Како тоа странските туристи не ги знаат цените? Менито и ценовникот е ист, безразлика дали гостинот е наш или странец. Разликата е што нашиот турист сака да јаде и пие во најелитните кафичи, да се чекира на фб и после да кука на форум дека било скапо и Охриѓани не чинеле.
Кога бев помала и кога со родителите ќе одевме на одмор во Грција, си знаевме колку ни е буџетот и што можеме да си дозволиме. Ќе поминевме покрај рестораните и пицериите, ќе ги видевме цените и ќе си седневме на гиро. Пошо тоа можевме да си го дозволиме. И никогаш не сме рекле дека Грција е скапо. Исто и Охрид, имате кафичи и ресторани за секој џеб. Ако ти е скапо во рестораните во центар, бујрум имаш ресторани во стара чаршија, имаш лесковачка, имаш сендвичари, гиро...Ама не, мора да седнете во Куба на кафе, на ручек во Далга и после е скапо. Епа скапо е.
Не можам да ти опишам каква мирна атмосфера е во рестораните за време на вечера кога вечераат странски туристи ( од 19-22 часот ) и каква е после 22 часот, кога се спремни нашите госпожи да излезат на вечера ( цезар салата и бело вино ). Па цел ресторан ечи, девојко та девојко. Имав случај пред неколку години, на две маси една до друга седнати пар од Холандија, со најелитно вино на маса и предјадење и јадење, и до нив седнува 5 члено семејство од Скопје, ми нарачува 2 пици и ваѓа дволитарска Кока Кола од ранец и ми вика дај чаши. Јас се запрепастив.
Денес еве, најтазе случка, во најголемата гужва, 9 и пол часот, се чекаат редици за маса, седнуваат 4 члено семејство на најголемата маса во ресторанот и нарачуваат јадење во вкупна вредност од 220 денари. И ете, тоа е културата на нашите туристи.
И настрана тие муабети Охрид да го немаше езерото ќе беше ништо. И Кочани да имаше езеро сите ќе одевме таму ама нема.
Тро појќе претеруваш.
Јас живеев и работев во Охрид од 1988 до 1995 година.
Охрид е сиротињско место за одмор за странски туристи. Најмногу идат организирани со автобуси и авиони, постари годишта преку туристички организации. Од таму му е платено се од смештај до прошетките и излетите, и нема да потроши повеќе од 100 евра за тие 10 дена настрана од платеното. Сосема вообичаено е да првиот ден во хотел си порача шише вино, и секој ден од него си пие по една чаша уз ручек со негово име запишано на шишето, кое келнер секој ден му го носи и враќа. Во охрид не идат богати холанѓени ни богати германци ни богати руси. Иди работничка класа, студенти и пензионери. Ниска средна класа која тука наоѓа ефтин одмор. То што си видела “најелитно вино“ да пијат и јадат предјадења и јадења и тоа ти се врежа длабоко во сеќавањето е знак дека такви случаеви се мнооогу ретки. “најелитна риба“ да не јадеа. и најелитен леб? Тоа треба да е сосема нормална појава во еден ресторан а ти го опишуваш небаре крлаицата Елизабета ви закажа крштевка на внуче во ресторанот со придружба на камерен оркестар на виенската симфонија. Имате ли во ресторанот вински келнер? Посебен келнер кој ќе дегустира вино и ќе му препорачува на секој гостин уз неговото јадење некое вино? Освен смедеревка и тга за југ, уз предјело може ли кај вас да се порача вермут од торино, или мадера боал, дали ако порачам на пример Лоренско вино, ќе ми го донесете младо, предходно доведено на 14 степени? знаеш ли воопшто да послужиш едно “најелитно вино“, дали имате плетени кошнички за постари црни вина? дали имате посебни чаши за “најелитни“ вина ете пример во каква чаша служите бело алзашко вино, или чаша за бел бордо..... Може ли чоек да бира кај вас “најелитни вина“ (VDQS) имате ли “најелитни“ медок од Сант Џулиен, или Поуил луше од Макон, имате ли природен шампањ, можете ли на “најелитните“ гости да му понудите тивко созреан а не шампањизиран ле меснил? дали на винската листа ви се сортирани “најелитните“ вина по потекло па можам да видам и одберам уз риба некое орвието од Умбрија или евентуално ако немате - кортес од Пиемонт, или вина од Сардинија (олиена, малвасиа ди калиари, гиро..) па на следна страна швајцарски вина, па рајнски па португалски...
Дали освен црна пипер, вегета, ловор и босилок, можете да ми го зачините јадењето со кориандер, шафран, матичњак...
Основата на кујнта во еден ресторан се сосевите, не ми се верува дека имате во понуда повеќе од 4-5 соса и толку ако има, па сигурно би ме гледала подзината кога би ти порачал Сос бордуел е ла моел, или Зингара сос или диабле, московски сос, лионски, чаркутер, сос од порто вино, аурора сос, чиври сос, млетачки сос, соубис, , фојот.... јас би редел и редел а ти би одмавнувала со глава зачудена...
Твоите елитни странски гости кои пиеа “најелитни“ вина сигурно не мезеа уз предјело јајца од препелица со срцевина од палми или салата од опашки од ракови на индиски начин, ни касолети на јапонски начин, ни за супа можеа да добијат колберт супа, или супа со 4 филеа, или лонгчампс котаж.... јајца сигурно спремате не на повеќе од 4-5 начини, така да мајербер јајце на око или јајце на око на савојски начин нема ништо да му значи на твојот готвач во ресторанот со “најелитни“ вина, али сигурен сум дека имате пастрмка и освен пржена дали би можел да порачам пастрмки на гренболшки начин или на хусарски или собадеми или на маконски начин, млинарски пастрмки вокулшски, пастрмка во павлака.... или ете крап ако ви е поедноставно саски крап (со павлака и темно пиво) ... ил неемате такво нешто...
Можам мдо утре да дикутирам со тебе за квалитетна кујна и што се немате за да бидете цел на елитни гости кои ја ценат гастрономијата.
И на крај, “најелитно“ вино не се цени по тоа колку му го наплаќате на гостите, на некој можеш и обична темјаника да му ја наплатиш 50 евра но тоа нема да ја направи темјаниката “најелитно“ вино. Најелитно вино е кога келнерот ќе ми донесе на прописен начин од прописен склад (дали фрижидер ддали визба дали остоено на собна температура) порачаното вино кое има свое име, презиме, потекло, година, историја, точна боја, арома, буке, слаткост, сувост... во за него предвидена чаша, ми даде голтка да го пробам и ако сум задоволен ќе го купам, ако не ќе го врати и ми донесе друго.
(Можам да замислам шо би му се случило на некој гостин ако ви врати “најелитно“ вино ако сте му послужиле на погрешна температура, или ако при несоодветно чување го променило својот карактер. Што би му рекла на гост - наш обичен македонски , ако вино од 3000 денари ти го врати со забелешка и ти рече да му отвориш друго ?
“ЌЕ ГО ПИЕШ И ОРО ЌЕ ИГРАШ ДА НЕ ГО ВИКАМ СЕГА ГАЗДАТА ОТИ Е МНОГУ НЕЗГОДЕН КО ЌЕ СЕ ИЗНЕРВИРА“