Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Видал 60 и кусур, ДиМариа 60 и кусур и шо ти знам уште кој не се спомнување да оди во то Манчестер.
Нешто извор на нафта да не имат во та калта во Англија најдено? Или ВанГал штедеше пари за пензионерски деној?

Незнам до кај е сапуницата со ДиМарија ама ми смрди дека и тој можи да е битна алка во неколку трансфери. За Јунајтед можеби е или/или работата, ама ако го земат Видал, овај е добра реинвестиција на парите.[DOUBLEPOST=1407696107][/DOUBLEPOST]
Заминувањето на Дел Пиеро од Јуве ја сметам за загуба на клубот (од фудбалска, човечка и секаква смисла), независно која е причината за неговото заминување.

Ако се знае дека парите не беа проблем (тоа го изјави и Ањели и Дел Пиеро), остануваат дилемите дали тој сакал повеќе игра, а Конте не можеше да му го овозможи тоа, дали пак Конте сметаше дека авторитетот на Дел Пиеро меѓу играчите е некаков вид „закана“ за да наметни свој, дали играчот сакал да му се даде повеќе простор и слобода во игра а тренерот не можел да му гарантира, или едноставно сакал да промени средина и да види како ќе може да игра во друг клуб.

Едно е сигурно. 10 пати подобро ќе беше да остани Алекс, отколку да се носат Бенднеровци и Анелки. И сигурен сум дека ќе биде далеку покорисен од Џовинко. КЛАСА СИ Е КЛАСА!

Сметам и цврсто сум убеден дека многу добар потег ќе повлече Ањели ако го доведе пак Алекс. Прво, ќе се амортизира празнината која ја остави Конте после неговото заминување, и ќе даде огромна мотивација и поттик за навивачите да веруваат дека Јуве се движи во нагорна линија.

Не е лесно да го гледаш Дел Пиеро да игра ПРОТИВ Јувентус.
За заминувањето мислам дека се неколку фактори пресудни.
- Конкуренција на афторитети со Конте. Мораше да се знај кој е газда во куќата.
- Маркетинг промоција. Присуството на ДелПјеро во Австралија го засили брендот на Јуве таму. Незнам колку е испланирано ова, ама видовме на турнејава дека имаме мноогу фаној таму и и маркетиншки да профитираме.
 
10494642_955354817825081_1379740899383310770_n.jpg
 
Ќе Г А З И М Е со Величе,и самото име наговестува дека се работи за класа играч.. Величе..

друго нешто сакав да пишам,читам Ван Гал изјавил дека му фали крило од типот на Роналдо или Ди Марија шо значи дека логично е да тргнат по Ди Марија,е сеа пошо го земаа царот за 35 мил. и пошо веќе помина 325325 медицински прегледи не глеам како би го земале глушецот,али ај нивна работа.Можда Ди Марцио не објави али затоа објавија мирор и дејли мејл а тука се и релевантните твитови so..
 
Читам навивачите на Хајдук го канат Дел Пиеро да игра за нивниот клуб .. Ако ова се деси ќе идам сезонава Хајдук да ги гледам :D
Шансите Алекс да заигра за Хајдук се 1:10000. Но доколку се случи некое чудо и потпише за Хајдук што не е за верување ние од тука можеме да се организираме и да идеме некоја утакмица да го гледаме професорот. :)
 
Кога ја играме следната пријателска и со кој, и до каде е ситуацијата со заминувања и доаѓања на играчи, поточно што се случува со Видал?
 
Кога ја играме следната пријателска и со кој, и до каде е ситуацијата со заминувања и доаѓања на играчи, поточно што се случува со Видал?
Се исто ко пред месец дена тотално, само шпекулации, официјална понуда нема, Видал тренира сам поради огромниот напор на коленото за време на светското... :)
 
Vecchiasignora.com и 99.000 регистрирани членови бараат конечен одговор од клубот и од Видал што ќе се случува понатаму со играчот.
 
Vecchiasignora.com и 99.000 регистрирани членови бараат конечен одговор од клубот и од Видал што ќе се случува понатаму со играчот.
Веќе некое време се врти ова,гледам денес и официјално испаднаа со такво барање.
Тешко дека ќе добијат одговор.
 
Официјално Тавекио е нов претседател на ФИГЦ.

Ањели се скарал со Прециози и Лотито кои биле за Тавекио исто и Де Лаурентис кој е за Тавекио го нападна Ањели "не е случајно што Ањели се кара со сите".Галијани и Интер исто така се за Тавекио.Е па со среќа нека им е,нека не се чудат после зашто Сериа А тоне,самите си се криви,Јуве си работи како што треба и се гледаат резултатите но за во Европа мора да имаш силна федерација и силна лига,едино Рома прави сериозен тим,другите сите се за во ѓубре.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom