М
Појма немам...
Ама редовно се консултирам со „Вики„ и со слични надри-научни сајтови, посебно сајтови од еволуционистичка провиниенција, кои гарант даваат „точни„ резултати, иако постојат и
битно поинакви мислења...
Кажи ги тие битно поинакви мислења и образложи ги овде.
И дали за тебе е надри-научен сајт во кoј убаво ти е објаснето сѐ сосе докази и физички и математички пресметки, а вистински научен сајт ти е
така пишува во Библијата, стих тој и тој?
Кажи што е неточно во тие линкови што ги постирав. Кажи кој дел е неточен, со што не се слагаш, зошто не се слагаш, каде мислиш дека направиле превид и зошто мислиш така?
И каде прочита дека Земјата е стара 30 милијарди години? И знаеш ли воопшто која е најниската и највисоката цифра за староста на Земјата?
Ако го отвореше вториот линк што го постирав ќе видеше дека различните методи на мерење на староста на Земјата даваат од 4,21 до 4,59 милијарди години.
И што ако постојат
битно поинакви мислења? Сѐ се тоа шпекулации и филозофии. Кажи дали постојат
битно поинакви испитувања? Или тебе не ти се битни испитувањата поткрепени со математички, физички и хемиски докази, туку тебе ти се битни само мислењата кои немаат никаква научна основа?
Или сметаш дека некои ограничени протестантски фундаменталисти се сестрани експерти по геологија, генетика, медицина, фармација, биологија, астрономија, космологија, физика, хемија, термодинамика и сѐ останато зашто тие имаат
мислења, а лабораторија не виделе ни на слика, a камоли пак нешто самите да испитаат?[DOUBLEPOST=1407414066][/DOUBLEPOST]Прочитај ги стиховите во Стариот Завет и добро размисли:
11.
И пак рече Бог: „Нека израсте од земјата зеленило – трева, што дава семе, според својот род и вид, и дрво плодородно на земјата, што дава плод и има во себе семе, според својот род и вид!” И стана така.
20.
Потоа рече Бог: „Нека произведе водата лазачи, живи суштества, и птици да полетаат над земјата, под сводот небески!” И би така.
24.
Пак рече Бог: „Нека произведе земјата од себе разни суштества според родот нивни: добиток, и лазачи, и ѕверки земни според нивниот род!” И би така.
25. И создаде Бог ѕверови земни, сопред родот нивни, и добиток според родот негов, и секакви гадинки на земјата, според родот нивни. И виде Бог дека е добро.
26.
Потоа рече Бог: „Да создадеме човек според Нашиот образ и подобие како што сме Ние, кој ќе биде +господар над рибите морски, и над птиците небески, и над ѕверовите – над целата земја и над сите гадинки што се движат по земјата!”
Откако израснале од земјата треви, откако водата и земјата произвеле животни, вклучувајќи ги тука и плаценталните цицачи и приматите, дури тогаш рекол Бог да го создадеме човекот според Нашиот образ.
Знаеш ли кој е Божјиот образ во човекот? Видиш ли дека на ниедно животно Бог не му дал Божји образ, туку само на човекот?
Но во што ти како човек се разликуваш од шимпанзото? И двајцата сте тетраподи, и двајцата сте плацентални цицачи, и двајцата се размножувате со копулација, женките на шимпанзото имаат менструација, и двајцата го користите сексот и за задоволство, не само за размножување, и двајцата имате сличен скелет, внатрешни органи, крвоток, лимфен систем, мозок, 'рбет, коски, сетила за вид, слух, мирис, допир итн.
Дали на шимпанзото му дал Божји образ? Не! Е тука е клучната разлика.
Но што е тоа што те дели од плаценталните цицачи и од човеколиките мајмуни?
Очигледно не знаеш што е човек. Ти човекот го посматраш само како тело. Неговото тело и сите органи како и нивните функции речиси и да не се разликуваат од животинските. Но
само човекот има божји образ. A божјиот образ не се глава, две раце и две нозе и внатрешни органи. Божјиот образ е промислата (спознанието) за светот, кај човекот познати како словесност и свест.
Словесност и свест нема кај ниедно животно. Има само кај човек, создаден според Божјиот образ.