Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Да прашам која е подобар смер Компјутерски науки и инженерство или е-технологии ?
 
Компјутерски науки и инженерство е можеби по ценет бидејќи самиот термин "Компјутерски науки " опфаќа широк дел од целата информатичка наука, па замислата е дека би можел полесно да избереш работа од поширок спектар на професии , додека под Е-технологии се подразбира нешто во врска со софтверските решенија кои што се базираат врз Интернетот , како и да е ако прашуваш кој смер е полесен може да се каже дека Е-технологии е поненапорен од проста причина што нема Калкулус ,така да ако лесно свакаш , а те мрзи да учиш многу полесно ќе поминеш на Е-технологии :), одколку на КНИ .
 
Пак јас, ме интересира на кој смер примаат во државна квота со помалце бодови ?
На пример јас имам 85 бода каде би ме примиле во државна квота?
 
Пак јас, ме интересира на кој смер примаат во државна квота со помалце бодови ?
На пример јас имам 85 бода каде би ме примиле во државна квота?

Ако конкуренцијата е иста како и минатата година, би те примиле на било кој смер освен на КНИ... но никој не може да ти гарантира дека и сега конкуренцијата би била иста

Можам да ти ги пратам резултатите од уписот од минатата година, да си разгледаш каква е конкуренцијата по смерови па одлучи си :)
А мислам дека оваа година се проширени малку квотите.
 
Каде се пипува татково име во iKnow UKIM системот (нема никакво поле а пишува задолжително е)

Дали треба да пишам мое или на татко ми занимање во полето "Занимање на родител/студент"
 
Ако конкуренцијата е иста како и минатата година, би те примиле на било кој смер освен на КНИ... но никој не може да ти гарантира дека и сега конкуренцијата би била иста

Можам да ти ги пратам резултатите од уписот од минатата година, да си разгледаш каква е конкуренцијата по смерови па одлучи си :)
А мислам дека оваа година се проширени малку квотите.

Ако не ти е тешко прати , инаку фала ти за одговорот :)
 
Да прашам која е подобар смер Компјутерски науки и инженерство или е-технологии ?

КНИ е каде-каде потежок смер и понапорен од е-технологии. Ако не ти е проблем математика и ако учиш, оди КНИ.
Е-технологии со предмети како Бизнис, Менаџмент од старт ми е безвезен.
 
Дечки, дали некој контактирал со проф. Смиле (за оцена, консултации), по меил или во живо? Му пишав, но не ми враќа, ниту он, ниту асистентката :/
 
Да прашам што мислите со 95.25 поени на кни англиски јазик ќе ме примат??
 
Да прашам што мислите со 95.25 поени на кни англиски јазик ќе ме примат??
Минатата година останаа 10 празни места во првиот круг, имаше и со 54 поени кои биле примени. Јас очекувам да влезам со 87.9 поени. Како и да е, со 95.25 очекувам да можеш да влезеш на било кој смер на ФИНКИ, државна квота.
 
Некој од постарите колеги накратко да објасни за предметот Алгоритми и Податочни Структури? Што се изучува, колку е тежок и сл

Фала
 
Некој од постарите колеги накратко да објасни за предметот Алгоритми и Податочни Структури? Што се изучува, колку е тежок и сл

Фала
  • Основи за алгоритми (сложеност, споредба, итн)
  • Податочни структури (магацини, хеш структури, поврзани листи, дрва)
  • Бинарно пребарување
  • Сортирања (bubble, quick и слични)
  • Алгоритми
    • Greedy
    • Divide and conquer
    • Динамичко
    • Графови
      • Репрезентација
      • BFS
      • DFS

Ова е извлечено од сајтот на ФИНКИ, не сум 100% сигурен колку е точно.

Доколку можеш логички да размислуваш и ти оди програмирање, не би требало да имаш проблем со овој предмет со малку труд (можеби малку повеќе - доколку лошо предаваат). Имаш тон материјали на интернет, ова може и сам да научиш.
 
Дали некој има решавано слична задача на оваа и дали може да ми го пише решението барем приближно да е или да објасни како треба да се реши?
За дадено теме во нетежински граф да се најдат сите темиња за кои постои пат до
даденото теме. На влез најпрво се внесува бројот на јазли во графот, а потоа за секое теме се пишува бројот на темиња со кои е поврзано и индексите на темињата. На крај се внесува индексот на темето за кое се бара решение.
 
Тренд е да си запишан на ФИНКИ :icon_mrgr:
Првиот ден се запишале 500 матуранти, Македонија земја на "програмери и информатичари" :X3:

А меѓу нив се и идните агроекономисти, филозофи, социолози, педагози...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom