Како бе каде имаш напишано. Па нели според тебе ние имаме историја после 1945, пред тоа бевме бугари, дека сме вештачки народ создаден од комунистите и Тито и бла бла бла да не должам. Ако сум грешка ете тука поправиме. Дали ти ете тука го признаваш Македонскиот народ како посебен народ различен од бугарскиот, дека неговиот јазик е посебен а не бугарски дијалект. Дали нашата историја како посебен народ не започнува после 1945 година туку и претходно сме се разликувале од сите останати балкански народи.
Исто тука ти е и одговорот на твоето прашање за самоопределувањето. Ако тоа важи за мене значи важи и за тебе. Ако ти сметаш дека ние сме нација создадена 1945 година и после тоа можеме да се самоопределуваме како што сакаме, ама пред нашите предци биле бугари, тогаш и ти според мене си побугарчен Македонец, твоите предци исто така се Македонци кои подпаднале под непријателска пропаганда ( во случајот бугарската) а ти си само производ на таа пропаганда инаку корените ти се Македонски.