Навивач остана без дланка на дербито Пелистер-Вардар

Член од
24 март 2010
Мислења
15.205
Поени од реакции
25.939
Ок, да речеме дека е така. Дали може осигурувач, некој кој е неискусен со такви направи, да извлече со една рака? И не мора да значи дека Турчин го извадил осигурувачот. Виде како на него нагрнаа и полицајци и други навивачи. Во било кој момент во таа мешаница може да испаднал.Уште едно сценарио: На цајканот му испаѓа и при тоа испаѓа осигирувачот, Турчин ја држи цврсто во раката (што нели, не дозволува детонација). Значи од моментот на вадење на осигурувачот (веројатно од ударот во бетонот) до фаќањето во рака нема повеќе од секунда и неколку десетинки. Тој се обидува да ја држи цврсто, околу него не сфаќаат зошто и нагрнуваат на него сите.
Некој поназад пиша дека Турчин имал искуство од 2001. Ако е точно, веројатно знае за каква направа станува збор и сакал да го направи тоа што го напишав.

Значи јас не тврдам дека така, туку е МОЖНО сценарио.


И баш ме интересира како тоа е дозволено и логично евентуално користење на шок бомба на простор од 5х5 метри каде има преку 50 лица. На отворени и големи простори (терен од фудбалско игралиште, плоштад, улица) да, ама тука не гледам логика и доволна причина. Плус што беа ист број на специјалци и навијачи.
Не е возможно. Доколку механизмот за активирање го запали фитилот (а бомба кога паѓа со извлечен осигурач сигурно има активиран механизам) таа експлодира после неколку секунди и нема начин да се спречи тоа. Кога тој ја подига од земја, бомбата има осигурач на нејзе со сигурност.

Ама клучното овде за на суд е дали ја подигнал од земја или ја украл. Ако ја подигнал од земја, има начини да се извлече. Напад на паника, адреналин, ментална блокада. Има многу олеснителни околности. Може и да тврди дека не го извлекол тој осигурачот (што е веројатно и точно) и нема начин да се докаже кој друг го направил тоа. Затоа МВР инсистира на верзијата украл. Тоа го спасува полицаецот од одговорност и ја префрла врз навивачот.
 
Последно уредено:
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.911
Поени од реакции
11.527
Не е возможно. Доколку механизмот за активирање го запали фитилот (а бомба кога паѓа со извлечен осигурач сигурно има активиран механизам) таа експлодира после неколку секунди и нема начин да се спречи тоа. Кога тој ја подига од земја, бомбата има осигурач на нејзе со сигурност.

Ама клучното овде за на суд е дали ја подигнал од земја или ја украл. Ако ја подигнал од земја, има начини да се извлече. Напад на паника, адреналин, ментална блокажа. Има многу олеснителни околности. Може и да тврди дека не го извлекол тој осигурачот (што е веројатно и точно) и нема начин да се докаже кој друг го направил тоа. Затоа МВР инсистира на верзијата украл. Тоа го спасува полицаецот од одговорност и ја префрла врз навивачот.
Фала за неарогантниот одговор. :)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Значи, аман, си има модератори и супермодератори кои одлучуваат кога и дали ќе биде затворена темата, не мора секој пост да ви биде “темава треба да се затвори“ и слично. Ако не ви се свиѓа дискусијата, не ја отварајте темата. Се жалите на цензури и слични ствари, а ако ви се здосади или не ви се свиѓа дискусија, одма напнувате да се затвори.

Сега за сега, нема причина да се затвори темата.
 
Член од
9 април 2011
Мислења
810
Поени од реакции
1.043
Еве за тие што не знаат на каков начин работи шок бомба
полицискиот службеник чија била бомбата во службена белешка навел дека забележал дека му ја нема бомбата која ја имал закачено на горниот дел од панцирот од десната страна, но не можел да прецизира дали му испаднала или некој од навивачите му ја извадил, соопштуваат од МВР.
http://brif.mk/?p=161183


Внатрешна контрола
Таканаречената “Шок бомба“ се претпоставува дека навивачот или ја истргнал од униформиран припадник на посебната единица или во гужвата која настанала со меѓусебното потиснување, таа неактивирана испаднала, по што ја зел и набргу потоа ја активирал.


Мое мислење е дека бомбата му има испаднато на полицаецот, а не одземена, навивачот ја зема од земја (што сакал да направи со неа не знам) и во целата таа гужва/тегнење некој несакајќи ја има активирано бомбата.
 

_predator_

Студент\Џаболебар
Член од
17 декември 2012
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.461
Едно е сигурно, а и доста логично, бомбата има двостепенско ниво на активација, нешто слично ко на видеото погоре.Значи ради непознати причини се нашла во толпата, ама најверојатно била неактивирана.До активирање доаѓа ваљда подоцна , поради неспретност\незнаење\несакање.
Како и да е , чија и да е кривицата, штета е да одиш на фудбалки напревар, а да се вратиш дома без дланка.
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Утре ден некој кељо на хормони ќе ви џитне таква бомба во кино, ќе му се откачи од појас во трговски... не викам да ја разберете целосно ситуацијава ама барем пробајте.
како да пробаат кога меѓу себе очи ќе си извадиме за побанални работи.

Еве,во Германија полицијата на трибина влегува без шок бомби на трибина кога има нереди.Значи на самата трибина.Опремени се со пендраци,можеби штитови и најчесто пипер спрејови.Но тоа се луѓе со факултет,кои имаат завршено обука за такви проблеми и кои знаат како и кога да реагираат.
Кај нас говедава се со средно школо кои не знаат колку се 2+2,камоли да извадат од трибина 100 навивачи од еден влез-излез.Ги фаќа паника ако иде бавно работата,па почнуваат да буткаат со штитовите,некој провокатор ќе извади пендрак,ќе мавне по слабини чисто колку да покаже дека тој е шефот.Арно ама,некој не трпи да биде тепан без причина и се случува што се случува.
Сите вадат пендраци и почнуваат крвнички да тепаат,небаре сме заробени талибанци осудени за масакр.


Значи ќе пишам по не знам кој пат.

Шок бомба не смее да се внесе на трибина каде што има многу луѓе од двата табори.Трибината е мала,има премногу луѓе и ако се фрли таква шок бомба помеѓу нив,можно е да има жртви.Без разлика дали кај едните или кај другите,жртви ќе има.
Шок бомба се користи надвор од стадион бидејќи шок бомбата се исфрла од пушка.Се пука од неа во воздух и експлодира во воздух.Ако се фрли меѓу луѓе на трибина со рака,тогаш ќе има изгореници по телата на тие што ќе се најдат околу неа.А тоа полицијата не го посакува,барем во останатиот дел од светот бидејќи сепак тие треба да ја гарантираат безбедноста на граѓанинот.

Надвор од трибина,од стадион шок бомбите се дозволени и во ред е да се користат,но ако ситуацијата го налага тоа и ако полицаецот задолжен за исфрлање на истите добие наредба од надредениот.

За користење такви бомби треба факултет,требаат часови и часови обука,но треба и психички стабилен човек кој не потпаѓа под притисок.

Следно,таквите полицајци опремени со шок бомби не се во први редови,туку позади остатокот од џандарите опремени со пендраци и штитови.Кога добиваат наредба,исфрлаат шок бомба во воздух или со рака меѓу толпата НАДВОР ОД СТАДИОН.Првиот ред џандари спремни се при самото испукување да се затрчаат и да почнат да ја истеруваат топлата наназад.
Ова беше случај со протестот во Ѓорче.Кој беше знае,кој не знае нека не ме цитира без врска и да ми глуми паметњакович.

Значи да финализирам.

Шок бомба на трибина не се внесува од повеќе фактори,камоли да ја активираш и да ја фрлиш во маса народ.Да го тргнеме на страна тоа што на пример му паднала на џандарот.Тоа е непрофесионалност и непознавање на својата работа за што треба да си одговара тој и неговиот претпоставен.

Без цитирање со глупи одговори и ќе ги замолам тие што немаат стапнато на стадион и се немаат сретнато со такви полицајци да го одминат мојот пост бидејќи очигледно е дека живееме во различни држави.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.613
Поени од реакции
70.165
Јас колку што ве читам само можам да дедуцирам дека вие имате помалку мозок од дечкото без прсти. Толку слабо резонирате што чудо е како имате уште две раци да пишувате постови а тој останал без неколку прсти. Значи тој импулсивно изреагирал, ама вие имате часови да размислите, да препрочитате, што сакате и зошто сакате да постирате. Јас незнам во кон паралелен универзум ви има повеќе смисла да осудувате некој кој има право на посед на факинг бомба ПОВЕЌЕ неголи 30 години маж што решил да ја украде или мафта у воздух ко да е на сет на planet of the apes.

Како првиот е повеќе виновен од вториот?

Дали сте вие нормални? Не ми се веруваше дека прочитав полицаецот не требало да дозволи да му ја украдат?!

Дали мислите нема казни за неодговорност со опремата, ако веќе му паднала?

И дали мислите истите не се преполовуваат кога не е сам виновен туку вршејќи си ја работата некој му ја краде?

Е сега дали ви има смисла да биде поригорозно казнет од некој што ја краде или наоѓа и ја мафта и загрозува x 2 повеќе пати животи неголи?

Штета за дечкото навистина, ама заслужува да биде казнет, дури и бомбата да ја нашол на земја. Ало бомба. Нека ви легне зборот во мозок пред да trigger-happy реплицирате. Бомба. Факинг бомба. За која немал тренинг, знаење и све поврзано. За разлика.

Мислам, како може да застанеш на страна на НАВИВАЧИТЕ, и свесно да напишеш пропуст на полицијата што *пази ова* НАВИВАЧИТЕ имале камења со нив за мавање?

Колку е лош тој период all-cops-are-bastards значи.. штета за тие што заглавуваат во истиот и после 30. Ова као они мене ќе ме вадат 5мин порано поради општа безбедност за што имаат тотално право, ќе седам на трибини 15+ сега дури не ми влезат со штитови и пендраци. Толку сум јак.
Да ти објаснам прво неколку работи.
Ќе тргнам од стадионот во Битола.
Подолго време се води кампања за реновирање на стадионот. Зошто?
Зошто изгледа вака:
http://forum.kajgana.com/threads/Интернет-кампања-Сакаме-стадион-во-Битола.74099/page-5#post-6744058

На линков ќе најдеш слики...
Штета е што нема слика од влезната врата од стадионот. Реков дека истово протерување од трибина ни се има случено и во 2007. Тогаш ја сликав вратата, али сликата ми е заглавена во еден стар мобилен и нема начин да ја префрлам. Убаво ќе беше да се види и визуелно колку луѓе може да излезат од таа врата.

ФФМ наложи дека не смее да се игра фудбал тука, но како и секоја година го повлекоа барањето.
Кога веќе милуваш да ги браниш МВР, кажи ми дали они се тука да спроведуваат закони или да си прават што сакаат?
Најди дел од некој закон во кој се наложува гостинската навивачка група да си оди пред завршување на мечот? Најди закон во кој се наложува гостинска навивачка група да биде пуштана на стадион дури во 40-та минута?
Тука може комотно да се набројат и други ситуации, кога бил нарушен законот за слободно движење особено во Кратово. Не ни бил дозволуван влез во градот, па сме доаѓале до стадион и не ни бил дозволуван влез на стадион, се тоа без никаква законска поткрепа.

Да го премолчиме и тоа.
Си се фатил за делот во кој велиш дека групата не сакала да излезе од стадион. Ако не сакала да излезе како од 400 души, само 50-тина се останати сеуште на трибината?
Тука фали сликата од влезната врата за да видиш дека не повеќе од еден или двајца може да излезат во исто време. Заграден си од сите страни, вратата е тесна, нормално е да оди поспоро излегувањето.
Тие што се останати на трибина не се останати затоа што даваат отпор, туку затоа што практично тоа е водството на групата. Си има одредена хеирархија, водството мора да остане последно на трибина токму ради вакви случаеви. Се чуваат знамињата дури не се извадат од ограда, па безбедно да се транспортираат до автобусите за да не дојде до некој педерски напад од спортивна навивачка група, се е тоа дел од навивачкиот свет.
Како се наближува крајот на мечот кој патем минува во ФЕР И КОРЕКТНА АТМОСФЕРА ги фаќа паника џандарите и почнуваат да маваат по се што е останато на трибина.
Од навивачите јасно се гледа дека 99% креваат раце и смируваат објаснувајќи дека трибината се напушта и дека треба само да се почека за да не биде гз преку глава на влезот.
Никаква причина нема за таква џандарска реакција.
Да тргнеме од тоа, а не од бомбата може?
Нивната реакција го предизвикува тоа што се случува понатаму, да не дошло до ваква непотребна реакција, сега немаше ни да постои темава.
Ве гледам глумите џекови тука (и ти и останати) дека што ќе кажеле џандарите требало да се спроведува. Ако те сопре и ти рече да му го испушиш курот, ќе му го испушиш ли?
Треба да го извршиш она што е ЗАКОНСКИ наредено, а не она што ќе им прдне... Во овој случај дури имаш и извршување на НЕЗАКОНСКИ наредби (излегување пред крајот на мечот, иако таков закон не постои) и одново се превземени разно-разни несоодветни мерки.

Понатаму, бомбата е евидентно дека Турчин ја зема од земја, што автоматски значи дека му испаднала на некој од џандарите, што е МАКСИМАЛНО НЕПРОФЕСИОНАЛНО.
МВР НЕ ЈА ПРИЗНА ГРЕШКАТА!
Напротив, преку влади и портали уште веднаш напишаа дека бомбата е украдена од појасот на џандарот и е направена фалц снимка во која Турчин демек краде бомба од некој џандар. Зар може некој покрај толку полиција и пендреци од сите страни, да дојде до одреден џандар и да му ја земе шок бомбата од појасот? Тука ќе додадам дека тие со шок бомбите воглавно седат позади, а јасно се гледа дека Турчин не стигнува до тој дел од полицијата.

Само до овој дел имаш НИЗА ЏАНДАРСКИ ГРЕШКИ кои водат кон наредните случувања.
Дали ќе бидат казнети? Господ знае...
Досега во пракса сме виделе дека не се казнувани, напротив тужби им биле наметнувани на навивачите, а со оглед на тоа какви беа првичните излегувања на МВР и ФФМ, мислам дека е јасно дека нема да има казни за пропустите на МВР...

Доаѓаме до моментот кога бомбата е на земја.
Не сте се нашле во ваква хаотична ситуација, да се најдете ќе правиме муабет дали трезвено ќе размислувате ако видите шок бомба под вашите нозе. Повеќе ме тера да мислам дека и лична карта ако ви побараат дур љокате во маало, ќе се задткате и нема да знаете во кој џеб да барате, а камоли да реагирате трезвено во ваква ситуација.
Турчинот да сакал да направи нешто посериозно ќе им ја лупнеше на џандарите уште во моментот кога ја фати. Паниката беше пресудна тука, но не од негова страна туку од оние околу него. Кога го завлекоа повеќе од остатокот од навивачите, претпоставувам тогаш е несреќно активирана шок бомбата.

Сомнително е што никаде нема снимка од моментот на експлозијата. МВР снима се, чим не е објавено, логиката вика дека не им оди во прилог :)

Ќе ти реплицирам за уште нешто.
Од каде ти е инфото дека навивачите носеле камења со себе?
Како прво ниеден камен не е употребен во оваа ситуација. На врата за јајца те фаќаат, не можеш упаљач да внесеш, а камоли камен.
Сепак ако сакаш да најдеш камен можеш едноставно да си скршиш од трибината, бидејќи ЦЕЛАТА СЕ РАСПАЃА.

Кога веќе не знаеш, еве како размислува некој кој ги знае условите на стадионот:
http://ekipa.mk/komentar-domorodtsi/
Мајките, сестрите, шурите…Редовен репертоар во најавата на ова наше скромно дерби на скапан стадион, Пелистер – Вардар. Отсега, БОМБИТЕ го презедоа приматот. На едната страна битолчани на главната трибина, затворени како во кафез. Од далеку се гледа, нема игла кај да фрлиш, ама нема ни каде вода да се напиеш, сок да си купиш, а не дај боже по нужда да треба да одиш…Цркна тука, нема мрдање. Р’ѓосана ограда, демек врата, ама и катанец на неа. Да не излезат, да се тепаат со другите.

А на другата страна, скопјани. Млади, силни момци, трпат тие и ќотек, ама и малтретирање. Дојдоа по неколку години во Битола. Ги донесоа како домородци, на полувреме, ги фрлија внатре, на трибинче што е полураспаднато. Со р’ѓосана ограда, ама и со шилци, како во зандани. А до нив, полиција наоружана до заби, дури и со шок – бомби на ремените. Небаре овие домородците, дојдени се да ја палат цела Битола. И затоа мора да си заминат, пред да заврши мечот. Па, тогаш, зошто ги донеле, за на парада ли?!

Имше фудбал. Ништо забележително, ниту најмал инцидент на трибините. Мајките, сестрите, шурите, беа споменувани, ама на тоа сме си веќе научени. Некогаш, кога фудбалот и не е така интересен, како вчера, дури и интересно може да биде. Ќе одвалат едните нешто, па другите ќе им возвратат…

Но, потоа заиграа бомбите. ШОК. Сите се фаќаат за глава. Едно момче покажува дека раката му е скината, останал без дланка. За кој црн фудбал наш скапан, и за кое ривалство на клубови што немаат ни стадиони каде да играат?! И трагедија кога ќе се случи, едвај една врата р’ѓосана се отвора, а и една Брза помош надвор чека. Ама важно полицајците се подготвени како да е Бејрут. Подготвени врат да ти скинат, без рака, без нога, без глава да те остават.

И сега, главно прашање, кој е виновен?! Кој ја извади БОМБАТА?! А, бре, човекот без рака остана. На фудбал дојде, за да навива. За да се радува. Па, дури и да дошол да се тепа, и Битола да ја пали, има начин како тоа да се смири. А не со бомби на стадион.

И после утре ќе се прашуваме…Зошто публика нема на стадиониве?! Прво, катастрофа се, треба сите да се срушат, и да се направат нови, достојни за луѓе, а не за домородци. Со влез и излез, со ве-це, со столчиња за секој да седне, без огради како да си во затвор. Ќе нема тогаш амбиент ниту за вооружени до заби полицајци, ниту за разгневени навивачи. Тогаш ќе може нормално да се следи фудбал.

И ние сме биле виновни некој пат, разликата е што во државава НИЕ СМЕ ВИВНОВНИ СЕКОЈПАТ, иако во 90% од случаевите не било така :)

http://www.youtube.com/watch?v=VweDW8n1zdg
Ќе го земам и ова видео за пример.
Од 10-та минута можеш да видиш како се врши празнење на трибина во Македонија. Надвор пред влез те чекаат други џандари кои ти делат пендреци, од друга страна те буткаат за да излезеш. Кај и да одиш си го јадел :)
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.328
Поени од реакции
6.850
Најди го законот...
П.С Трибина не е затворен простор
А што е? Затворен простор не е само сала и соба. И стадионот е затворен простор поготово како оној во Битола. Трибината е како кафез и има само една мала врата од која може да се излезе и таа е затворена. За законот претходно имаше напишано.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Немам, зошто би имал...затоа ти како и другите толку поискусниии тука, ете кажете ми. Затоа реков сценарио и моја претпоставка. Не реков дека е тврдење.
Извини за ароганцијата
Кога ќе го извадиш осигурачот, макар и на дел од секунда ако ја испуштиш бомбата - таа ќе се активира. На самата бомба има едно ламаринче (потсеќа на лаажица за облекување чевли) таа ја држиш притисната со рака (со стегање на бомбата) вадиш осигурач, и се додека ја стегаш бомбата - таа е безбедна, дури можеш и да го вратиш осигурачот назат и да ја отпуштиш, НО, ако ја испуштиш (со изваден осигурач) таа “лажица“ ќе летне сместа и бомбата е активна и ќе експлодира (во зависност од тип на бомба) од 1 до неколку секунди [DOUBLEPOST=1407253696][/DOUBLEPOST]
А што е? Затворен простор не е само сала и соба. И стадионот е затворен простор поготово како оној во Битола. Трибината е како кафез и има само една мала врата од која може да се излезе и таа е затворена. За законот претходно имаше напишано.
Шок бомба се користи и во затворен простор, и тоа често, под затворен простор мислам на соби, станови и куќи, во СФРЈ ја користеа против нас словенечки специјалци кога ги заробуваа офицерите на ЈНА во нивните станови. Таа создава зашеметеност од звук и блесок, и во тие неколку секунди влегуваат специјалци и онеспособуваат тие што се внатре. Не е наменета да нанесува физички повреди ни внатре а ни надвор, додуше внатре во затворена простоија, може да оштети слух.... Трибината на стадион (спрема мене) не е затворена простоија во смисла дека ограничува или зголемува дејство на шок бомба
 
Последно уредено:

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.525
Поени од реакции
20.649
Извини за ароганцијата
Кога ќе го извадиш осигурачот, макар и на дел од секунда ако ја испуштиш бомбата - таа ќе се активира. На самата бомба има едно ламаринче (потсеќа на лаажица за облекување чевли) таа ја држиш притисната со рака (со стегање на бомбата) вадиш осигурач, и се додека ја стегаш бомбата - таа е безбедна, дури можеш и да го вратиш осигурачот назат и да ја отпуштиш, НО, ако ја испуштиш (со изваден осигурач) таа “лажица“ ќе летне сместа и бомбата е активна и ќе експлодира (во зависност од тип на бомба) од 1 до неколку секунди [DOUBLEPOST=1407253696][/DOUBLEPOST]
Шок бомба се користи и во затворен простор, и тоа често, под затворен простор мислам на соби, станови и куќи, во СФРЈ ја користеа против нас словенечки специјалци кога ги заробуваа офицерите на ЈНА во нивните станови. Таа создава зашеметеност од звук и блесок, и во тие неколку секунди влегуваат специјалци и онеспособуваат тие што се внатре. Не е наменета да нанесува физички повреди ни внатре а ни надвор, додуше внатре во затворена простоија, може да оштети слух.... Трибината на стадион (спрема мене) не е затворена простоија во смисла дека ограничува или зголемува дејство на шок бомба
а добро полнењето е завиткано во нешто ? зашто луѓето кој биле најблиску до бомбата имаат шрапнели по цело тело ? зашто имаат повреди по нозете? од што се тие повреди ?
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Повеќе од јасно е дека целава галама за настанов ќе заврши во ќорсокак. Нит раката на тој Турчин ќе биде иста, ниту некој ќе преземи одговорност.

Најбитно е од ова да се извлече поука. И полицијата, и навивачите.

Го гледам видеото и се наежив... Па едно 5-10 секунди таа шок бомбата е мафтет буквално до сопствените фаци. Ам недај боже.. не раката, туку 5 души без очи ќе останеа. Е тек тогаш, посери му се и на Вардар и на МВР.

Бруки. Тотален непрофесионализам од една, и тотално безумие од друга страна.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
а добро полнењето е завиткано во нешто ? зашто луѓето кој биле најблисдку до бомбата имаат шрапнели по цело тело ? зашто имаат повреди по нозете? од што се тие повреди ?
секоја експлозија созава ударен бран, и педарда и шок бомба, зато и експлодира од то што доаѓа до ширење (многу брзо и многу волуменски) на гасови. Тоа значи дека иако бомбата нема специјално наменети делови за нанесување повреди (шрапнели) секој предмет во непосредна близина на бомбата (камче, стакленце, тапа од шише...) ќе биде лансирано наоколу и ќе може да нанесе повреди. Не станува збор за некоја голема енергија но во таа гужва во збиена гомила на растојание од пола метро некое камче или стакленце одувано од експлозијата - ќе те расечи.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.419
Поени од реакции
109.176
Не ти е дозволено во таа ситуација.
Дозволено е. Пишав и вчера, пендрак, шок бомби, солзавец и пар други ствари се дозволени. Зошто си правите филмови дека не се дозволени?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Еве,во Германија полицијата на трибина влегува без шок бомби на трибина кога има нереди.Значи на самата трибина.Опремени се со пендраци,можеби штитови и најчесто пипер спрејови.Но тоа се луѓе со факултет,кои имаат завршено обука за такви проблеми и кои знаат како и кога да реагираат.
Јас имам слушнато дека само на магистри им даваат пендреци а на доктори на науки - шок бомби.
А за да носиш пиштол како полицаец во Германија, мора да имаш нобелова награда за мир.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: k3b

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.525
Поени од реакции
20.649
секоја експлозија созава ударен бран, и педарда и шок бомба, зато и експлодира од то што доаѓа до ширење (многу брзо и многу волуменски) на гасови. Тоа значи дека иако бомбата нема специјално наменети делови за нанесување повреди (шрапнели) секој предмет во непосредна близина на бомбата (камче, стакленце, тапа од шише...) ќе биде лансирано наоколу и ќе може да нанесе повреди. Не станува збор за некоја голема енергија но во таа гужва во збиена гомила на растојание од пола метро некое камче или стакленце одувано од експлозијата - ќе те расечи.
а полнењето е завиткано во хартија ? тие делови што ги напомена во форма на лажица се од хартија ? дали работи на принцип како димна бомба која само испушта чад или истата експлодира ? Како што разбрав јас тие шрапнели се метални ( алуминиумски ) не се ни камче ни стакло туку се од телото на шок бомбата и се нанесени заради близината во која истата се активирала !!!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom