Робин Вилијамс пронајден мртов

  • Креатор на темата Креатор на темата _Филип
  • Време на започнување Време на започнување
Ај у курац мораше ли овој да умре.. баш кога сакав да има уште некој голем хит и да се врати на голема врата..а баш пред некој ден го зборев ова за него и за Мајкл Џ Фокс...ако он отиде следен ја сум крив :@


Легенда, нека почива во мир дел од детството на многумина. Феноменален актер, феноменален комичар, феноменален човек. Нека му е лесна земјата.
 
Леле, не можам да вервам. Аман! До последно се надевав некоја глупост да не е, се дури не видов на википедија, на ништо друго не вервав.

Нека почива во мир. Ретко вака ме погодува смрт на некој глумец, ама Робин беше легенда, еден од моите омилени. Секогаш можеше да ме насмее. Уникатен комичар, легенда беше. Нека почива во мир.
 
Баш прееска го гледав во Гуд Вил Хантинг, искина таму. Нека почива во мир, голема штета. :(
 
Ја не знам дали само јас не го доживував како комичар? Озбилен глумец беше Робин. Далеку од комичар.
Jaс го осеќав као оние кои го поттикнуваа најубавото во секоја личност. Секако тоа си има и многу, многу скапа цена.
 
Бог да го прости.

Робин МекЛорин Вилијамс
21 јули 1951 - 11 август 2014

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

Штета... дефинитивно од моите омилени комичари.
 
Ја не знам дали само јас не го доживував како комичар? Озбилен глумец беше Робин. Далеку од комичар.
Јас највеќе ќе го памтам по Џумани и Хук шо ги гледав како мал. После и Ноќ во Музејот. Јас како шо гледам, светот го изгуби најдобриот комичар денес. Никој не можеше како него да ме изнасмее.

Вистина беше озбилен глумец. Се докажа и во комедии и во драми. За Гуд Вил Хантинг веќе да не зборам. Еден од омилените. Вечер пак ќе го гледам. Една од најдобрите улоги на Робин.

Го биваше и во такви и во такви флимови. Еден од најјаките глумци во Холивуд, ептен ќе ми фали.
 
Штета, лесна нека му е земјата.
А и реално не беше многу стар. :(
Пих, што ти е живот...
 
Jeбем ти живот, почивај у мир царе, почестен сум што твореше во мојот животен век. У пм се нека иде
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom