Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Инаку како што ја слушнав изјавата на докторот он не ги изгубил палецот и показалецот, туку само тие му ги спасиле, а ги изгубил другите три прсти.


mene mi rece deka se 2 prsti i deka nema sansi da se spasat ama ke se znae podobro podocna koga ke ima uste eden pregled. najverojatno ke treba uste edna intervencija vo MKD
 
Уште се прати состојбата, засега се само два прста и во најдобар случај само без тие два прста ќе остане. Да се надеваме на најдоброто.
 
чекајте сега, останаа само палецот и показалецот или тие ги изгуби?
 
Се врти инфо дека против Чкенди без публика ќе се игра? :unsure:
Не дека има основа за нешто такво, но сепак не би бил изненаден и таква одлука да се донесе.
#dagivratimelugetonastadionite
 
Забрана за фудбал, не за навивачи. Да ти се изнамочам и на МВР и на ФФМ и на држава и на све, а она што бар мене ми е најболно и највише ме нервира, е тоа што минимум 50% од народов верува во причите дека Комити се криви, и продолжува да ги смета навивачите за од гомно полошо. Очигледно не е проблемот во МВР, во народот е проблемот.. затоа нека не ебат како сакаат
 
Забрана за фудбал, не за навивачи. Да ти се изнамочам и на МВР и на ФФМ и на држава и на све, а она што бар мене ми е најболно и највише ме нервира, е тоа што минимум 50% од народов верува во причите дека Комити се криви, и продолжува да ги смета навивачите за од гомно полошо. Очигледно не е проблемот во МВР, во народот е проблемот.. затоа нека не ебат како сакаат

Како да не веруваат кога никој нема стапнато на стадион да види како е, а по медиуми Комити трпат негативна кампања веќе со години. Ко да незнаеш каков е народов кај нас..."шо бараш во Холандија сето наркомани е" = "што бараш на утакмица сето хулигани е".
 
Од кога знам за себе го пратам фудбалот, што се вика првите чекори ги имав низ стадионите, Вардар и мак фудбалот ми се дел од животот, и сега за прв пат после толку време, можам да кажам дека искрено курац ме заболе и да стават 10 години забрана за играње фудбал. Која смисла ја има фудбалот и спортот во државава кога не знаеш дали ќе се вратиш од утакмица? Вреди ли живот да се ризикува за овој мизерен фудбал што се игра во Македонија...Толку еуфорија имаше во мене за гостувањево и сезонава што иде, сега не ми се ни стапнува на стадион, пропадна спортот кај нас...
 
чекајте сега, останаа само палецот и показалецот или тие ги изгуби?
Изгубени му се показалецот и средниот прст, на палецот имал делумно оштетување ама спасен му е.[DOUBLEPOST=1407289908][/DOUBLEPOST]Како што разбрав дечкото во притвор е претепан од џандарите и тоа најповеќе е тепан во главата.[DOUBLEPOST=1407293281][/DOUBLEPOST]Денес Самовилата ќе го презентира проектот за тренинг комплексот има информација на сајтот за тоа.
 
Последно уредено:
Ф.К. Вардар ќе гради тренинг центар по светски стандарди

Скопје, 06.08.2014 – Раководството на фудбалскиот клуб Вардар, по пример на големите светски фудбалски клубови, ќе гради свој тренинг центар. Новиот тренинг центар на Вардар ќе содржи 3 фудбалски терени, од кои два терена ќе бидат со природна трева, а еден терен ќе биде со вештачка трева. На просторот на тренинг центарот на ФК Вардар, покрај спортските објекти ќе се наоѓа и административниот дел на клубот, сала за состаноци, и прес центарот на клубот.

“Постулатите на овој проект беа поставени при самото потпишување на купо-продажниот договор со град Скопје, тренинг центарот е дел од развојната програма на Ф.К. Вардар и има за цел на долг рок да обезбеди активен прогрес во делот на тренажниот и натпреварувачкиот процес. Ф.К. Вардар во својата историја на постоење до сега немал свои репрезентативни простории и за нас раководството на клубот, покрај правењето на тим кој ќе се бори за двојната круна во македоснкото фудбалско првенство, една од главните приорите ни беше и изградбата на овој тренинг центар, кој покрај спортскиот дел, ќе има и административен дел, каде ќе се наоѓаат канцелариите на клубот. Овој тренинг центар ќе се гради по сите европски и светски стандарди, и ќе ги задоволи сите потреби на фудбалерите, како од првиот тим, така и на фудбалерите од сите младински категории. Тренинг центарот на Вардар ќе содржи 3 фудбалски игралишта, од кои две со природна трева, и едно со вештачка трева. Фудбалската академија на клубот Вардар, која отсекогаш претставувала извор на врвни фудбалери, сега ќе има шанса да работи во максимално професионални услови, и да допринесе уште повеќе за македонскиот фудбал” –изјави извршниот директор на Вардар, г. Самоил Симев.
Во склоп на тренинг центарот на Вардар, ќе има и фудбалска академија со сместувачки капацитети од 14 двокреветни соби, 3 апартмани, внатрешен и надворешен ресторан, како и паркинг според сите стандарди и прописи. Инвестицијата за овој проект ќе чини приближно 1 милион евра, а на конкурсот за идејно решеие беше одбрана компанијата Торус Инжињеринг. Локацијата за изградбата ќе се утврди дополнително, поради анализа и естимација со три општини во Скопје. Промоцијата ќе биде најдоцна до 15-ти октомври, а врз основа на целиот динамички процес согласно со законските регулативи, тренинг центарот ќе биде готов до крајот на првиот квартал во 2015-та година.

737d131d26953e4031ad354450593652a4-w=1920-h=1200.jpg


73e72985b3d38947bab4976840eb0c58a4-w=1920-h=1200.jpg


73c730482baf6e4c0f8be2c67a23d77199-w=1920-h=1200.jpg


Ајде за убаво нека е :)
Локацијата се уште не се знае.Би требало некаде на периферијата од градот да биде лоцирана, друго место не ми паѓа на памет.
 
За убаво ќе биде кога ќе се исече лентата, до тогаш ќе се само муабети, ко овие 8 месеци што кружат.

Ќе биде топ ако го донесеме Радевски. Ќе се обезбедиме и на таа десна крилна позиција.
Ако е во план Марче, тоа ќе беше многу по изводливо пред да го донесат Петковски. Овака пет напаѓача и тоа сите ист профил за што ќе ни се
Сум за Ефремов, само да не му ги видам очите на терен на горилоно што го ували мивката од ЖРК
 
Ефремов е супер талент,само кои рефлекси ги имаше минатата недела,погледнете го видеото само,ако дојде,тогаш би било веројатно да балансира со Павловиќ,но многу е можно и прв голман да оди,Хрватот џабе го земале ќе испадне сеа,се надевам не некоја голема плата зема :D

Тренинг комплексот е прекрасен,еден милион евра за цена,колку годишен буџет,само која мала цена е,а имаш и зграда сосе канцеларии,ресторан надвор и внатре,фитнес,дури 3 терени ... Ако Ѓоко као шо рече дека се има веќе локација,се надевам споменатата,покрај новата сала :) Доказ дека една мала сума,добро,милион евра,добиваш огромен објект и дека толку помпезно што се оговараше дека е многу милиони да се напраи,падна во вода.

Пс

Дали е тоа Гвардиола на една од сликите од комплексот ?! :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom