Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам како е за вонредните...
Но предавањата не се задолжителни, па и како редовен студент да се водиш може да "забушаваш" :D ...мада не би ти препорачал, биди си редовен :)
Задолжителни се само лабораториските вежби. Со неколку отсуства губиш право на потпис, а со тоа не можеш ни да полагаш. (за вонредните можеби има други правила)

Стипендии... лани мислам дека немаше, не знам оваа година...
Влегов како 7ми, но не добивам никаква стипендија. Првиот од мојот смер имаше над 99 поени, но и тој си плаќа партиципација.
ахааааа,епа добро а нешто објавиле дека на 14ти као е пријавувањето а на 25ти таму не знам точно запишување.Дали тоа значи дека на 14ти поднесувам само документи,а на 25ти треба да уплатам партиципација и други трошоци и да не знаеш дали треба лично да бидам присутна и на двата датуми?
 
Тоа значи

Инаку не знам баш точно како одат тие работи но да не имате инфо за некакви стипендии на ФИНКИ од типот тие што имаат над 95 бодови или првите 10 на список?
Стипендија можеш да добиеш ако имаш награда на државен натпревар по програмирање, физика и математика или ако си меѓу 10 најдобро рангирани студенти според бодови од матура на УКИМ. Во моја генерација 3 студенти добија стипендија по поени од матура ама ти требаат 99.9... поени.

А за распоред на часови се случува да има и предавање од 8 сабајле до 11 па после 6 сата пауза па од 5 до 8. И ке треба да се навикнеш да имаш предавања до 8 сат навечер...
 
Аха фала многу ,а што се однесува до вонредните студенти тие не одат како редовните секој ден на факс така?
Да, вонредните студенти не одат на предавања, полагаат само испити.
Ама ФИНКИ не нуди вонредни студии, барем јас така знам.
 
Некој интерактивни аппс(ИА) решени задачки AJAX да не има да сподели оти нема ништо во слајдовиве или пак знае како да пристапам до атибутите на JSON како исп. задача на пр.

Листата од податоци за
упатствата се превзема од youtube сервис:

http://gdata.youtube.com/feeds/api/playlists/PLAE85DE8440AA6B83?v=2&alt=json

Добиената листа треба да се прикаже во табела каде за секој запис (упатство) ќе
се прикажуваат податоци за: насловот, слика од видеото, број на корисници на кои
им се допаѓа упатството (likes), датум на објавување и оценка (rating). Наведените
податоци се добиваат од следниве атрибути од JSON-објектот: title.$t, link[1].href,
yt$rating.numLikes, gd$rating.average и published.$t. :noze::noze:
 
Бидејќи имам несоодветна матура и имам малку бодови, ме интересира дали ако влезам во државна квота на смерот мрежни технологии и во втора година се префрлам на КНИ ќе останам пак во државна квота :icon_mrgr:?
 
Бидејќи имам несоодветна матура и имам малку бодови, ме интересира дали ако влезам во државна квота на смерот мрежни технологии и во втора година се префрлам на КНИ ќе останам пак во државна квота :icon_mrgr:?
http://finki.ukim.mk/Content/conten...e/pravila za promena na studiska programa.pdf
Види на овој линк :)
 
ФАЛА ти најмногу! По се изгледа така ќе направам и се надевам дека ќе завршам со просек 9 :D
 
Нејасно ми е дали при електронската пријава во графата за успехот (оценките по години) треба да се внесат и оценките од екстерното тестирање ( од изминатите две години)
 
Нејасно ми е дали при електронската пријава во графата за успехот (оценките по години) треба да се внесат и оценките од екстерното тестирање ( од изминатите две години)

Да, затоа што влегуваа во годишен просек оцените од ектерното минативе години.
 
Знае некој дали работат Студентски прашања и како оди постапката за да си ги земам свидетелствата и да ги ставам студиите во мирување?
 
Знае некој дали работат Студентски прашања и како оди постапката за да си ги земам свидетелствата и да ги ставам студиите во мирување?
Студентски работат секој работен ден од 9 до 12.
 
Оние што изработувате проекти за пари, колку наплаќате? Конкретно за Тимска работа ме интересира.
 
Само да дополнам за стипендиите. Кај нас од втора генерација првите десет што се запишаа (според севкупни бодови) добија стипендија од УКИМ ( не ги плаќаат тие 100 евра по семестар).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom