Охрид ги губи туристите од кои преживува

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.676
Поени од реакции
14.559
Првата слика ми стои дека е од Љубаништа каде што на 20 метра од плажата има камп-приколки, така да не гледам ништо чудно со филџан кафе на самата плажа
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
А па што се расправате знаете ли кој е најголемиот фактор за лош туризам?? Па според еуростат секој трет македонец е сиромав живее со испод 2 долари дневно а тие што остана нешто од средната класа имаат да си дозволат на море и тоа е тоа и во Србија исто голема криза фати затоа ги нема и Србите. Па и во скопје испропаѓаа еден куп кафичи и дискотеки и допрва ќе се затвараат уште повеќе. И горе наведените причини на сите ви се донекаде точни меѓутоа правата причина ја заборавате - НАРОДОТ Е СИРОМАВ 70% неможеле месо да си дозволат два пати неделно на трпезата на одмор нема ни да помислат тоа е пријателчиња.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.161
Поени од реакции
8.906
вероватно, но шо одлучи на вонредната седница советот на Охрид по повод катастрофално лошата туристичка сезона? Дали има некое решение за спас на Охрид? Некоја алтернатива на туризмот? Некоја нова дејност на градот?
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=111911852497&id=9&setIzdanie=22435

Најверојатно ланските идеи ќе стапат на сцена, пошо туристичката такса "малку" им била
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=111911852497&id=9&setIzdanie=22435

Најверојатно ланските идеи ќе стапат на сцена, пошо туристичката такса "малку" им била
Ќе поставиме рампа во Подмолје, една рампа во Косел и трета рампа во Пештани и секој што влегува во Охрид, а не живее тука, да плаќа туристичка такса. Има многу викендаши што доаѓаат во Охрид на еден ден, а не трошат ништо

Овие се во паника !
ми личат како чоек во пожар кој трча наоколу вришти и не знае шо да направи!
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.179
Поени од реакции
18.253
Не паничете на вест за типот шо не е веќе година и пол градоначалник, фала богу.
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Чекајте малце шо вие сега филмот и муабетот шо сакате да кажете дека Охрид имал скапи цени.

Абе ако не ви се оди Охрид одете на Пелистер на планина не мора да биде Охрид.

Ако Кафето било 100 денари побарајте некаде поефтино сигурно има избор не само Охрид и Струга е супер или да речеме Дојран исто е океј со цени.

Охрид па Охрид
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Не паничете на вест за типот шо не е веќе година и пол градоначалник, фала богу.
Идеите се битни, а то со рампите и не е нешто ново, уште од порано имаше на многу места рампи и се наплаќаше влез и паркирање, така да дали рампа пред хотел или улица или рампа пред градот е само варијанта на истата идеја[DOUBLEPOST=1406581152][/DOUBLEPOST]
Чекајте малце шо вие сега филмот и муабетот шо сакате да кажете дека Охрид имал скапи цени.

Абе ако не ви се оди Охрид одете на Пелистер на планина не мора да биде Охрид.

Ако Кафето било 100 денари побарајте некаде поефтино сигурно има избор не само Охрид и Струга е супер или да речеме Дојран исто е океј со цени.

Охрид па Охрид
А бе не пукнаа овие Охриѓани, не мојш да отвориш весник или погледнеш вести да не видиш некој Охриѓанец со уплакано детенце во раце како пишти за катастрофална сезона, дошол крај, тоа биле знаци на апокалипса, ПРЕДАДЕНИ СМЕ БРАЌА И СЕСТРИ!!.... Цела Македонија и регионот сега треба да му се мисли оти на охриѓани не му успеа туристичка сезона, уше фали да стават 24 часа вести кој секој сат ќе не известуваат од мобилни студија дали се појавил некој нов турист во Охрид и колку промет напраил некој шанк на плажа, и постојано хелихоптер со камера ќе надлетува плажите...
Па во ирак војната помина со помалце публицитет. Некни клецкам комшивката и ко слушнав од ТВ за пропаста на охридската сезона, станав незавршен и се извинив и заминав дома депримиран.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
http://brif.mk/?p=159869
Охрид и се е можно: Молдавски играорки ќе се помочале, кафеанџиите кај Света Софија не ги пуштиле во тоалет

Порталот Либертас објави писмо на една читателка која е вџашена од односот на кафеанџиите во Охрид. Ви го пренесуваме во целост.

Се чувствувам посрамена како Македонка, вели скопјанка која долги години живее во Лондон, а деновиве е на одмор во Охрид. Настанот на кој таа прексиноќа била сведок, иако бизарен, ја вџашил, оти, како што вели за Либертас, со него се покажала нашата нељубезност и некоректен однос кон гостите.

Случката била кај црквата Света Софија. Таа и сопругот биле на концерт и им пришла група од десетина девојки во народни носии. Им кажале дека се од Молдавија и дека пред малку им завршил едниот настап и по паузата ги чека втор. Девојките замолиле да им помогнат каде да најдат тоалет, оти од Струга, каде што биле сместени заминале на настап во 17 часот и веќе имаат потреба од тоалет.

„Се сетив дека кај Горна порта има јавни тоалети и отидовме со нив. Но, таму, црна темница, тоалетите затворени, немаше никој. Мислев ќе нема проблем и ги однесов во кафеаната кај Света Софија. Љубезно му објаснив на газдата, но на мое изненадување добив крајно некоректен и нељубезен одговор – која е мојата корист од тоа што ќе ги пуштам во тоалет, освен што ќе ми потрошат вода и тоалетна хартија. Му понудив да платам, бетер, ми се развика, девојчињата гледаа, ми беше срам како да им кажам за нељубезноста. Пробавме во соседната, одговорот беше ист – не се наши гости. Врткајќи се од една во друга кафеана се појави и организаторот кој ги донел, и тој молеше, нудеше пари, но попусто, кафеанџиите беа крајно нељубезни. На крај едно од девојчињата, веројатно имаше најголема потреба, ме праша, може ли барем само мене да ме пуштат? Ваквиот однос мене како Македонка ме порази, се чувствував понижено од нељубезноста на мојот народ и си мислев – што овие деца ќе кажуваат за Охрид и за нашата нељубезност. Сакаме туристи, охриѓани се жалат дека гости од година во година има се помалку, а не ни помислуваат што тие како домаќини треба да сторат на тие што дошле да им остават впечаток кој би им донел идните години гости“, раскажува нашата соговорничка.

Како што вели таа, сакала да го сподели со јавноста, и иако можеби е минорна работа, вели таа, многу зборува за нас и нашата нељубезност и неподготвеност во светот да се шири приказната за Охрид како туристичка дестинација која вреди да се посети.

 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
http://brif.mk/?p=159869
Охрид и се е можно: Молдавски играорки ќе се помочале, кафеанџиите кај Света Софија не ги пуштиле во тоалет
Молдавија немаат клозети?
Морале баш охрид да се мочаат, а бе ај се е ова смислена пропаганда против Охрид.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.018
Поени од реакции
12.687
Цените Охрид се горе-долу исти и во лето и во зима. Ако 10 денари плус/минус ви прават разлика, сфаќаме колку е сатот. Јас кога се преселив во Скопје цените по кафичите не ми беа толку голем шок за разлика од колегите кои беа од други градови. Така да муабетот дека со парите кои ќе ги дадете за кафе во Кадмо во јуни ( нес 90/100? ) се еднакви на 4 нес во декември ви паѓааат во вода. Нервира фактот што жителите на Скопје се најгласни во несогласувањето со цените ( пинг @Комита Ултрас , џин тоник во Миднајт е 180 денари, плус влез ) .
Охрид има места за сечиј џеб. Ако сте се одлучиле да се движите по шемските кафичи и ресторани, бидете си спремни да си платите и да не кукате после цела година дека било скапо. За услугата немам коментар, во сите кафичи никогаш не сум чекала повеќе од 7-8 минути за услуга ( освен Аквариус, таму имам чекано и 15 мин ), никогаш келнер не ми висел над глава и не ме терал да нарачувам пијачки, и никогаш никој не ми се испонашал. Не поради тоа што сум од Охрид, туку ако сум седнала да јадам/пијам во ресторан, не коментирам за се и сешто и не го третирам келнерот како да ми е роб. Кога се понашате убаво никој нема да ви се испонаша. А не уште неседнати чекате маани да најдете.
И мала дигресија околу Струга и струшкиот туризам. Никаде, ама буквално никаде не се издаваат фискални сметки. Ако вас ова ви е океј, шта речи...
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.676
Поени од реакции
14.559
Не може на човек кој го прошетал цел свет Охрид да му е рај, а некој кој најдалечна дестинација која ја посетил во животот му е Св.Наум секоја година да наоѓа замерки. Тука е Дојран, тука е Преспа. Оставете го Охрид да има гости какви што заслужува.
:pos:
Шта речи... До кога бе со тие Тука ви е Струга, тука ви е Дојран, тука е Преспа. До кога? Кои се тие гости што Охрид ги заслужува? Пензионерите ли од Холандија/Бенелукс и таквите?
И на тебе ќе ти кажам како и на една друга тема - доколку продужите со оваа ароганција Ак не ви чинит не идајте - нема да ве биде.[DOUBLEPOST=1406597986][/DOUBLEPOST]
Нарачуваат салати, главно јадење и десерт. 50% нарачуваат вино. Ретко кога цехот им е под 1500 денари, тоа се 25 евра минимум од маса.
WOW WOW WOW, правеле сметка по 1500!!!

Дојди во Штип да те прошетам и ќе седнеме со винце, со салати, главно јадење и десерт да видиш колку ќе биде сметката за 4-ца.
П.С Бовин ЕЛИТНО вино :eek: У Штип ми текнува 2 винарии што имаат подобро вино од Бовин (било која сорта)[DOUBLEPOST=1406598292][/DOUBLEPOST]
Влагам во ново отворена продавница за здрава исхрана и купувам интегрални колачи за 50 денари. Човекот ме услужи како да сум му оставила 1000 денари промет. Наредните денови, месеци, здравје и години ќе купувам од таму во многу поголем износ
Се слагам со ова, тука во Штип има една продавница, тој човекот абе мислиш му купуваш производи за 100 евра, а јас сум влегол да купам Орбит за 30. И тоа без разлика имало гужва или немало. Повеќе пати ми се има случено да оставам цела 50-ка. Не сум spoiled kid и не изигравам Џек, ама кога некој има толку позитивна енергија макар за Орбит... заслужува. Нормално, тоа место го преферирам за купување.
 
Последно уредено:
A

Avenger99

Гостин
:pos:
Шта речи... До кога бе со тие Тука ви е Струга, тука ви е Дојран, тука е Преспа. До кога? Кои се тие гости што Охрид ги заслужува? Пензионерите ли од Холандија/Бенелукс и таквите?
И на тебе ќе ти кажам како и на една друга тема - доколку продужите со оваа ароганција Ак не ви чинит не идајте - нема да ве биде.[DOUBLEPOST=1406597986][/DOUBLEPOST]

WOW WOW WOW, правеле сметка по 1500!!!

Дојди во Штип да те прошетам и ќе седнеме со винце, со салати, главно јадење и десерт да видиш колку ќе биде сметката за 4-ца.
П.С Бовин ЕЛИТНО вино :eek: У Штип ми текнува 2 винарии што имаат подобро вино од Бовин (било која сорта)[DOUBLEPOST=1406598292][/DOUBLEPOST]

Се слагам со ова, тука во Штип има една продавница, тој човекот абе мислиш му купуваш производи за 100 евра, а јас сум влегол да купам Орбит за 30. И тоа без разлика имало гужва или немало. Повеќе пати ми се има случено да оставам цела 50-ка. Не сум spoiled kid и не изигравам Џек, ама кога некој има толку позитивна енергија макар за Орбит... заслужува. Нормално, тоа место го преферирам за купување.
Дојди јас ќе те шетам во Гевгелија ќе те шетам ќе се туриме од јаденње и помалце ќе платиме од Штип, ти текнува? И која е таја винарија што прави подобри вина од Бовин? Имако да не е? Абе оди..
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.676
Поени од реакции
14.559
Дојди јас ќе те шетам во Гевгелија ќе те шетам ќе се туриме од јаденње и помалце ќе платиме од Штип, ти текнува?
:facepalm:
Не е за помалце бе друже, ИСТО ќе платиме. Муабетот ми е - девојката вика и оставале холанѓаните по 1500 секоја вечер и она е ептен задоволна. Па 1500 за 4-ца се праат како од шала и во Штип и во Гевгелија и во Кочани... Ништо посебно не трошат холанѓаните ако ги праат тие сметки, а она е презадоволна.
 
A

Avenger99

Гостин
:facepalm:
Не е за помалце бе друже, ИСТО ќе платиме. Муабетот ми е - девојката вика и оставале холанѓаните по 1500 секоја вечер и она е ептен задоволна. Па 1500 за 4-ца се праат како од шала и во Штип и во Гевгелија и во Кочани... Ништо посебно не трошат холанѓаните ако ги праат тие сметки, а она е презадоволна.
Праат високи сметки, да знаеш дека праат. Споменав мислам погоре дека иам другарка која е туристички водич и има организирани групи од Холандија, Полска итн итн и она вика дека вино е обавезно нешто што пробуваат како и традиционална македонска кујна. Јас бев сведок, бев во Македонска куќа во Охрид покрај плажа Славија и седев баш до таа група од Полска и сите пиеа вино, постари луге, може и не беа пензионери.Сите си имаа нарачано нешто за јадење кој македонка мала,голема, тава, гравче итн итн. Како шлаг беше играорно друштво од Охрид им направија презентација на македонски фолклор заедно со жива музика. И презадоволни беа.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.676
Поени од реакции
14.559
Никој не вика дека не прават, ама 1500 е НИШТО за 4-ца. Ама ете... Емкаа е презадоволна од тој износ од богатите холанѓани[DOUBLEPOST=1406599775][/DOUBLEPOST]
немој да ме зезаш бре една вода од 50 денари, ја напумпале на 100 денари,
Нема везе тоа, на Тиесто во Несебар пред 2 години пола литро вода ја наплаќаа по 2 евра (у продавница беше 0.40). И у Скопје на журките набиваат цени јако, така е отсекогаш - така и ќе биде[DOUBLEPOST=1406600070][/DOUBLEPOST]
НАРОДОТ Е СИРОМАВ 70% неможеле месо да си дозволат два пати неделно на трпезата на одмор нема ни да помислат тоа е пријателчиња.
Да да, затоа скоро цел Штип е празен и преселен у Грција, Бугарија, Албанија, Хрватска... Од немање пари аха[DOUBLEPOST=1406600405][/DOUBLEPOST]
ѓОхрид има места за сечиј џеб. Ако сте се одлучиле да се движите по шемските кафичи и ресторани, бидете си спремни да си платите и да е кукате после цела година дека било скапо.
Втор кикс ти е за истото прашање - Ак не ви чинит не идајте.
А што ако ти кажам дека ШЕМСКИТЕ кафичи у Бугарија (Несебар, Сончев Брег) и Грција (Халкидики прв крак) се препуни со македонци? Немој само да кажеш дека Сончев Брег не е добро место за излегување и дека нема шемски кафичи како у Охрид. Има измислено ноќен живот за Охрид...[DOUBLEPOST=1406600585][/DOUBLEPOST]
и не го третирам келнерот како да ми е роб. Кога се понашате убаво никој нема да ви се испонаша. А не уште неседнати чекате маани да најдете.
На тебе ти се познава дефинитивно дека не си била надвор на одмор 5 години, како што си пиша и самата. Излези малку и прошетај надвор од државава на туристички места. Ќе научиш и за тебе како се понашаат (пошто си пиша дека си келнерка).
Турција, Бугарија, Грција... те пикираат уште додека шеташ пред кафичот, буквално те теглат да влезеш и те мамат со разни промоции "само за тебе". За ова посебни мајстори се турците. Таква слаткоречивост нема ни во книги. Еве еден дечко кој што мислам дека е запознат со ова што го зборам (посебно за турците) @macgowan . E oва го НЕМА во Охрид. Но има Ред бул за 250
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom