Платите се просечни, предноста е то што дел од платата ти се дава кеш, друг дел ти оди на сметка од која можеш да ја симнеш после пензија, но можеш дополнително да заработиш ако се пријавиш да работиш во кујна или да собираш лисја, кастриш ограда... Платата зависи од единицата, распоредот, чинот, обуката која ја има легионерот
Пензиониран легионер има право староста да ја помини во еден од старечките домови на легијата медицински, социјално згрижени
Легијата повеќе не прима во своите редови криминалци или луѓе барани за криминал во своите држави. Дури и не прима лица кои се дојдени илегално во Франција, без виза.
Легијата повеќе не ги бара дезертерите (како што е тоа опишано во некои книги и филмови) едноставно ги брише од својата евиденција
Парите се најмал мотив за некој да и се придружи на легиијата, најмногу тоа е авантуризам, желба да се биде професионален војник, да се учествува во војни...
Селекцијата е многу ригорозна, тестирањата се како физички така и психички но и безбедносно информативни. Без предупредување можеш да бидеш удрен или казнет од саржантот, пример ако си земел 2 јаболка во мензата место една, ако си се насмеал на негова наредба.... Саржантите се солидарни и ако еден те казнува уште тројца ќе му се придружат без да прашаат шо е работата.
Најмногу се пријавуваат во регрутен центар во Марсеј, но не се мислите дека ако се пофалите о Марсеј на автобуска дека сте дошле да се пријавите во легијата - ќе добиете восхитување, многу е поверојатно дека ќе бидете ограбени или натепани од локалните банди кои чекаат такви наивци од сите делови на светот.
Во легијата нема нации и националности, има само една - легионер, албанци, срби, македонци, грци... еден за друг ќе го дадат животот.