Совршенство...

Barbara.

Irreparable perfectionist
Член од
23 јули 2009
Мислења
369
Поени од реакции
15
постои но ние треба да го најдеме, ништо не е невозможно или толку комплицирано за да може да се претвори во стварност .. вистина е дека никој не е совршен но барем можи да се потруди да го достигне тоа до некој степен .. но доколку погледнеме пошироко од себе ќе забележеме дека има многу таканаречени совршени работи, а за да не биде се` така монотоно тука сме ние луѓето да го уништеме тоа совршенство..па макар и несакајќи..
 
D

dh00|

Гостин
не постои ништо совршено, се’ мора да има некакви пропусти. колку и да бара човекот нешо такво, нема да најде.:toe:
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
524
Совршенство постои, се вика Бог!
Бог го создал човекот според својот лик и образ, според тоа секој човек е совршен токму онаков каков што е, проблемот т.е судирот настанува во внатрешноста на битието на човекот и неговите алчни потреба за повеќе (но само во очите на општеството), општеството отсекогаш наметнувало некакви норми за убавина и совршенство доколку зборуваме во естетска смисла, секогаш критериумите за убавина се менувале низ вековите, доколку на Пр.порано биле сметани за убави жени со блед тен и мали гради,



денес поимот за убавина наметнува поинакви критериуми (темен тен, големи гради, полни усни итн).-со силикон разбира се хехе



Секој човек е совршен онаков каков што е секоја потреба за постигнување на совршенство односно задирање во Божјата креација е однапред осудено на неуспех, бидејќи Бог не создал онакви какви што сметал дека треба да бидеме и нам ни преостанува само да се прифатиме себеси.
Но сепак волјата за моќ отсекогаш владеела со човековата психа, кога некој човек смета дека има т,е исполнува некакви си наметнати општествени услови за убавина автоматски е убав, но каде е тука внатрешната совршеност? Зошто никој не се стреми кон таква совршеност туку светов полуде сите под нож се ставаат само да исполнат некој норми што потоа? Дали сите жени треба да изгледаат како под калап исто? И јас немам одговор на некои прашања па не сум сезнајко:smir:
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Енергијата е совршена.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Енергијата е совршена.
Во ред.
Зошто?

*елаборирај за да не бришеме постови, кои кога би се дообјасниле, а не би биле од два збора, веројатно би имале и смисол и би дале простор за дискусија:smir:
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Во ред.
Зошто?

*елаборирај за да не бришеме постови, кои кога би се дообјасниле, а не би биле од два збора, веројатно би имале и смисол и би дале простор за дискусија:smir:
Многу е едноставно,немам сретнато вакво мислење ама јас мислам оти енергијата е совршена,поради многу проста причина.
Енергијата е единствена работа шо не можи да биди уништена и шо не престанва да постои.Исто од енергија се создава материја,од материја се создава енергија,то е чисто совршенство.
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Многу е едноставно,немам сретнато вакво мислење ама јас мислам оти енергијата е совршена,поради многу проста причина.
Енергијата е единствена работа шо не можи да биди уништена и шо не престанва да постои.Исто од енергија се создава материја,од материја се создава енергија,то е чисто совршенство.
Тука мора да те побијам, зашто совршена? Што подразбираш под совршено? Јас еве мислам дека улогата на енергијата во постоењето на СЕ е совршенство, а не самата енергија, ако е така ко што викаш ти, тогаш и горивото за автомобилите би било совршено, а сепак не е. Сепак совршенството е релативна работа, зависно кој како го сфаќа и за кого што е совршено, на пример за мене е совршено девојка со црна коса и сини очи, за некого сланина во омлет е совршено, тоа е совршенството. Илузија на човековиот мозок за сатисфакција.

Јас за теоријата со енергијата би рекол дека таа е перфектна, идеална, ама не совршена.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Па добро, Енергијата е сама по себе совршена, не е совршена низ човечката призма на гледање.

Т.е. не е совршен човекот ли :raz:


На основа на свои мистични искуства она што сум го достигнал на свесно ниво би го нарекол совршенство, во облик на бескраен мир во умот, а поради своја несовршеност не сум успеал да ја одржам свесноста за тоа. И тоа го сметам за енергија, од таму доаѓа полетот и силата, од мирот и тишината, како содржители на звуците во кои се губиме.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Па добро, Енергијата е сама по себе совршена, не е совршена низ човечката призма на гледање.
Епа, што сметаш дека енергијата сама по себе е совршена, а не е совршена низ човечката призма на гледање, тогаш велиш дека енергијата има поглед кон нештата...Во нашите очи велите дека енергијата е совршена, да беше совршена немаше да има загуби и така натака...плус кога ке се земе теоријата на релативитетот, доаѓаме до заклучок дека совршеност е само начин на гледање на нештата во однос од нашите заклучоци/мислења/перспективи/едукација/верувања и многу други релевантни фактори. Значи совршенството постои, но се разликува од моето до твоето, но и двајцата сме во право. :smir:
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Совршенството е само насоката кон која човекот се стремежи за да има нешто како цел за исполнување на посакуваната работа која се насочува. Совршенството е измислен поим за да сите се сконцентрираат на подобрување на себе или на своите постапки за да се стигне до него. Совршенството е избрано како добро само како насока за постапките кои ги прават луѓето за да се подобруваат и како глобална цел на сите постапки на луѓето. Но совршенството освен имагинарно не постои во пракса. Едноставно неможе да се пронајде во материјалниот па и во пракса во нематеријалниот свет зашто како и броевите има уште 1 поголем број од зададениот па така до бесконечност. На се што во моментот е замислено како совршено ке се појави потребата или можноста за подобрување на тоа па со тоа никогаш нема да се допре до совршеност. Некој ке рече дека тоа е релевантно и дека за секој човек има различно сфаќање на совршеното за кој било предмет но сите тие сфаќања ги обединува унитарното значење на совршеното т.е. дека секое совршено е најдоброто за поединецот.
 
А

Александра Д.

Гостин
Совршенството е насекаде, за оној кој го гледа.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Епа, што сметаш дека енергијата сама по себе е совршена, а не е совршена низ човечката призма на гледање, тогаш велиш дека енергијата има поглед кон нештата...Во нашите очи велите дека енергијата е совршена, да беше совршена немаше да има загуби и така натака...
По физиката ич не сум, Енергија со големо Е ставив, тоа го сметам за Вистина, Бог или како веќе (не) милувате. :wink:

Совршенството е насекаде, за оној кој го гледа.
:wink:
 

PhantomerX

Несопирлив
Член од
30 октомври 2008
Мислења
623
Поени од реакции
46
По физиката ич не сум, Енергија со големо Е ставив, тоа го сметам за Вистина, Бог или како веќе (не) милувате. :wink:
Се служувам со тоа... Бог - Енергија... Тоа е тоа... И од таму следува дека Енергијата е совршенство...

Само таму може да го согледам тоа совршенство... Инаку, НИКАДЕ! :)
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Се служувам со тоа... Бог - Енергија... Тоа е тоа... И од таму следува дека Енергијата е совршенство...

Само таму може да го согледам тоа совршенство... Инаку, НИКАДЕ! :)
ej, не ми навлагајте во религија сеа, башка ако бог - енергија / енергија - совршенство, бог - совршенство, тогаш како може нешто совршено да создаде суштество како нас, т.е. толку не совршено...намерно го направил тоа? иначе реков, да не навлагаме (како ја шо напраив сеа :))...
 

PhantomerX

Несопирлив
Член од
30 октомври 2008
Мислења
623
Поени од реакции
46
ej, не ми навлагајте во религија сеа, башка ако бог - енергија / енергија - совршенство, бог - совршенство, тогаш како може нешто совршено да создаде суштество како нас, т.е. толку не совршено...намерно го направил тоа? иначе реков, да не навлагаме (како ја шо напраив сеа :))...
Човекот БИЛ совршенство...
Го создал СОВРШЕНИОТ човек... Денеска тоа се мутанти... И не влегувам во религија само пробам да го дефинирам совршенството...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom