Ок, да речеме дека е така. Дали може осигурувач, некој кој е неискусен со такви направи, да извлече со една рака? И не мора да значи дека Турчин го извадил осигурувачот. Виде како на него нагрнаа и полицајци и други навивачи. Во било кој момент во таа мешаница може да испаднал.Уште едно сценарио: На цајканот му испаѓа и при тоа испаѓа осигирувачот, Турчин ја држи цврсто во раката (што нели, не дозволува детонација). Значи од моментот на вадење на осигурувачот (веројатно од ударот во бетонот) до фаќањето во рака нема повеќе од секунда и неколку десетинки. Тој се обидува да ја држи цврсто, околу него не сфаќаат зошто и нагрнуваат на него сите.
Некој поназад пиша дека Турчин имал искуство од 2001. Ако е точно, веројатно знае за каква направа станува збор и сакал да го направи тоа што го напишав.
Значи јас не тврдам дека така, туку е МОЖНО сценарио.