се триото врвни проблеми во Македонија. АЛС во Македонија е како да бараш црнец во Македонија. Пак ќе кажам, оставете ги овие работи во државите што имаат висок квалитет на живот (квалитетна храна, контрола на производи, чист воздух, мањак на загаден воздух..) Ние не треба да се поливаме со мразови, ние треба да излеземе и да искршиме се од министерства за здравства, животна средина за магливе што се јавуваат на зима, за смогот што се гледа од Водно, за ова што јадеме буквално срање од храна, да ми простите и такви работи. Со тоа се почнува.

Смешно е баш ние една шака народ на Балканов да шириме познатства, искуства, не знам што.
Валиден коментар. Ипак, челенџов ни докажа дека доколку се сака да се организира некаква акција за собирање средства, постојат креативни начини.

Зошто кај нас нема човек што ќе организира акции за прибирање средства за болестите што ги спомна и тие акции да бидат успешни?
Затоа што тие што можат да донираат, газдите на големите фирми, не го виделе животот од поцрната страна. Неможам да направам разлика јас со плата од 200 евра. Тоа е најголемиот проблем со менталитетот на нашиве.
 
jas od utre ke pocnam da se polivam so ovcki go*na za da ja podignam svesta na makedoncite deka se najgolemi kukavici vo svet i deka skipovite im ja zemaat drzavata.
the shpon bucket chalengwe
Се обложувам дека нема да го правиш тоа.
 
Тоа е тоа...
Проширени (или поточно - паднати) се стандардите да се привлече внимание да се биде популарно нештото во денешните медиуми.
I don't need a bucket filled with ice water to demonstrate my kindness to the world.
Една паралела со Харлем шејкот е покажување на екстремата колку идиотизмот е отиден (и уште колку би можел да отиде). Значи како што Ајнштајн спомна за глупоста, јас сосема би се сложил за нејзината бесконечност.
Страшното е што човековата психа се залепува ко муви на џем за ваквиве вирални видеа, додека самосвеста ги нема натерано да прогуглаат малку повеќе за да научат барем површно за болеста.
Кога веќе сме за болеста, Џену донекаде има право што вика за македонија, јас само ќе додадам дека канцерот е глобален проблем, за разлика од вошките и таквимити болести кои се присутни само во земјите од третиот свет.

И не.. не го осудувам тој што прави ваков предизвик... мене ми е чудно и по малку страв ме фаќа со вир(туе)лнава глобализација што зема поголем замав. Треба да правиш екстремно дебилни акробации за да светот да почне да сфаќа нешто што го има на само два клика со маусот.
 
Без предизвиков, голем број на луѓе не ни знаеа што е ALS а не па да донираат. Со самава игра, ако можам така да ја наречам, се прошири знаењето и луѓето почнаа да донираат. Дури и да не донираш помагаш на некој начин пораката да стигне до некој што навистина има пари и ќе донира.
Јас и пред и по предизвиков не знам што е ALS, но од друга страна и пред и по предизвикот знам дека има многу идиоти и attention whores. Така да апсолутно ништо ми нема сменето ова...
 
Ако донираат од тука парите ќе отидат секаде, само не таму кај што треба. Затоа само се полеваат (со обична вода) и глумат лудило. :D
 
Ако донираат од тука парите ќе отидат секаде, само не таму кај што треба. Затоа само се полеваат (со обична вода) и глумат лудило. :D
Не знам дали си сериозен со постов, али ако си, се донира онлајн така да нема кај да отидат парите, ќе си отидат кај шо треба :)
 
Во Македонија гарантирам дека на прсти се бројат тие кои донирале за истражувањата за ALS. Повеќето се attention whores, деца на кои им е интересно да бидат „дел од трендот“, и дебили ко Боки 13 кои сметаат дека полевањето со вода со мраз го прават (цитирам) „у име љубави“. :facepalm:

Кога сме кај подигнување на свеста за донирање, кај нас дефинитивно е потребно тоа, но ова со кантиве нема воопшто да придонесе за ништо кај нас, освен што многумина ќе ги направи тешки кретени во моите и очите на моите истомисленици. :sick::sick::sick:
 
Не знам дали си сериозен со постов, али ако си, се донира онлајн така да нема кај да отидат парите, ќе си отидат кај шо треба :)

Зарем се сомневаш у Македонче кога пари се во прашање. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom