Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Нервозите продолжуваат со нај мртвиот тренер на просториве, зарем пристигнаа комити? 170км или 1700км има на релација Скопје - Битола? Гордана да не просветли
 
ми се плаче од фудбалов што го гледам.........од средина,врати топка до штопер..штоперот пукање напред дугачка и ако ја фати некој добро,ако не 90% од таквите пасови завршуваат во гол аут. МИЗЕРИЈА !
 
Ако ништо друго бекови видов дека имаме добри денеска. Ај прва утакмица уште во грч играат ама па кога ќе ми текне дека Пелистер ги рачунам дека ќе се борат за опстанок и не сум задоволен од резултатов.
 
Точно е дека некој од комитите останал без рака , или како и вообичаено медиумите пумпат?
 
Точно е дека некој од комитите останал без рака , или како и вообичаено медиумите пумпат?

TERA TV
1 min ·
Комитата ја одзел шок-бомбата од полицаец и ја активирал, повеќе повредени: Еден навивач на навивачката група „Комити" ја изгуби раката од подлактицата надолу, друг се здоби со отворена рана на ногата а трет со сериозни повреди на градниот кош, додека неколкумина се полесно повредени од инцидентот што се случи на трибината каде што беа сместени „Комитите". - На само две три минути пред крајот на натпреварот, кога победата на Вардар не доаѓаше во прашање, без никаква причина еден од навивачите на Комитите му ја одзеде шок бомбата на еден од полицајците и ја активираше. Во тој момент тој ја загуби половината од раката, а навивачите кои беа во негова близина, се здобија со посериозни и полесни повреди. Повредени се и неколку полицајци, пишува „Нова Македонија". Брзата помош во Битола има полни раце работа, а додека да се испратат Комитите, стадионот е блокиран. Засега нема подетални информации за тоа, како дојде до овој инцидент. извор:www.kurir.mk www.novamakedonija.com.mk

 
ауууууу страшно еј :cenzura:[DOUBLEPOST=1407094083][/DOUBLEPOST]сега прочитав дека наводно специјалец ја активирал шок бомбата....
биле принудени пред крајот на натпреварот да ја напуштат трибината и ради тесниот излез се збуткале и тогаш е активирана бомбата
 
Последно уредено:
Страшно , со кој ум се изложил во опасност и себеси и останатите.[DOUBLEPOST=1407096059][/DOUBLEPOST]„ Навистина ми е жал за она што се случи и што го видов со мои очи. Навивачот остана без рака и во овој момент ништо друго не е важно. Некој сака да дојде на натпревар со дете, со семејство а се случуваат вакви изолирани инциденти. Штета бидејќи атмосферата беше прекрасна, амбиентот извонреден. Околу натпреварот, победивме но Вардар мора да игра подобро. На три бода во Битола не треба да му се бараат замерки. На почетокот на вториот дел имавме удар во пречката, две шанси и постигнавме гол. Верувам дека во иднина ќе играме уште подобро" рече по натпреварот Александар Васовски помошник тренер на Вардар.
 
Последно уредено од модератор:
Турчин денес звучеше добро. Денес подоцна ќе се знае што понатака меѓутоа најверојатно ќе ги загуби палецот и показалецот. УГЕ моментално разгледува клиники низ германија за третман. Гроздановски го посетил а подоцна се очекува и Тетовче.
 
Инаку како што ја слушнав изјавата на докторот он не ги изгубил палецот и показалецот, туку само тие му ги спасиле, а ги изгубил другите три прсти.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom