[Кајгана готвач] Натпревар за оваа недела: Смути

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Дај бе прекини да објавуваш слики со твои специјалитети. Кога ќе видам слика од тебе една недела во кујна не ми се влегува.
Важно се потрудил он да направи, еве земи направи па да те видиме.
 
Ај се надевам нема да згрешам нешто по ова што читав наназад низ темава инаку навистина се „изнервирав“ што на скоро сите профилите ви се „се појави грешка“ да не можи чоек да праша ништо...

Тема: Погача
(блага, солена, мрсна, посна... било каква)

Погача: Јадење од киснато тесто (тесто со квасец) со или без додаток внатре или на него без некој посебен ред, облик или намена. Најчесто се поврзува со верски празник или обичаи.

Лично бараќи рецепти на интернет сум нашол многу варијанти за киснато тесто но да речеме ова е она што обично го користам во оргинал а јас го користам како пола доза. 1/2 од се.

  • 1 кг брашно
  • 500 млминерална газирана вода
  • 100 мл масло за готвење
  • 1 коцка свеж квасец
  • 1 лажички сол
  • 2 лажички шеќер
Може да се додадат 1-2 јајца но во тој случај намалете на вода 1=50мл


Во сад имешајте го брашното, заедно со водата, маслото, свежиот квасец и ставете лажичка сол и две лажички шеќер. Замесете тесто и оставете го најмалку половина час добро да нарасне.

После тоа се е оставено на вашата имагинација, земете од тестото и правете со него облици форми или било што кои што ќе ги редите во повисок сад што одкако ќе го завршите оставето го повторно половина час или нешто повеќе да нарасне. Печете во загреана рерна на~180c додека добие убава боја а водете сметка да е подеднакво печена и горе и долу затоа што се работи за тесто што би били 5-10 сантиметари висина.

Е па повелете замесете :D

Мој пример надвор од конкуренција :)



7030
by ShakaZulu on Кајгана форум
 
Интернетот ми е како студентските домови во државава! Не ни гледам што сум закачила од слики, уште се полнат кај мене ( ја има погачата на нив нели? :))), затоа не ме нервирај и јас во сред ноќ јадам! :D
 
Интернетот ми е како студентските домови во државава! Не ни гледам што сум закачила од слики, уште се полнат кај мене ( ја има погачата на нив нели? :))), затоа не ме нервирај и јас во сред ноќ јадам! :D

Se nadevam tuka ke daat predvreme glasanje. :D
 
@CafeDelMar
Тестово лиснато е? Дај рецепт за него.

http://moirecepti.mk/post/празнична-погача/

Оваа е рецептата само јас ставам плус 12 лажици шеќер и е многу повкусна. Може и кора од лимон и суво грозје по желба.
Делува како лисната зошто се сукаат корите и се премачкува со маргарин. Некоја измеѓу лисната варијанта е. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom