Зошто Религијата опстојува?

  • Креатор на темата Латекс Бурка
  • Време на започнување
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
Религијата сеуште опстојува од проста причина, што сеуште човештвото нема механизам со кој би исчезнала, или подобро кажано - оние што ја создадоа за свои потреби, сеуште сметаат дека имаат корист од истата.
Ако не беше религијата како ќе дознаеше ти за Христос, како ќе беше предадено учењето на духовен раст.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Ако не беше религијата како ќе дознаеше ти за Христос, како ќе беше предадено учењето на духовен раст.
Изгрев религија е нешто друго, а не збир од правила, прописи и однесувања, наметнати од институција создадена од самопрогласени светии, самокрунисани медијатори до Бога.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
Изгрев религија е нешто друго, а не збир од правила, прописи и однесувања, наметнати од институција создадена од самопрогласени светии, самокрунисани медијатори до Бога.
Погоре напишав дека заради истата таа религија(која што е создадена од...), ти и јас сме дознале за Христос.
Тие негативни аспекти кои те одбиваат се заради тоа што е водена од луѓе, но ако бараш духовен раст тогаш таа го нуди.Потенцирањето на негативни аспекти и незабележувањето на позитивни, е како приказната за луѓе пчели и луѓе муви(ја знаеш нели).
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Во принцип некако вака идеше муабетот, каде што ти се изгуби, никаква конзистентност, или пак само колку контра да се иде?
.
Не се работи за проста „контра„, туку и за иснесување на поинакво/црковно видување на една и иста работа.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Погоре напишав дека заради истата таа религија(која што е создадена од...), ти и јас сме дознале за Христос.
Тие негативни аспекти кои те одбиваат се заради тоа што е водена од луѓе, но ако бараш духовен раст тогаш таа го нуди.Потенцирањето на негативни аспекти и незабележувањето на позитивни, е како приказната за луѓе пчели и луѓе муви(ја знаеш нели).
Ок. Нека е така.

Ќе заклучиме дека имаме различен став в ооднос на прашањето за религија и духовен "раст".

Јас сметам дека тоа е субјективна карактериситка на секоја персона, и дека секој сам си го трасира патот, без помош од "објективна" институција и нејзини претставници.

Очигледно, ти размислуваш различно, и то е то .
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
На ова би следело: Науката го открила ИнВитро, ...... па кога веќе живееме во реален свет, зошто си против ИнВитро?
.
Ако некое дејание не е согласно со Божјата волја или црковните ставови, немам обрска да го прифатам истото.[DOUBLEPOST=1408633534][/DOUBLEPOST]
Ако треба да прифатиме, зошто тогаш викаш да се иде на лекар? Или во еден случај е ОК да идеш на лекар во друг не е?
.
Дарбата да се биде лекар е од Бога дадена, а не од еволуцијата. Така, Бог наоѓа начин за да му помогне на човекот во неговото вонрајско битисување. Па и Св.Ап.Лука беше лекар...и сликар.[DOUBLEPOST=1408633855][/DOUBLEPOST]
кооператива ќе ти постави 2-3 прашања. прво, што имало пред да настане светот и животот на него? потоа, дали постоело време? трето, дали земјата е единствената планета населена со живи битија и човек како најинтелигнетно суштество? четврто, сакаш да кажеш дека не го имаш разбрано процесот на оплодување на цветовите кои го нуди науката? не идам понатаму со научни примери, доволно е и ова да спаѓа во таа твоја фамозна категорија на неразбирливо од науката.
- Пред да настане Светот и животот, постоеше Творецот на Светот и животот.
- Времето постои едновремено со творењето на Светот. На Небасата и пред создавањето на Светов, времето не е позната категорија.
- Да, само Земјава е предвидена за живот, согласно Божјата промисла. Астрономијата не наоѓа никакви услови за живот на телата од Сончевиот систем. Чоивекот не е најинтелигенто битие, оти ангелите и демоните предничат пред човекот. За Божјата неограниченост, да не зборуваме...
- А ако науката не го објаснеше оплодувањето на цветовите, истите ќе останеа неоплодени?
- Науката сеуште нема одговор на суштинските прашања, а ако одговорот го нема, го заменува со испразно теоретизирање.
 
Последно уредено:
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
Ок. Нека е така.

Ќе заклучиме дека имаме различен став в ооднос на прашањето за религија и духовен "раст".

Јас сметам дека тоа е субјективна карактериситка на секоја персона, и дека секој сам си го трасира патот, без помош од "објективна" институција и нејзини претставници.

Очигледно, ти размислуваш различно, и то е то .
Индивидуалните карактеристики, тука ќе се согласам дека играат многу важна улога во растот духовен, но религијата е базата од каде се тргнува и која го насочва растењето(тука очигледно не се согласуваме, живи и здрави).
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Погоре напишав дека заради истата таа религија(која што е создадена од...), ти и јас сме дознале за Христос.
Тие негативни аспекти кои те одбиваат се заради тоа што е водена од луѓе, но ако бараш духовен раст тогаш таа го нуди.Потенцирањето на негативни аспекти и незабележувањето на позитивни, е како приказната за луѓе пчели и луѓе муви(ја знаеш нели).
Ако не беше религијата како ќе дознаеше ти за Христос, како ќе беше предадено учењето на духовен раст.
И шокур фајде ако сме дознале за Христос?
Еве благодарени на Марвел Комикс сме дознале и за Магнето...

После овие два поста темава можело слободно да се затвори, пошо тоа е причината зошто религиите сеуште опстојуваат.
Зато што луѓето се плашат од смртта
Бараат некој кој ќе им вети дека од ко ќе ги изедат црвите и коските ќе им се претворат во прав, ѕтие сепак во некаков облик ќе продолжат да опстојуваат. Без оглед дали си доктор или амал, дали си научник или зидар, стравот од смртта е вроден во сите нас, страв од крајот, од завршетокот, и тие некои свои надежи за одбегнување на неминовнот крај го упатуваат на некое битие без облик кое можело (ако почитува правила запишани во книга) да им обезбеди живот вечен
Religiite opstojuvaat bidejkki religioznite lugge se egoisti do koska. Tie nikako ne mozzat da prifatat deka eden den kke umrat i nivnata ''sovrssena i mnogu znaccajna'' liccnost kke ja snema zasekogass, pa imaat potreba da se zalazzuvaat so prikazni za veccen zzivot.

Problemot e deka se tolku resseni da ja dobijat svojata besmrtnost ssto ne se dvoumat da gazzat po lessevi ako religijata im go bara toa. Taka, vodeni od svojot alccen egoizam po veccen zzivot vo rajot, unisstuvaat tuggi zzivoti, zabranuvaat tugga srekka i svojata deluzija se obiduvaat da im ja nametnat i na drugite.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Дарбата да се биде лекар е од Бога дадена, а не од еволуцијата. Така, Бог наоѓа начин за да му помогне на човекот во неговото вонрајско битисување. Па и Св.Ап.Лука беше лекар...и сликар.
Бог сакаше и Дарвин на светот да му ја открие еволуцијата
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Бог сакаше и Дарвин на светот да му ја открие еволуцијата
Тачно: на оваа могуќност не би се сетил...

И не само то‘: то‘ богот кој му дозовли на Дарвина да ја открие еволуцијата, тоа е богот на лагата, лажгото од искона, човекомразецот и Богомразецот, демон, сатана, ѓавол. отпаднат ангел и тн...
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Тачно: на оваа могуќност не би се сетил...

И не само то‘: то‘ богот кој му дозовли на Дарвина да ја открие еволуцијата, тоа е богот на лагата, лажгото од искона, човекомразецот и Богомразецот, демон, сатана, ѓавол. отпаднат ангел и тн...
Не моеше тој добрио бог то да го спречи? ете Дарвин од јапан до америка, од норвешка до ЈАР се прошири , се учи и зучува во сите земји....
Него оти докторите кои бог ги одбра, користат и препишуваат лекови тестирани на животни кои се сродни со човек (мајмуни, свињи...) Одобрува Бог дека сме сродни со тие животни?
 

SpiderWeb

ја заменува титулата под името во вашите мислења.
Член од
12 мај 2008
Мислења
632
Поени од реакции
622
Статистички гледано, во светот денес постојат повеќе нерелигиозни луѓе споредено со било кој друг период во минатото, а тој број според мене се повеќе ќе се зголемува. Се разбира, не може едноставно религијата да исчезне, но се повеќе и повеќе се оди кон тоа да религиите станат некој вид на филозофии или учења.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Дарбата да се биде лекар е од Бога дадена, а не од еволуцијата. Така, Бог наоѓа начин за да му помогне на човекот во неговото вонрајско битисување. Па и Св.Ап.Лука беше лекар...и сликар.[DOUBLEPOST=1408633855][/DOUBLEPOST]
Aesculapius


Точно така бог му ја даде... богот Аполон.
За Египетска медицина поарно ќути си. Лука е хипстер ако веќе споредуваме.
Сети се на среден век и кој бил лидер во тоа поле (сигурно не рисјаните, можеби на бог му снемало mana)

Не ми е јасно до каде може да стигне слепата верба. Господ им ја дал таа дарба/вештина, и нема никаква еволуција во медицината оти немало потреба одма право им дава дијагнози, лекови, алатки, хируршки зафати без никакво истражување.
Сполај им на тие што експериментирале т.е. лапале билки за да видат кое е дејството.

А шо не му ја даде на Гоцета Македонија обединета да биди 44та кога одеше и му ја бараше таму?
 
Последно уредено:

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Не моеше тој добрио бог то да го спречи? ете Дарвин од јапан до америка, од норвешка до ЈАР се прошири , се учи и зучува во сите земји....
Живееме во времиња, во кои огромно мнозинство од луѓето се поведуваат по лагата, прифаќајќи ја за вистина, а отстапувајќи од објавената вистина.

Тоа што Дарвин бил прифатен од „овде„ до „онде„, не е никаков доказ за висинитоста од дарвиновите бајки, туку за обемот и размерот во кој лукавиот успева да ги прелаже „модерните„ луѓе.[DOUBLEPOST=1408649831][/DOUBLEPOST]
Него оти докторите кои бог ги одбра, користат и препишуваат лекови тестирани на животни кои се сродни со човек (мајмуни, свињи...) Одобрува Бог дека сме сродни со тие животни?
Модерните доктори експериментираат врз животните, токму ради нивната безбожност, оти не веруват во Бога, а самите животни не ги третираат како Божји производ, туку како случајни остатоци од еволуционистичкиот „напредок„.

Сродноста меѓу човекот и животните е само до одреден степен, после кој сродноста станува непремостлива.[DOUBLEPOST=1408649998][/DOUBLEPOST]
А шо не му ја даде на Гоцета Македонија обединета да биди 44та кога одеше и му ја бараше таму?
Ц,ц,ц, уште ве лажат комунистите: Гоце е жив!...:icon_lol:
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom