Па тоа зборам јас цело време. Каде им е сигурноста на МВР дека навивачите на трибина ќе бидат бубалчиња а кога ќе излезат (на поголем простор) нема да направат проблеми?
Услоно кажано, проблеми.
Или тогаш ќе треба да трчаат до база да зимаат опрема, па да бидат за потсмев и да следат коментари „абе, колку сте глупи, ни опрема не знаете да земете, не знаете што ви треба“.
значи другар навистина паламудиш.Извини вака.
На толку мала трибина нема теоретска шанса да се фрли шок бомба или топовски удар.Само солзавец.Камоли да земеш со себе некое такво опасно орудие кое носи опасност по сите на толку мал простор.
Таквите луѓе,на пример во Германија како најорганизирана на стадионите,се надвор од трибина и посматраат што се случува.Ако увидат дека не можат да излезат на крај со навивачите кои им покажуваат значителен отпор,фрлаат СОЛЗАВЕЦ,а не шок бомба.Се размислува на се.Солзавецот на пример полицајците не може да ги повредат бидејќи имаат гас маски,навивачите барем поголемиот дел немаат шалови преку лице и тука настанува нивната акција каде што ги протеруваат од трибина.
Кој земал,зошто земал шок бомба за толку мало место треба да одговара.
Неговото место не било на трибина,туку надвор од трибина или пред стадион спремен да одговори на наредбите од претпоставениот ако ситуацијата евентуално ескалира.
Сега не ме цитирајте дека навивачот ја земал.Ок е тоа,може тука да има милион претпоставки.Кривицата е во неорганизираноста на МВР,а ова не е ни прв ни последен пат,но овој пат е со страшни последици со предвид да бидат поголеми во иднина на некоја друга утакмица.
Мене на пример и на сите останати навивачи МВР треба да ни гарантира безбедност,а не да бидат наоружани до заби ЗА НА ТРИБИНА,мал простор каде што ситуацијата може да се реши со неколку пендраци и буткање со штитовите.Не сме ние Полска бе или Србија па да се носат шок бомби на трибина.Ниту една полиција не носи шок бомби на трибина.Надвор од неа каде што просторот е поголем и неограничен,може,не викам не.Затоа како пример ги дадов протестите во Ѓорче и на Бит Пазар.Тогаш се употребуваа шок бомби на велико,посебно во Ѓорче
За такво нешто да носиш треба да имаш завршено факултет,треба да си психички стабилна личност и да не подлегнуваш на притисок.И да,не одат тие во први редови,туку позади остатокот од џандарите и реагираат на наредба кога треба да се исфрли шок бомба.