Дали ако слушаме рок/метал сме неверници?

  • Креатор на темата Креатор на темата TheShadow
  • Време на започнување Време на започнување
И тоа шо викате. Ќе се покајам пред крајот за сета ислушана рок и метал музика и то е то.
 
Ако не треба да се осудува и ако ништо не е случајно, како ќе го објасниш судниот ден? Нели ништо не е случајно? Тогаш што цел има судењето?
Па и тоа има цел. Да видат другите дали си бил човек или си бил нешто подолу. Ако ти сметаш дека нема да се покаеш е треба да ти биде и страв, ама ако си сигурен дека ќе станеш со тек на време вистински човек (во самата смисла на зборот) е тогаш тој ќе биде праведен суд и нема да ти биде страв. А тука треба да се каже дека има посебен, но на крајот и сеопшт суд (на сите луѓе).[DOUBLEPOST=1408395662][/DOUBLEPOST]
Znaci mozes so sakas da pravis samo na kraj da se pokaes! Interesno!

Е не е тоа само механички, туку треба и да помине период. Тоа од тебе ќе зависи како ќе гледаш на работите и нештата.
 
Треба и некоја паричка да остаиш за тоа.

Исповедта и покајанието не се со пари бидејќи ние православните не правиме како римокатолиците.
 
Во моментов да, инаку пред неколку века истото па и пострашни нешта чинеше и религијата што денес се нарекува христијанство.

Јас сепак повеќе сум заинтересиран за сегашноста и иднината.

Минатото е за некои други типови на луѓе.
 
Што значи тоа неверник?
Ако правиш ова и ова си неверник?
Ако правиш тоа и тоа си неверник?

Што запнале сите да се или неверници или грешници или бедни по дух?
Се некои христијански и муслимански кованици за да се укаже на „погрешниот пат“ на другиот читам тука по форумов!
До кога бре деца?

Слушнете си добра музика и опуштете се!

Музиката која е добра за душата, не познава ни богови ни демони :)

Римокатолиците од лошите се или од нашите?

За мене се еретици бидејќи измешале многу работи (догмите), а за тоа дали се лоши јас сметам и верувам дека нема лоши или добри луѓе, сите сме еднакви. Односно сите сме добри ама лоши стануваме понатаму, откако ќе почнеме да одиме по грешен пат без покајание (сите сме грешници, а за тоа лоши јас не верувам).
 
Лоши во наводници, нели.

Муслиманите еретици ли се?
 
Па и тоа има цел. Да видат другите дали си бил човек или си бил нешто подолу. Ако ти сметаш дека нема да се покаеш е треба да ти биде и страв, ама ако си сигурен дека ќе станеш со тек на време вистински човек (во самата смисла на зборот) е тогаш тој ќе биде праведен суд и нема да ти биде страв. А тука треба да се каже дека има посебен, но на крајот и сеопшт суд (на сите луѓе).
Судот каков и да е, има една основна карактеристика што го прави суд - разграничување на тоа што е добро, дозволено, соодветно...итн, итн, од она што е лошо, недозволено, непотребно, штетно, несоодветно....
Е сега, ако знаеме дека се што постои доаѓа од Бог, и ако знаеме дека се е според негова промисла, како може такво битие да суди? Што е со нештата кои ќе ги прогласи за непотребни, штетни, недозволени? Нели се потекнува од него? Зошто ги допуштил? Зошто ги создал? Дали со еден таков чин, индиректно непризнава дека не е совршен и дека создал или допуштил нешта што не треба да постојат?
 
За мене се еретици бидејќи измешале многу работи (догмите), а за тоа дали се лоши јас сметам и верувам дека нема лоши или добри луѓе, сите сме еднакви. Односно сите сме добри ама лоши стануваме понатаму, откако ќе почнеме да одиме по грешен пат без покајание (сите сме грешници, а за тоа лоши јас не верувам).
Не момче, ти си грешен бидејќи во тоа веруваш! Не ни ја наметнувај твојата вера нам. Јас избирам да не бидам грешен со наследен грев!
Родители кои веруваат дека имаат грев што едвај чекаат да го пренесат на своето дете - не вреди да биваат богови и да создаваат човек! Чудни се овие старо-еонските религии, премногу...

Може да кажеш дека сите православни христијани се грешни, такво им е верувањето, но дека баш секој е грешен - создава проблеми, и тоа заради нечие верување!

П.С. И дајте темата е метал и рок и неверници :) Што ова муабети без веза?
 
Лоши во наводници, нели.

Муслиманите еретици ли се?

Секој оној кој ги изменил догмите на едната, света, соборна и апостолска Црква е еретик. Така да сите кои не се православни се еретици или секташи.[DOUBLEPOST=1408396390][/DOUBLEPOST]
Судот каков и да е, има една основна карактеристика што го прави суд - разграничување на тоа што е добро, дозволено, соодветно...итн, итн, од она што е лошо, недозволено, непотребно, штетно, несоодветно....
Е сега, ако знаеме дека се што постои доаѓа од Бог, и ако знаеме дека се е според негова промисла, како може такво битие да суди? Што е со нештата кои се непотребни, штетни, недозволени? Нели се потекнува од него? Зошто ги допуштил? Зошто ги создал? Дали со еден таков чин, индиректно непризнава дека не е совршен и дека создал или допуштил нешта што не треба да постојат?

Ти што си лош (ако си лош) мислиш дека Бог е виновен. Тоа мислам е апсурдно.[DOUBLEPOST=1408396464][/DOUBLEPOST]
Не момче, ти си грешен бидејќи во тоа веруваш! Не ни ја наметнувај твојата вера нам. Јас избирам да не бидам грешен со наследен грев!
Родители кои веруваат дека имаат грев што едвај чекаат да го пренесат на своето дете - не вреди да биваат богови и да создаваат човек! Чудни се овие старо-еонските религии, премногу...

Може да кажеш дека сите православни христијани се грешни, такво им е верувањето, но дека баш секој е грешен - создава проблеми, и тоа заради нечие верување!

П.С. И дајте темата е метал и рок и неверници :) Што ова муабети без веза?

Што? Ти сметаш дека си праведник? Ако така сметаш нека ти е Господ на помош.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom