По твојата *остра* реакција уште во првиот пост во темава забележав дека не си ме разбрала, но нејсе, не ме мрзи да се повторувам.
Не сакам и не ми е намера во никаков случај да ја негирам македонската нација, ниту сакам да *крадам некој херој*, ниту ми е грижа што бил некој некогаш, ниту ме интересира дали бил албанец или еским.
Битно ми е и криво истотака што некој уште верува во такви безмисленици дека албанците немаат врска со македонците, никогаш не допринеле за македонија, албанците дошле после 19 век и биле донесени од Турците, албанците се муслимани, албанците се душмани... Итн.
Темава ја отворив за да обелоденам мостови, не ѕидови, тоа ми е намерата. Слабата елоквентност ми чини многу, знам.
И знам дека згрешив кога го вмешав Питу Гули, се надевам дека некој влав ќе се приклучи и ќе ни појасно некои нешта, на пример што значи Питу и Гули.
Мое мислење е дека случајот на Питу Гули е сличен со Мајка Тереза, првиот локален херој, но другата светска позната, затоа за првиот не ми се веродостојни локалните историчари, затоа што тие се тие историчари кои прикриеа се што имало христијанско албанско. Тие се тие историчари кои се автори на тие учебници од кои учевме и се учи денденес.[DOUBLEPOST=1408398835][/DOUBLEPOST]
Со какво значење?