Bitno ima losa turisticka sezona so pogolem broj na turisti i pari od lani....! Go najdovme krivecot! Prasanjeto e ima ili nema losa sezona ?
Бакрачески- медиумите се виновни за лошата туристичка сезона во Охрид
од НОВА | објавено на: 07-08-2014 18:56:59
Според охридскиот градоначалник Никола Бакрачески медиумите биле виновни за лошата туристичка сезона во Охрид, тие негативно известувале и ширеле негативна кампања за Охрид.
„Негативната кампања не е од вчера. Тоа се случува 20 години. Се почна минатиот месец со наводно високите цени во угостителството, иако се три до пет пати поефтини од оние во Грција, потоа лошото однесување и слабата едуцираност на персоналот во хотелите, со концертот на Цеца во кој, како што јасно реков, локалната самоуправа не беше вклучена. Во медиумите дури се појавија и слики од депонии кои воопшто не одговараат на локациите во Охрид“, рече Бакрачески.
Во медиумите постојано се објавувале тендециозни написи и некоректни новинарски прилози во кои најчесто неосновано се критикува Охрид. И покрај тоа, како што откри Бакрачевски, заклучно со јуни вкупниот
број на туристи во Охрид бил поголем за 2,6 отсто во однос на минатата година, нагласувајќи притоа дека бројот на странски туристи во тој период е
поголем за 6,5 отсто, а на домашни намален за 4,7 отсто. Покрај тоа на име на туристичка
такса се наплатени 36.000 евра, однсно 10.000 евра повеќе од лани.
Бакрачески додава и дека Охрид никогаш не бил почист град, има многу културни настани. Во услови кога во државата има проблем со иселувањето, минатата година во Охрид куќи или имоти купиле 40 странски семејства, најмногу од Холандија и Велика Британија.