Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Не дека сакам да ги бранам жените, бидејќи не се цвеќиња за мирисање, ама би се изненадил колку машки си полнат его и се фалат пред другари како некоја им пишала/пишува на Фејсбук.
Тоа не е до полот, веќе е до, царство: цицачи; вид: човек. И женските и машките се фалат кога некој им пишува, секој човек знае да се пофали со тоа кај некој кога ќе види заинтересираност за него/неа. Не е ништо лошо, такви сме сите :)

@x-leader размисли и напрај го тоа што ќе те замара помалце, тоа одбери го. Ако мислиш дека тапа ќе ти биде ако баталиш, не баталувај. Оваа очигледно си е таква, конкретен, сто процентен совет што треба да напраиш нема да добиеш, којзнае што и се врти, никој од нас не може да знае тоа. Најпаметно е да баталиш, али ако не можеш, не можеш, тоа е.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Јасно е за машкото его, се слагам, ама не секој го прави тоа. Исто така се слагам дека машкото прво треба да превземе иницијатива, #Jer машко си или што си. :D Али има ситуации каде машкото нема поима дека го свиѓа некоја, а таа што го свиѓа за жива глава не сака да даде некој знак или да пише прва. И на крај нормално следи жалење за тоа како немала среќа во љубовта, дека ништо не и оди и слично.
Јасно де, не реков дека сите се такви, но заради таквите, на многу девојчиња им е глупаво први да пишат. И така се вртат во круг до бескрај. И гледаш после 30 години се сретнуваат и оваа му вика: Ех на времето колку те свиѓав и овој и вика: Еј и јас исто...:pos: Ма да, дури и машко да нема поим дека некоја го свиѓа, по логиката - ако му се свиѓа, ќе и пише, ќе проба... што знам, барем така мислам.
Не е така лесно тоа така.. Баталија, тури и курот... Али ајде веќе неколку дена пробувам..

Sent from my Samsung Galaxy S4 using Tapatalk
Де бе, како кажа, ко 5 години да сте биле во врска.:icon_mrgr:
Неколку дена пробувал... а бе, прв чекор е да престанеш сам на себе да си даваш лажна надеж и да се одалечуваш од неа и да не буљаш во зеленото од страна на фејсбук кога е онлајн, надевајќи се дека ќе ти пише. Стаи се офлајн ако треба, не се измачувај.[DOUBLEPOST=1407630497][/DOUBLEPOST]
Тоа не е до полот, веќе е до, царство: цицачи; вид: човек. И женските и машките се фалат кога некој им пишува, секој човек знае да се пофали со тоа кај некој кога ќе види заинтересираност за него/неа. Не е ништо лошо, такви сме сите :).
Затоа и во првата реченица напоменав дека не ги бранам девојките и реков дека не се цвеќиња за мирисање.:icon_mrgr: Си кажав, со дисклејмер уште од почеток.
Муабетот ми беше во контекст на тоа зошто девојките воопшто или ретко први пишуваат, инаку се согласувам со тебе. Ма да, има разлика од тоа да се пофалиш дека некој е заинтересиран, до тоа (на кое јас мислев) да се фалиш со муабетот: А бе види ја како е залетана, ми пишуе нешто, а јас не и се замарам и слични муабети. Демек она трча по него, а он е искулиран. Шоу за пред другари.
Тоа што луѓето се замараат кој што ќе мисли и збори за нив, тоа е веќе сосема друг проблем.
 
Член од
19 јули 2014
Мислења
142
Поени од реакции
23
Хахахајха абе не е баш така.. Оваа споредено со врсничките нејзини многу по сериозно размислува на работите..

Sent from my Samsung Galaxy S4 using Tapatalk
 
M

MysteryMan23

Гостин
Хахахајха абе не е баш така.. Оваа споредено со врсничките нејзини многу по сериозно размислува на работите..

Sent from my Samsung Galaxy S4 using Tapatalk
Исто како шо и ти од твојте врсници размислуваш ного посериозно... за да си фатеш женска по форуми питуваш шо как.. јунфер :D :pos:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Исто како шо и ти од твојте врсници размислуваш ного посериозно... за да си фатеш женска по форуми питуваш шо как.. јунфер :D :pos:
Леле аман, тие му се годините, тоа е нормално однесување. Порано луѓето прашувале другари, сега прашуваат на форум. Повеќето од тука што као се зрели, пораснати и им се смеат на тинејџери што постираат на форум, ќе биле исти, ако не и бетер доколку имале форум и фејсбук.
Нема зошто да му се смеете, сите ги имале истите/слични проблеми на тие години.
Лесно е да продаваш мудрост и памет, откако ќе ги поминеш тие години. Уствари, лесно е да продаваш памет и мудрост на помали од тебе или воопшто на луѓето и да им се смееш.
Па уште јунфер му вика... извини, дечко.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.152
Поени од реакции
16.095
Не сваќам.. Зошто девојка од 15 години да не биди за сериозна врска ?
Просто и едноставно, дете е.
Не е девојка, јас сум девојка, она е дете. Тоа дете нема поима од тоа како една врска се одвива. Зборувам за зрела врска, каква што може да се има над 20 години.
Не знам, ми текнува јас што мислев и што знаев за врски на 15, а тоа е едно големо ништо. И стварно не знам што упорно барате некои од 14-5, а ти имаш 17. Најди некоја од 17, таа е колку-толку поспремна за врска, отколку од оваа на 15, остајте ги децата да пораснат ко што треба.

Кога сум кај муабетов, стварно иам заприметено, дечки од 21-2 во врски со едвај 15-6 годишни. Што е проблемот, повозрасниве не паѓаат на детски игри, па децата поубаво се лажат или врска немам што е. Али многу ретко гледам генерациски исти да се паровите, обавезително мора машкото да е бар 3-4 години постаро.
 

Cruise

Ja sam taj iz Cadjavice
Член од
1 јануари 2013
Мислења
2.038
Поени од реакции
940
Он има 17, таа 15, како според годините би требало да се одвива нивниот „љубовен“ живот?
Поготово девојчето, 15 години има, бејбидол носи уште, и ќе знае што сака од љубовниот живот, офф
Што е тоа бејбидол?
 
S

Samurai_Sk

Гостин
No money, no honey-лубов без причина не постои-тоа само во бајките,така за тие што немат што да нудат најозбилно како брат, им препорачувам не се занимавајте со девојки,секогаш ке јадете корпи.било на кулурен начин било вулгарно.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
No money, no honey-лубов без причина не постои-тоа само во бајките,така за тие што немат што да нудат најозбилно како брат, им препорачувам не се занимавајте со девојки,секогаш ке јадете корпи.било на кулурен начин било вулгарно.
А бе седииии дечко, а бе во кои филмови влегувате само да ми е да знам.
Секогаш ќе јаделе корпи.:pos:Како постојат тогаш толку парови (нормални девојки и дечковци)? Ако те изгореле една-две девојки, не значи дека секогаш ќе јадеш корпи. Не може секоја девојка да сака да е со тебе, не може ти да сакаш да бидеш со секоја девојка. Луѓето имаат легитимно право да не сакаат да бидат со некого, тоа нема врска со парите.
 
S

Samurai_Sk

Гостин
А бе седииии дечко, а бе во кои филмови влегувате само да ми е да знам.
Секогаш ќе јаделе корпи.:pos:Како постојат тогаш толку парови (нормални девојки и дечковци)? Ако те изгореле една-две девојки, не значи дека секогаш ќе јадеш корпи. Не може секоја девојка да сака да е со тебе, не може ти да сакаш да бидеш со секоја девојка. Луѓето имаат легитимно право да не сакаат да бидат со некого, тоа нема врска со парите.
Слушај ваму јас зборувам од тоа што знам од животот, девојките без причина не те гледат не мора да биде матриалистичка причината, секоја девојка ке најде дечко од кој преку него може да ги лечи своите комплекси,некој си сакат добро додерани што се грижат како изгледат,некоја сака да биде со интелегентен,интелектуал "да знае многу" така што таа да се фали во друштво дека има паметен дечко, некоја сака мангуп не некоја туку повеќето во овој случај, а најмногу на денешно време нормално да ги имаш џебовите полни,лукзусна кола,куќа,лукзусен живот.Но ако си мрзлив, ако не се облекуваш добро,ако не си некој си фаца, ако не си познат на маало, кафулиња, друштво верувај ми тешко е да најдеш девојки. Значи секогаш мора да постои причина, само во one night stand нема причина- ама таму треба да бидеш lepota и да имаш шарм, да бидеш стварно cassanova типче.
 
Последно уредено од модератор:
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.855
Поени од реакции
12.364
Не е така лесно тоа така.. Баталија, тури и курот... Али ајде веќе неколку дена пробувам..

Sent from my Samsung Galaxy S4 using Tapatalk
Ништо во животот не е лесно :coffee: Батали ја ќе ти помини. Да му веруваш на чичо ;)
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.165
Поени од реакции
6.046
Али многу ретко гледам генерациски исти да се паровите, обавезително мора машкото да е бар 3-4 години постаро.
А што има лошо у тоа машкото да е 3-4 години постаро?
 
G

Gricko_

Гостин
Ништо посебно, само симптоматично е кога 22 годишен се влечка со 15 годишна да не речам осмооделенка.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom