Можеш да се фаќаш за сламки колку сакаш, суштината која вели дека несмее да се наплаќа тоа што ви е дадено бесплатно неможеш да ја смениш.
Пред некој ден дури се обиде бесрамно и безобразно да извртиш порака од евангелието која вели - не барајте богатства од овој свет, затоа што вашата награда е на небото, и да ја претставиш како оправдување и алиби за да се поседува богатство и материјални добра.
Твоето неразбирање на мојата вероисповест не може да прејде во вистина, туку ќе си остане лична заблуда.
Така:
- проповедта значи поучување, кое свештенството го практикува на секоја литургија, а кое (поучување) се однесува на одредена тековна тема или тековен празник, каде свештенството го предава своето познавање на верата врз верните.
- Светите Тајни се начин на кој вените Го примаат Бога во себе, односно ја примаат благодатната и нестворена енергија Божја, без која нема вечен живот. Само крштевањето и венчавањето се наплаќаат.
- молитвите и требите се начин на живеење во верата, преку кои Црквата ја покажува својата грижа кон членовите од Црквата, односно кон упокоените.
Према томе:
- проповедта не е Света Тајна.
- проповедта не е треба и имолитва,
- а незнаењето си останува незнаење.
Што се однесува до моето наводно извртување на евангелието, ситуацијата е слична на претходната: пак покажуваш основно непознавање на истото, односно покажуваш идолатриско-протестантски однос кон Писмото. Кога Христос советува откажуавње од нешата од овој Свет, со тоа Он ни укажува на опасноста од неумерено врзување за овосветовните нешта, а кога Он советува раздавање на имотот и врвење по Него, како што беше случајот со советот до богатиот младич, тоа е совет кон се однесува на оние (поединци) кои сакаат да бидат совршени и кои навистина се одвојуваат од Светот и сиот световен луксуз, како што тоа го чинат монасите.
Сега, кога ти би бил во право, тоа би значело дека сите треба да станат монаси и монахињи, со што би се довело во прашање опстојувањето на родот човеков на Земјава, а последично, со тоа би била доведена во прашање промислата Божја за иднината и за крајот од Светов.[DOUBLEPOST=1408557622][/DOUBLEPOST]
Не можеме да споредуваме турбофолк со рок или метал. Инспирацијата за турбофоркот потекнува од народната музика (јас така мислам), а рокот е нешто сосема друго.
Значи сепак е сатанска музика (нели рече дека соодржи сатански компоненти). Тогаш дали е грев верниците да слушаат рок или метал? (станува збор само за слушање на истите)
-Да: „турбото„ е изродено од „фолкот„, со тоа што „турбото„, за да биде актуелно, посебно кон поновите генерации, се прилагодува на тековните музички трендови и со тоа („турбото„) станува лесно прифатливо.
- Грев е кога верниците слушаат несоодветна музика, како што е металот, поглемиот дел од рок-музиката, исто како што е штетно и слушањето „турбо„, кое пати од празнотија, површност, некреативност, репетитивност, сугестибилност, идолатрија, хедонизам, бесмисленост, бесцелност, гревовност...[DOUBLEPOST=1408557834][/DOUBLEPOST]
Сега, дали ти мислиш дека ова е сатанска музика или не? Гледано општо без разлика на тие посебни амблеми и песни каде што е спомната религијата односно пеколот, рајот, ангелите, демоните или самиот Бог.
Да, е сатанска музика: доволно е да го погледнеш „имиџот„ од метал-групите, да ја погледнеш сценографијата од нивните концерти, да слушнеш на која тематика пејат, да ги видиш имињата од групите, да ги погледнеш „омотите„ од нивните албуми и све само до себе станува јасно и очигледно...нели?