Одамна реков дека Скопје со сите случки во него ми личи на Тетово при крајот на 90-тите. Во блиска иднина очекувам протести на 300+ лица кои ќе шетаат низ него и ќе извикуваат дека Скопје е македонски град. Во исто време, Македонците кои живеат во населбите каде што мнозинство се албанците ќе сакаат да ги продадат становите и да се преселат во помирно место, каде ќе можат да го пуштат детето во училиште и да знаат дека нема да биде тепано зошто е Македонче. Албанците ќе добијат чисто албански населени места (како што денес во Тетово речиси се блок 82, Горна Чаршија, улица Штипска, половина од блок 70 (а немаше ниту едно албанско семејство до пред 15 год), улица Караорман, Дреновец, Цетинска, селата Д. Палчиште, Лисец, Требош, Џепчиште, Слатино, Копачин Дол, Долна Лешница, Челопек, Сараќино...)
И не, не е крива ниту една влада - народот си е. Едната половина сеуште мисли дека не се сите исти, додека другата изгледа почна да ужива во улогата на жртва.
Македонија има само 2 избора - или полека но сигурно да се подели и да не постои како Македонија, или народот да ја превземе улогата од Албанецот т.е. да глуми жртва а да врши терор.