И покрај се,кој ја зел бомбата,од каде ја зел,од кого ја зел,кој ја активирал,зошто ја активирал бла,бла...милион прашања.. ова не требаше да се случи...
Зошто?
Ако веќе носеа одлука да ги остранат навивачите на Вардар 15 минути пред крај требаше со време да ги спроведат..
И така речиси 3/4 од групата беше излезена...
20 минути се тегнеа со останатиот дел,мала бројка од 100 ина луѓе...зошто?Непотреба тензија,многу брзо можеа да ги извадат надвор,чекаа,чекаа до 90та и потоа стигнува
КОМАНДА ОД УЌУМАТОТ НА 5 ДО 12 МАВАЈТЕ БРАЌА ПО КАУРИТЕ....
Тесна е врата на "гостинската трибина"не се празни лесно,ама се спроведуваше без некоја преголема тензија...
Ама во крвта на џандарот е правилото
зошто да е едноставно кога може сложено..
Кој бил на гостување разбира....
Мора да ти се дерат,мора да те акни со пендрак,мора да те третира ко стока,небаре одиш да го тепаш...
Нема разбирање,нема компримис(со некои ретки исклучоци)...
И покрај цела таа тензија која ја прават ќе се најди некој со
МУДА и кај навивачите и ќе врати(соодветно)но недоволно(шо ќе направиш против пластика,штит,пендрак)?и тоа чекаат и ќе го користат како изговор....
Е сега за Битола...зошто секогаш џандарите прво ги вадат гостинските навивачи?
Со оглед дека пристапниот пат до стадионот е тој еден,единствен секогаш ја користат таа практика да ги вадат прво гостинските навивачи...
Зошто се плашат дека ако ги остават до крај и ги пуштат прво домашните навивачи ќе се групираат во паркот,а тоа е голема површина која реално не можат да ја покријат и ако дојди до некои нереди можат да го попречат спроведувањето на кордонот...(не дека и ова не се решава ако постават кордон пред патот до автобуската и железничката)....
Тоа ти е кога нема услови стадионот да прими гостинска група,барем не некоја поголема,да беше помала група по една клоца и одма ќе излезеа...
Вака со некоја поголема бројка(не дека е голема за европски рамки но за наши е голема)и се изгубија тотално..
Истото го направија во Скопје,пред 2 години,ги оставија двете групи до крај на утакмица,а притоа нас не носеа пешки 5 километри низ Скопје,премалку џандари,малку ум,а премногу навивачи,и каша попара се напрај после,па после се изгубија тотално и бомби фрлаа и кучиња пуштаа и транспортери донесоа...
....
Едноставно за ваква организација на мечеви од висок ризик треба
УМ И СТРАТЕГИЈА не треба само штитови,униформа...
Како можат на запад да поминат во ред утакмици со по 15000 навивачи од двете страни..
Зошто полицијата има некој тренинг за вакви работи..
Овде пропуст направија шо наместо желки како и секогаш пуштија ПЕП-овци,а да е парадоксот поголем,на претходните мечеви во Битола,кога се знаеше дека нема да идат Комити имаше цели бригади желки,сега на одмор беа?
На утакмица со време прогласена за меч со висок ризик пуштаат аматери од џандари...
Голем пропуст,голем...
Пак колку толку желките какви и да се се пообучени од овие...
Читам Вардар се жали на организацијата на Пелистер....
Единствено оправдано е ако се жалат на мизерните услови на стадион,немаше излез од кај да излезат повредените Комити,рѓосани врати,искривени шипки,мизерија
една амбулантна кола,непристапен пат за итни случаи,а во вакви случаи секоја секунда е драгоцена....
Ама ова е веќе поширока тема,а вина сноси и ФФМ шо прво забрани настап на Пелистер во Битола,па потоа скандалозно ја отповика одлуката...со ова идиректно е виновна и владата(преку своите потрчковци Општина Битола)зошто тие се надлежни за одржување и реновирање на стадионот,а со прст немаат мрднато децении наназад за подобрување на условите за игра во Битола...
Напрајте услови за да можат како луѓе да дојдат родители со своите деца,симпатизери,да дојдат гостински навивачи,да има атмосфера,да се игра на стадион со нормални услови,со повеќе излези за секоја трибина,да можат да се испразнат трибините брзо при вакви глупости....
И кој сега го дупи на здрав мозок?
Сега само хулиганите,навивачите се криви.а тоа шо нема услови го заболе Миле....
Море забранете фудбал да се игра,додека има време,додека не загинал некој,да ти ебам и фудбал и се,се стремиме да одиме во Европа а живееме и вложуваме како во Африка....
На народот му треба стадиони,сали за спортски натревари,за концерти,...на кој му е до споменици,гондоли на Вардар,палми,песоци за плажа,антички градби..
Да ти ебам и држава и се...
Наместо да го развиваат кулутурно(овај затупен народ,со извинување до исклучоците)тие сакаат да не вратат на ниво на Северна Кореја...