Hајлуксузниот хотел на Охридското езеро?

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.189
Поени од реакции
1.360
До пред некое време целосно руинираниот хотел Изгрев во Струга деновиве го покажа својот вистински сјај. Турската компанинија Фибула го реновираше хотелот и во неговиот двор изгради голем аквапарк. За сега се реновирани речиси 30 % од двестете соби на Изгрев, а целосно очекуваат да биде готов до 15 септември, за кога и најавуваат големо отворање.До саботата аквапаркот бил отворен за сите посетители, но поради балкаснкиот менталитет турците одлучиле дека за сега истиот ќе можат да го користат единствено гостите на хотелот

Погледот од огромниот базен веднаш до аквапаркот го одзема здивот, а вие имате чуство дека сте на најубавото место на земјата.Ноќевање со доручек во овој можеби најлуксузен хотел во Македонија. барем оваа година ќе чини 41 евро по лице









Во ресторанот внимавале и на најситните детали, а истиот има и голема летна тераса со поглед на Охридското езеро



Екстремно луксузен ентериер е карактеристиката на холот, на Спа центарот и затворениот базен.

Засега туристите во ,, Изгрев ,, се од Македонија и соседните земји, посебно гастарбајтерите, а од идната недела од Фибула очекуваат многу странци, затоа што како опција хотелот ќе им го понудат на гостите кои доаѓаат во нивните хотели во Анталија.
image-c99a467e9262c5dfd391c7beab2bc8b604b83615fe4a7693a7fef4fdc011dcac-V-picsay.jpg


http://zase.mk/ekskluzivno-foto-kako-izgleda-najluksuzniot-hotel-na-ohridskoto-ezero/

http://www.hotelizgrev.com/
 
сега уште им фали еден раскошен автобус- амфибија :icon_lol:
 
Кога ги видов 4тата и 5тата слика, бев сигурен дека нема шанси тоа да е кај нас. Секоја чест. (y)
 
Фантастично (y)
 
Џабе е нема споменици во хотелот
 
Конечно нешто асално на охридското езеро и пази не е во Охрид :pos:
 
За ова не сум знаел,прв пат дознавам за ова дека имало,одлично изглед,надвор и внатре поготово,милина е :)
 
Импресивно, браво. Во исчекување на цените од 2000 евра по човек за 1 недела :D
 
Одличен хотел, баш вчера на баскет зборевме со едни другарчиња за ова. И мислам дека 41 евро е ноќевање со доручек, ама не сум 100% сигурен. Реално би дал 80 евра (иако е скапо за наши услови и со нашиве плати) за да испукам еден викенд у хотелов.

П.с. Базенот на четвртата слика :drk::drk:
 
Реновирање на хотелите во Струга почна од пред неколку години. Београд, ЕвроХотел, Дрим и автокамп АС...еве сега готов е и Изгрев. Во ЕвроХотел знам дека не е нешто многу инвестирано ама со оглед на тоа во каква состојба беше, сега е Бурџ Ал Араб.

Се збореше дека станува збор за исти газди.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom