Робин Вилијамс пронајден мртов

  • Креатор на темата Креатор на темата _Филип
  • Време на започнување Време на започнување
Bu0rAiwIIAAXrNQ.jpg
 
:(
Актер со кој сум пораснал со филмови како Џуманџи и Бејбиситерка, филмови на кои сум се смеел кој знае колку пати кога и да сум ги фатил на ТВ. Да не зборам отпосле како раснев дека се повеќе и повеќе го почитував делото и секој негов лик. Феноменален човек, еден од најдобри комичари и глумци во Холивуд, човек со ванземјанска енергија и харизма кој успешно ја пренесуваше на секој негов филм. Имаше импресивни изданија во филмови како Dead Poet Society, Good Will Hunting во кои имаше и комплицирани улоги кои успешно ги пренесе и уште толку им даде шмек, да не наредувам уште ред другио филмови како оној кога глуми луд доктор кој им помагаше на деца болни од леукемија или нешто маскиран у кловн, у такви филмови се гледаше за каков човек и актер се зборуваше.
Почивај во мир легедно, беше и ќе останеш еден од најдобрите комичари со кои сум пораснал и ми останале во сеќавање!
 
На МТВ на времето скоро секој викенд пошто ги вртеа истите та истите филмови се зачекуваше. Ептен одличен актер со посебна харизма................Да бидам искрен мислев дека е нешто постар од 63 години, пошто нели деца бевме, тој возрасен беше и така некако. Жално е што на ваков начин заврши истиот. Улогите и филмскиот живот му беа целосен антипод на приватниот живот.


Лесна нека му е земјата.
 
Горд сум што растев и живееев во исто време во кое овој ВЕЛИКАН и гениј живееше и твореше... :(

Нека почива во мир.

2lctv20.jpg

Едно од најдрагите нешта во мојот живот кое ќе го чувам засекогаш...
 
Кажете само кога ќе излезе официјална информација за смртта дали е самоубиство или не.
 
Доказ дека во Холивуд не се живее како што ние обичните смртници мислиме.
 
Не е дека многу религиозно сум го прател, али неколкуте филмови што сум ги глеал со него, и чат пат некој сегмент од stand up comedy show на youtube, ме погоди веста. Ми се насолзија очите, највише пошо имаше таква чиста насмевка што неам видено на друг глумец...

RIP
 
Ме растажни што заврши на ваков начин , а пред некое време се пријавил во центар за одвикнување од зависности:(, желба за земски живот имал, за жал не и сила да ја продолжи борбата...

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom